Бања (Пиринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бања
Бања is located in Бугарија
Бања
Бања
Местоположба во областа
Бања во рамките на Пиринска Македонија
Бања
Координати: 41°52′N 23°31′E / 41.867° СГШ; 23.517° ИГД / 41.867; 23.517Координати: 41°52′N 23°31′E / 41.867° СГШ; 23.517° ИГД / 41.867; 23.517
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаМехомија
Површина
 • Вкупна36,537 км2 (14,107 ми2)
Надм. вис.&10000000000000801000000801 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.857
 • Густина78/км2 (200/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2778
Църквата „Свети Георги“
Црквата „Свети Ѓорѓија“

Бања — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е планинско на надморска височина од 801 метар и е наоѓа во центарот на Разлошката Котлина, помеѓу три планини - Пирин, Рила и Родопи. Оддалечено е на 5 километри од Банско и Разлог, на 25 километри од Јакоруда и на околу 150 километри од Софија и Пловдив.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XVIII век Бања е село на Разлошката нахија. Во 1748 година селото е тимар на Јусуф.[2]

За времен на Македонското востание во 1878 година, жителите од селото Бања земаат најактивно учество.

XIX век Бања е мешано христијанско и муслиманско село во Неврокопската каза на Османлиското Царство.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бања е село со 362 домаќинства, 760 Македонци[3] христијани и 270 Помаци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.510 жители, сите Македонци[3] од кои 960 христијани и 550 муслимани[5].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Бања е голема населба со незначителни промени во бројот на население. Според пописот од 2011 година, во Бања живееле 2.857 жители.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]

националност број %
Бугари 2.459 86.0
Роми 284 9,94
Турци 14 0,49
други 6 0,21
не се самоопределиле 9 0,31
не одговориле 12 0,42
Вкупно 2.857 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Бања за периодот 1965-2011:[8]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 1.580 1.805 1.869 2.150 2.517 2.782 2.829 2.818 2.857

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година во првата недела на месец јули се одржува традиционалниот настан „Празник на моето село“. На тој ден се собираат жителите на селото и сите коишто потекнуваат од Бања, но живеат и работат во различни градови во Бугарија и странство. На настанот земаат учество фолклорни состави од Бугарија и од други земји.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
  2. Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Бежанци на родна земя, во: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 404.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (бугарски, француски, англиски, и руски) (II. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 132–133.
  5. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Разлогъ“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 193.
  6. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  7. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  8. „Справка за населението на с. Баня, общ. Разлог, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-07-06. Посетено на 2018-02-04.