Прејди на содржината

Песни (1944)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Песни
Насловна страница на оригиналното прво издание
АвториАцо Шопов
ЗемјаЈугославија
ЖанрПоезија
Издадена
прво издание: 1944 година во Белград
Страници30

Песни — една од првите стихозбирки од македонскиот автор Ацо Шопов, напишана во текот на Втората светска војна и во 1944 била првпат објавена во Белград. Книгата е позната бидејќи е првата македонска книга пишана во новиот кодифиран македонски јазик.

Структура

[уреди | уреди извор]

Оваа книгичка брои само триесет страници на кои се распослани вкупно девет песни. Тоа се песни изникнати во времето на партизанствувањето на Ацо Шопов кој од есента 1943 активно се борел, прво во Шарскиот одред, а потоа во редовите на Третата македонска ударна бригада.

При крајот на септември или на почетокот на октомври 1944 година, Околискиот НОМСМ Куманово ги умножува песните на шапирограф, во печатницата „Георгиевски“, и испраќа примероци до македонската редакција на „Млад Борец“ којашто се наоѓа во Горно Врановци, близу до Велес, „во една просторија, како мудбак, во дворот на муслиманска куќа“[1]

Во таа 1943 година Ацо Шопов е дваесетгодишно момче кое претходната година ја има загубено мајка си по нејзиното долгогодишно боледување, а веќе следната година останува и без татко, кој според неговите сопствени исповеди никогаш и немал голема улога во неговото детство и момчештво, книгата беше објавена покрај крајот на втората светска војна.[2]

Под не може поскромниот наслов Песни, се наоѓаше драгоцен материјал што му отвораше нови хоризонти на поетскиот и литературен израз, пишуван со кирилица, на македонски јазик”, вели мексиканската поетеса Аурора Марија Сааведра, четириесеттина години по објавувањето на збирката, во предговорот на изборот Lector de cenizas (Гледач во пепелта), објавена на шпански јазик во Мексико.[3] „Тоа се песни што поетот партизан ги напишал среде ужасите на војната, меѓу реките крв што течеле при битките на антифашистичките сили. Обоен со горчливи спомени и тага по изгубените, лирскиот патос на младиот борец ќе ја обележи оваа прва фаза од творештвото на поетот, исто како и следните, суптилно врзан за најдлабокото во него.”[3]

Второ издание на стихозбирката „Песни“ во 1946, во второто издание голем дел од овие одлики биле изменети.

Во стихозбирката „Песни“ авторот ги вклопува народнојазичните одлики со кои македонскиот најмногу се разликува од соседните словенски јазици како пример губење на х во различни позиции: глу’нат, усми’нати маам < *мавам, јаајќи < *јавајќи, крикнуам, срушуам, сонуе. бележење на ф од х во финална позиција: праф, страф, губење на консонанти во интервокална позиција на в: ветрои, ножој, врагој, дивој, зидој, чување на вокалното л: длбоки, жлчки; форсирање типични македонски морфолошки решенија: мажја, долови, кучиња, татковци[4]

на заменски форми: виа, тиа; форсирање глаголска придавка; народнојазични зборообразувачки средства: грмеж; лексички решенија различни од соседните јазици: зимо, утрина, огин, карактеристични македонски синтагми: челик-гради, арслани-борци

Но, во „Песни“ (1944) се среќаваат и примери со премин на х во в во интервокална позиција: глуви; се јавува глаголска форма со формантот -ува-: распрашуваш, нешто што отпосле ќе стане норма.

Шопов ја остварува Мисирковата литературнојазична заложба на дело. И не е неговиот јазичен израз ист со јазикот на народната песна, ниту пак со тогаш особено негуваниот јазик на печатот, со публистичкиот стил, т.е со јазичните средства на револуционерните памфлети, ниту со актуелно разговорниот.[4]

Од друга страна, оваа негова прва книга ја одразува „реалноста на стварноста“: поврзувањето на македонскиот народ со српскиот во „партизанската револуција“ (таа е подарок од антифашистичката младина на Србија на македонската младина), но и со бугарскиот како одраз на политиката на заемна соработка меѓу новите влади на Југославија и Бугарија.[4]

Издавање

[уреди | уреди извор]

Откако испадна книгата за првпат во 1944 година, имаше многу издавање на книгата со различни додатоци, прв пат беше издадена во 1944 во Белград, после во 1946 година со помож на Блаже Конески беше издадена за втор пат во Скопје.[3]

Во 1963 беше издадена за трет пат од издавачката куќа „Кочо Рацин“ во оваа издание имаше нови одлики што не биле присутни во претходните две изданија, со додаток на нови песни што не биле присутни во оригиналното како пример „Вела тага на изворот“, „Далечина“, „Лов на езерото“ и многу други[5]

Четврото издание беше во 1967 година од издавачките куќи Македонска книга и Детска радост, во оваа исто содржи нови песни што не биле присутни во оригиналното издание, како пример „Од кај таква жестина во твојот глас“, „Како говорот глувонемите“ и многу други Петто издание беше одржан во Белград наместо во Скопје, каде што книгата беше преведена во Српскиот јазик, под насловот „Песми“. Последното издание беше во 1988 од Раде Сиљан со помош на издавачката куќа Здружени издавачи.

Четврто издание на книгата „Песни“ во 1967 од издавачките куќи Македонска книга и Детска радост

Во оригиналната стихозбирката содржи 9 песни, и тие песни се:

  • Борбa
  • Карпош
  • Борба на Дренак
  • Предсмртно писмо на еден партзан
  • Пробиштип
  • Сон
  • Кратово
  • Одредот Гоце Делчев издаден
  • Љубов
  1. Конески, Блаже (1983). Современост бр. 4. Млад Борец. стр. 68.
  2. Републичка заедница на културата (2009). Современост литература, уметност, општествени прашања. Кн-во "Кочо Рацин". стр. 62.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ацо Шопов: Песни, Млад борец, Белград, 1944, и Сигмапрес, Скопје, 2014“. Ацо Шопов-Поезија.
  4. 4,0 4,1 4,2 INSTITUTE OF MACEDONIAN LANGUAGE "KRSTE MISIRKOV" (2020). МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – КОНТИНУИТЕТ ВО ПРОСТОР И ВРЕМЕ (PDF). FACULTY OF PHILOLOGY "BLAŽE KONESKI".
  5. Ацо Шопов: Песни, Скопје, Кочо Рацин, 1963 (Избор)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]