К’шлар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
К’шлар
Αχλαδοχώρι
Црквата во К’шлар
Црквата во К’шлар
К’шлар is located in Грција
К’шлар
К’шлар
Местоположба во областа
К’шлар is located in Постол (општина)
К’шлар
Местоположба на К’шлар во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.13′N 22°20.32′E / 40.83550° N; 22.33867° E / 40.83550; 22.33867Координати: 40°50.13′N 22°20.32′E / 40.83550° N; 22.33867° E / 40.83550; 22.33867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно404
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

К’шлар или К’салар (грчки: Αχλαδοχώρι, Ахладохори; до 1926 г. Κιοσαλάρ, Ќосалар или Κισσαλάρ; Кисалар[2], до 1955 г. Μανδαραί, Мандаре[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 404 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е разположено в Солунското поле в подножието на планината Паяк на 13 километра северозападно от град Енидже Вардар (Яница).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век К’шлар е забележано како етнички мешано село во Ениџевардарска каз. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. К’шларъ (К’салар) броел 450 Турци и 60 Македонци.[4][5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 100 турски и 9 македонски куќи.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 511 жители, а во 1920 г. имало 526 лица.[6] Турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а малубројните Македонци се прибрале по околните македонски села.[6] На нивно место властите довеле грчки колонисти од галиполските села Вајро (Баирќој) и Пергаз (Дегирмендузу).[7] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско, со 596 жители од 136 семејства.[8]

Во 1940 г. селото достигнало 655 жители. По еден повраток, бројноста подоцна опаднала.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 655 564 645 491 506 501 417 404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е полупланинско и релативно пасивно. Главни производи се житото, тутунот, сусамот, детелината и др. Делумно е застапено и сточарството.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσαλάρ -- Μανδαραί
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μανδαραί -- Αχλαδοχώριον
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 72.
  7. К’шлар на порталот на поранешната Општина Кир (грчки)
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928