Лозаново (Ениџевардарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лозаново
Παλαίφυτο
Лозаново is located in Грција
Лозаново
Лозаново
Местоположба во областа
Лозаново is located in Постол (општина)
Лозаново
Местоположба на Лозаново во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.58′N 22°16.26′E / 40.77633° N; 22.27100° E / 40.77633; 22.27100Координати: 40°46.58′N 22°16.26′E / 40.77633° N; 22.27100° E / 40.77633; 22.27100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаАлександар Велики
Надм. вис.&1000000000000001800000018 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.388
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Лозаново (грчки: Παλαίφυτο, Палефито; до 1927 г. Λοζάνοβο, Лозаново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.388 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Турци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Солунското Поле, 3 км северно од Кадиново и околу 15 км западно од Ениџе Вардар (Пазар).[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На почетокот на на XX век Лозаново било село во Ениџевардарска. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лозаново броело 120 Македонци и 150 Турци.[4][5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лозаново (Lozanovo) имало 64 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).[6] Српскиот географ Боривое Милоевиќ забележал дека во периодот пред Балканските војни селото имало 4 македонски и 24 муслимански куќи. Ова се должи на фактот што највеќето македонски семејства го напуштиле селото пред војните.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 168 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 202.[3] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци од Кидија кај Бурса, а во 1924 г. и од источнотракиски Грци од селото Петрохори кај Чаталџа.[7] Така, Лозаново станало чисто дојденско село во кео останале само две македонски семејства.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во на Палефито. Според пописот од 1928 г. во селото живееле 816 лица,[3] од кои 759 жители (213 семејства) биле грчки дојденци.[8]

Во 1940 г. Лозаново броело 1.412 жители. Според статистиката на НОФ во 1947 г. во селото останале само 7 Македонци. Во 1951 г. е забележано намалување на 1.227 лица, веројатно поради војните. Во следните десетлетија населението почнало да расте поради поволните услови.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.412 1.227 1.307 1.364 1.406 1.446 1.468 1.388
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи во поле и највеќето земја се наводнува, селото се смета за мошне богато. Најважни производи се овошјето (јаболка, праски, круши), памукот, бостанот, детелината, пченицата и др. Развиено е и краварството.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λοζάνοβον -- Παλαίφυτον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 73.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  7. Лозаново на порталот на поранешната општина Александар Велики (грчки)
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928