Прејди на содржината

Презвитер Козма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страна од проповедта на свештеникот Козма против еретиците

Презвитер Козма е црковен писател од X век. Ги напишал беседите „Беседа против богомилите“ и „За монасите“.

Прва беседа

[уреди | уреди извор]

Во првата раскажува за учењето на Поп Богомил и за неговите следбеници, така, расправајќи се со нив, тој се обидува да ги критикува нивните ставови и однесувањe и да докаже дека тоа во никој случај не го одобрува Бог.

Ги критикува за непочитувањето на иконите, крстот, реликвиите на светците, од разни причини, за нивниот нападен и непријателски став кон богатите, власта и црквата, како и кон нивните верни слуги, и за тоа што ги учат сиромашните членови на општеството да не се потчинуваат на господарите и слично.

Втора беседа

[уреди | уреди извор]

Во втората тој го критикува тој дел од тогашниот монашки слој во бугарското општество, кој дејствувал и живеел на начини што тој лично ги смета за развратни или недоволно побожни.

Неговата концепција за тоа како треба да живеат монасите, т.е. дека не треба да ги занемаруваат своите монашки завети за пост, постојана молитва и сексуална воздржаност, мора да бидат споделени од официјалните власти во Бугарија, бидејќи Презвитер Козма бил писател на дворот на царот Петар I, како и од целиот народ што живеел во бугарската држава, за што сведочи појавата и брзото ширење на богомилството во средновековната бугарска држава.

За танците

[уреди | уреди извор]

Во ракопис од 10 век се споменува дека обичните луѓе играат и пеат со харфи и сакаат игри и спектакли. Оваа љубов на луѓето кон игри и песни е толку голема што предизвикува укор од свештенството. Презвитер Козма, како бранител на христијанството, му се спротивставува на народот и особено против игрите и песните, прогласувајќи ги за „демонски“.

Никифор Григора – римскиот писател и научник, забележува во својот документ дека македонскиот народ продолжува да шири и сака народни песни и игри, и покрај борбата на црквата. Во 1325-1326 година тој го обиколил македонскиот регион околу Струмица и рекол дека младите мажи и жени откако ја напуштиле црквата се собрале да пеат и да танцуваат.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]