Прејди на содржината

Нов Вети Пазар

Координати: 40°48.3′N 22°21.47′E / 40.8050° СГШ; 22.35783° ИГД / 40.8050; 22.35783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов Вети Пазар
Αξός
Нов Вети Пазар is located in Грција
Нов Вети Пазар
Нов Вети Пазар
Местоположба во областа
Нов Вети Пазар во рамките на Постол (општина)
Нов Вети Пазар
Местоположба на Нов Вети Пазар во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.3′N 22°21.47′E / 40.8050° СГШ; 22.35783° ИГД / 40.8050; 22.35783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаПостол
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.197
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нов Вети Пазар (грчки: Αξός, Аксос; до 1956 г. Νέο Παλαιό, Нео Палео[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на надморска висина од 40 м во Солунското Поле. Лежи на 5 км западно од градот Пазар (Ениџе Вардар).[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е основано од грчки доселеници од Понд (Турција) во 1924 г. под името Нео Палео, т.е. Ново Старо Село — гръцкото име на Вети Пазар.[3][4] Во 1928 г. заедно со Вети Пазар имало 894 жители.[3]

Места во заедницата Нов Вети Пазар преименувани со службен указ на 6 август 1969 година
Име Име Ново име Ново име Опис
Папреш[5] Πάπρες Фтери Φτέρη[6] месност на ЈЗ од Нов Вети Пазар и на СЗ од Балџа[5]
Караково[5] Καράκοβας Маврохома Μαυρόχωμα[6] месност на Ј од Нов Вети Пазар[5]
Ескиџе[5] Έσκιτζέ Палио Παληό[6] возвишение на СИ од Нов Вети Пазар (95 м)[5]
Сек Дере[5] Σέκ Ντερέ Ксерорема Ξερόρεμα[6] река на И од Нов Вети Пазар (95 м)[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1117 1372 1459 962 1111 1976 1442 1197
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Земјата е мошне плодна бидејќи селото е рамничарско и почвата добро се наводнува. Се одгледуваат овошје и жито, а развиено е и краварството.[3]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 75. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. Пондохори на страницата на општината Кир, Архивирано од изворникот на 14 јануари 2010, Посетено на 2010-01-27
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1071. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)