Велики Преслав
Велики Преслав Велики Преслав | |
---|---|
Држава | Бугарија |
Област | Шумен |
Надм. вис. | 92 м |
Население (2009-12-31)[1][2][3] | |
• Градско | 8,951 |
• Градскo | 14.960 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски број | 9850 |
Повик. бр. | 0538 |
Велики Преслав (бугарски: Велики Преслав) е град во источна Бугарија и претставува административен центар на општина Велики Преслав. До 1993 година се вика Преслав и во историјата е познат како втора престолнина на Бугарија меѓу 893-972 г. Во градот се наоѓа археолошки музеј и тврдина. Особено голем процвет достигнува во времето на ханот Омуртаг како воен лагер со гарнизон.
Денес градот брои околу 9.000 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Царот Симеон Велики ја преместил престолнината од Плиска во Преслав. Во градот настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Се развиле најмногу литературата, архитектурата и уметноста. Биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината била направена по урнек на Цариград. Од Плиска во Преслав била преместена и Преславската книжевна школа.
Личности поврзани со Преслав
[уреди | уреди извор]- цар Симеон I (893-927)
- цар Петар I (927-969)
- цар Борис II (969-971)
- цар Роман (978-991)
- цар Пресијан II 1018
- цар Петар II (1040-1041)
- цар Петар III (1072)
- Наум Охридски
- Константин Преславски
- Црноризец Храбар
- Јован Егзарх
- Презвитер Козма
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (англиски) Bulgarian National Statistical Institute – Bulgarian towns in 2009 Архивирано на 13 ноември 2010 г.
- ↑ (англиски) „WorldCityPopulation“
- ↑ „„pop-stat.mashke.org"“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Музеј Велики Преслав Архивирано на 17 јули 2012 г.
- „Велики Преслав - Златниот главен град“, Велиана Христова Архивирано на 26 мај 2007 г.
|
|