Црква Свети Седмочисленици (Софија)
| Црква Свети Седмочисленици | |
|---|---|
| Религија | |
| Припадност | христијанство, Ислам |
| Година на осветување | 1528 |
| Локација | |
| Локација | Софија, Бугарија |
![]() | |
| Архитектура | |
| Архитект(и) | Синан |
| Тип | џамија подоцна црква |
| Завршена во | 1903 |
| Материјали | гранит |
Свети Седмочисленици е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија. Старото име на објектот бил Кара Дервиш Мехмед-пашина џамија.
Историја
[уреди | уреди извор]Објектот бил изграден во 1528 година како џамија во времето на Сулејман Величествениот, а како архитект се смета дека бил Синан. Главен материјал кој бил употребуван при изградбата на џамијата бил црн гранит, па од овде, оваа џамија е позната и како Црна џамија и оваа градба била под директна контрола на Мехмед-паша Соколовиќ. Кога султанот поминувал низ Софија со војници на пат за Виена, се упатил кај својот везир и при оваа посета забележал дека градот иако е седиште на румелискиот бејлербег, нема доволно ориентален вид бидејќи во него нема ниту една голема и убава џамија.
Во текот на XVIII век дел од џамијата бил разрушен од земјотрес, а по 1878 година претворена во магазин и затвор. Во периодот помеѓу 1901 и 1903 година, џамијата била претворена во црква, каде самото минаре и мадреса биле срушени.
Црквата била осветена на 27 јули 1903 година. Проектот за претворање на зградата е дело на архитектите Јордан Миланов и Петко Момчилов. Иконостасот во црквата е дело на дебарски мајстори од родот на Филипови[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Црква Свети Седмочисленици (Софија)“ на Ризницата ? |
| ||||||||||||||||
