Долно Крушари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Крушари
Έξω Αχλαδοχώρι
Долно Крушари is located in Грција
Долно Крушари
Долно Крушари
Местоположба во областа
Долно Крушари is located in Постол (општина)
Долно Крушари
Местоположба на Долно Крушари во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°43.27′N 22°16.7′E / 40.72117° N; 22.2783° E / 40.72117; 22.2783Координати: 40°43.27′N 22°16.7′E / 40.72117° N; 22.2783° E / 40.72117; 22.2783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Надм. вис.&100000000000000080000008 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Долно Крушари или Долно Крушаре (грчки: Έξω Αχλαδοχώρι, Егзо Ахладохори; до 1926 г. Έξω Κρουσάρ, Егзо Крусар или Κάτω Κρούσαρι, Като Крусари[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото престанало да постои нешто по 1928 г.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Солунското Поле, југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Лежело меѓу селата Долно Власи, Липариново и Прањани.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Долно Крушари било македонско село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Крушари броело 420 жители, сите Македонци христијани.[3][4] Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κροσάρι) има 352 жители под Бугарската егзархија.[5]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 5 куќи на Роми муслимани.[2][6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 38 жители (20 мажи и 18 жени), а во 1920 г. опаднало на само 5 жители, од кои 4 мажи и 1 жена, што значи дека селото веќе се распаднало, а во него останале само наемни работници на велепоседничк имот.[2]. Вo 1924 г. Ромите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Селото било сосема напуштено. Во 1926 г. името на селото е преведено на грчки како Егзо Ахладохорион, т.е. „Надворешно Крушево“.[6] Во меѓувреме тука се доселени неколку влашки семејства кои во 1928 г. броеле 55 лица.[2]

По неколку години селото конечно се распаднало, а дојдените жители веројатно се преселиле во Горно Власи.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έξω Κρουσάρ – Έξω Αχλαδοχώρι
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 68.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  5. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  6. 6,0 6,1 "Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927". lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.