Пргас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пргас
Πυργάρι
Пргас is located in Грција
Пргас
Пргас
Местоположба во областа
Пргас is located in Постол (општина)
Пргас
Местоположба на Пргас во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.0′N 22°20.2′E / 40.7667° N; 22.3367° E / 40.7667; 22.3367Координати: 40°46.0′N 22°20.2′E / 40.7667° N; 22.3367° E / 40.7667; 22.3367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пргас или Бургас (грчки: Πυργάρι, Пиргари; до 1926 г. Πούργας, Пургас[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото се распаднало нешто по 1928 г.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Солунското Поле, западно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Пргас било ромско чифлигарско во Ениџевардарската каза.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пргас броел 140 Роми.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. Пргас е заведен како село со муслиманска вероисповед и ромски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 12 жители (7 мажи и 5 жени), а во 1920 г. имало 14 лица.[2]жени. Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, па селото било напуштено. Во 1926 г. остатоците од селото се преименувани во Пиргари.[4] Во 1928 г. не се води како посебна населба, туку жителите се вбројани во состав на Балџа.[2]

Селото е конечно отселено и отпишано нешто по 1928 г. со почнувањето на мелиоративните работи врз Ениџевардарското Блато.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πούργας -- Πυργάρι
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 77–78.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  4. „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.