Елешница (Разлошко)
Елешница | |
---|---|
Координати: 41°52′N 23°31′E / 41.867° СГШ; 23.517° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Мехомија |
Површина | |
• Вкупна | 66,156 км2 (25,543 ми2) |
Надм. вис. | 761 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,424 |
• Густина | 22/км2 (56/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2782 |
Повик. бр. | 074207 |
Елешница — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Елешница се наоѓа во јужното подножје на северозападниот родопски масив Белаки и по двата брега на долното течение на реката Златарица, притока на Места. Оддалечено е 16 километри источно од Мехомија, 17 километри источно од Банско и 24 километри јужно од Јакоруда. Селото се наоѓа на надморска височина од 701 метар.
Историја
[уреди | уреди извор]Покрај селото се открииени археолошки остатоци од населба која постоела уште во раниот неолит.
Покрај селото е откриена сребрена реликвија од VI век, а во ранохристијански натпис од месноста „Небуш“ се споменува локална црква, посветена на апостол Андреј Парвозани.[2]
Црквата „Свети Атанасиј“ е изградена во 1832 година.
Во 1889 година Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис, Македонија“, Елешница е село со 260 македонски[3] куќи.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.650 жители, сите Македонци[3][5].
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Елешница е голема населба со намалување на бројот на население. Според пописот од 2011 година, во Елешница живееле 1.424 жители.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]
националност | број | % |
Бугари | 1.356 | 95,2 |
Роми | 12 | 0,84 |
Турци | / | 0 |
други | 8 | 0,56 |
не се самоопределиле | 3 | 0,21 |
не одговориле | 45 | 3,16 |
Вкупно | 1.424 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Елешница за периодот 1934-2011:[8]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 2.138 | 2.449 | 2.261 | 2.480 | 2.483 | 2.164 | 1.943 | 1.606 | 1.424 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Ѓорѓи Поп-Атанасов (10 ноември 1940) - македонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, старословенист, доктор по филолошки науки и академик во МАНУ
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
- ↑ Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 173. ISBN 978-954-2972-17-4.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234 – 235.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Разлогъ“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 193.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Справка за населението на с. Елешница, общ. Разлог, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2018-02-04.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|