Прејди на содржината

Македонската глаголица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонската глаголица
Книгата "Македонската глаголица" (кликнете на сликата за да ја отворите и читате во целост)
АвторЃорѓи Поп-Атанасов
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанрсредновековна писменост и книженост на глаголица
ИздавачМАНУ
Издадена
2015
Страници91 (103 - со предговор)


Македонската глаголица — книга и научен труд-монографија посветена на македонската глаголица и глаголските ракописи од X до XII век. Напишана е од македонскиот академик - историчар на книжевност, археограф и теолог Ѓорѓи Поп-Атанасов како плод на долгогодишните истражувања на бројни глаголски ракописи и текстови од Македонија. Објавена е во издание на МАНУ во 2015 година. Книгата е поделена во два дела: описи и податоци за секоја буква-графема од глаголицта како и претставување на сите ракописни текстови на глаголица напишани и/или пронајдени на тлото во Македонија. Предговорот на книгата во вид на научен труд и опис на истражувањето е напишан од акад.Катица Ќулавкова.