Ново В’дришта
Ново В’дришта Νέα Πέλλα | |
---|---|
Координати: 40°49.7′N 22°21.18′E / 40.8283°N 22.35300°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Кир |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.983 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ново В’дришта (грчки: Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.983 жители (2011). Иако е новосоздадена, ова сепак е етнички мешана населба поради доведувањето на македонско население од повисоките села.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Солунското Поле на 7 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
[уреди | уреди извор]Основано е во 1924 г.[3] од Грци преселени од Турција, претежно од источнотракиското село Ќурумџе[4] и нешто од Мала Азија.[3] Во 1928 г. е попишано заедно со В’дришта, со вкупно 1.098 жители, а како одделна населба почнува да се води во 1940 г. кога се заведени 995 лица.[3] Во 1951 г. во Ново В’дришта се попишани 1.119 жители, накачувајќи се на 1.240 во 1961, за во 1971 г. да се смали на 1.116 лица.
Доведување на македонско население
[уреди | уреди извор]Во 1970-тите етничката слика на селото се променила, кога властите решиле речиси насила да ги иселат планинските Корнишор и Радомир, и да го доведат нивното македонско население во Ново В’дришта за негово полесно контролирање и асимилација.[2] Со вселувањето на донесените Македонци во новоизградените домови од државата, населението на селото се зголемило. Така, во 1981 г. населението се накачило на 1.771, во 1991 г. на 2.071,[3] достигнувајќи 2.605 жители во 2001 г., па намалувајќи се на 1.983 жители во 2011 г.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 1.119 | 1.240 | 1.116 | 1.771 | 2.071 | 2.605 | 1.983 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото важи за прилично богато поради високите приноси на овошје, жито, памук и бостан и други култури, а развиено е и краварството.[3] Се одгледуваат и овци и кози, кои жителите дојдени од Корнишор и Радомир ги напасуваат во атарите на нивните стари села.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71–72.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.
- ↑ Ново В’дришта на порталот на поранешната општина Кир (грчки)
|