Поп Богомил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поп Богомил македонски свештеник од X век, основоположник на дуалистичкото духовно движење и учење наречено според неговото име, богомилство, а приврзаниците се нарекувале „богомили“. Бидејќи се сметала за кривоверство оваа духовно-филозофска идеологија и општествено движење биле поразени, при што сите извори за него и неговите книжевни дела биле уништени. За неговиот живот и дејност посредно се дознава од зачуваните антибогомилски книжевни споменици: „Беседата против богомилите“ на Козма Презвитер, „Бориловиот синодик“, „Индексите“ на забранетите антиканонски книги и др. Како негови следбеници и протагонисти на богомилството се евидентираат: поп Еремија, Тодор, Добри, Стефан, Василиј, Петар, Сидор Фрајазин и др.