Ангелариј (9 век)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангелариј
Ангелариј - фреска од Сливничкиот манастир во Преспанско.
Роден(а) 9 век,
Слава 9 август [1]
Седмочисленици, 7 учители кои на Словените ја донеле глаголицата и кирилицата. Од лево: Св Наум, Св Климент, Св Сава, Св Методиј, Св Ангелариј, Св Кирил и Св Горазд. Фреската е дел од нартексот во манастирот Св. Наум, Македонија. 1806 година.

Тој е еден од најблиските ученици на словенските првоучители и просветители светите Кирил и Методиј. Припаѓа на групата на таканаречени Седмочисленици, во којашто покрај солунските браќа влегуваат и светите Климент, Наум, Горазд, Ангелариј и Сава. Учествувал во Моравската мисија. По смртта на Методија (885 година) бил прогонуван од латинските свештеници и протеран од Моравија. Дошол на бугарскиот двор во Плиска, каде што набрзо потоа починал.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска Православна Црква - Macedonian Orthodox Church“. www.m-p-c.org. Посетено на 2022-01-27.
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 27. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)