Прејди на содржината

Ѓорги Поп-Атанасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорги Поп-Атанасов
Роден/а10 ноември 1940
Елешница, Царство Бугарија
Занимањеисторичар на книжевност, теолог, археограф, старословенист

Ѓорги Поп-Атанасовмакедонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, старословенист, доктор по филолошки науки и академик во МАНУ.

Роден е во село Елешница, Разлошко, Пиринска Македонија. По стекнувањето богословско образование во Софија во Бугарија, работел во администрацијата на Неврокопската епархија во Горна Џумаја, каде бил под постојани притисоци поради неговата македонска етничка припадност. Ваквите причини го натерале во 1972 година да се пресели во Република Македонија[1], каде се вработил во административните служби на Македонската православна црква во времето на Архиепископот Доситеј. Магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје[1]. За редовен член на МАНУ е избран на 4 јуни 2012 година.

Книгата „Македонската глаголица“ (2015) од акад. Ѓорги Поп-Атанасов со детален приказ и објаснувања на сите глаголски букви и ракописи напишани и најдени во Македонија (кликнете за да ја отворите во целост)

Работел како редовен професор на Православниот богословски факултет во Скопје, каде предава староеврејски јазик а ги предавал и другите предмети од Стариот завет. Во својата истражувачка работа најголемо внимание им посветува на темите од областа на средновековното македонско книжевно наследство, поради што неговите бројни трудови се однесуваат на старата македонска книжевност[1]. Позначајни негови објавени дела се:

  1. 1,0 1,1 1,2 Стојческа - Антиќ, Вера (2009). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1181. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).