Свети Антониј Велики

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Св. Антониј)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Антониј Велики
Татко на христијанскиот монастицизам,

Коптска икона

Преподобен и богоносен Отец
Роден(а) ca.251, Хераклеополис Магна, Египет
Починал(а) 356, Планина Колзим, Египет
Почитуван(а) во англиканство,
православие,
лутеранство,
древноисточни цркви,
Римокатолицизам
Главно светилиште Манастир Св. Антониј

Виена, Австрија

Слава 17 јануари (западно христијанство и источно христијанство)
30 јануари= Тоби 22 (коптска црква)

Свети Антониј Велики ( 251, Среден Египет - 356) е православен светец.

По смртта на своите благородни и богати родители, тој го поделил наследениот имот со својата малолетна сестра, ја згрижил кај некои свои роднини, својот дел од имотот го раздал на сиромасите, и во својата 20та година се посветил на подвижнички живот, кон којшто тежнеел уште од детството. Најнапред се подвизувал во близината на своето село но да би го избегнал обеспокојувањето од луѓето се оддалечил во пустината, на бреговите на Црвеното Море каде што како затвореник поминал 20 години/

Неговата слава се пронесла низ целиот свет и околу него се собрале многу ученици, кои тој ги поучувал со личен пример и со зборови за патот на спасението. Во својот 85-годишен подвижнички живот само двапати отишол во Александрија и тоа, првиот пат барајќи мачеништво во време на гонењето на црквата, а вториот пат на покана на Свети Атанасиј за да одговара на клеветите од ариевците кои го оптужиле дека e поддржувател на Ариевата ерес.

Иако Антониј не бил писмен, бил советник и наставник на најучените луѓе од тоа време, како што бил св. Атанасиј Велики. Кога некои грчки филозофи го искушувале со литературна мудрост, Антониј ги засрамил со прашањето: “Што e постаро: разумот или книгата и што (од тие двете) e причина за другото?”

Според црковни извори, еден ден во црквата, тој ги слушнал зборовите:

Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижни­чкиот живот.

Свети Антониј целиот негов живот го посветил на исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги поминал сите скалила на духовниот живот и со својот живот станал пример за сите мо­наси до денешен ден.

Свети Антониј Велики починал од природна смрт на возраст од 105 години, во 356 година.

Изреки[уреди | уреди извор]

Тој кој живее самотнички, ослободен е од три борби: говорот, видот и слухот. Кај него единствено останува борбата на срцето.
Провери и испитај, ќе видиш дека валстодршците имаат власт само над твоето тело но не и над твојата душа. Имај го тоа секогаш предвид.
Умни не се тие кои ги научиле изреките и списите на древните мудреци, туку тие кои го разликуваат доброто од злото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: