Кочана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кочана
Περαία
Кочана is located in Грција
Кочана
Кочана
Местоположба во областа
Кочана во рамките на Воден (општина)
Кочана
Местоположба на Кочана во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°44.25′N 21°49.38′E / 40.73750° СГШ; 21.82300° ИГД / 40.73750; 21.82300Координати: 40°44.25′N 21°49.38′E / 40.73750° СГШ; 21.82300° ИГД / 40.73750; 21.82300
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&10000000000000640000000640 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно381
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кочана (грчки: Περαία, Переја, до 1927 г. Κότσανα, Коцана[2]) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 381 жител (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа јужно од гратчето Острово, крај југоисточниот брег на Островското Езеро, на надморска височина од 640 м.[3] Атарот зафаќа површина од 46 км2, од кој поголемиот дел се простира на северозападниот дел од планината Каракамен.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Кочено како македонско[4] село.[5]

На почетокот на XX век Кочана било се ло во Кајларската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Кочане (Коченъ) живееле 1.500 Турци.[6]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Кочана е припоено кон грчката држава, кога имало 1.409 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води селото со 350 турски куќи.[3] Во 1924 г. населението, како турско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Мала Азија[3]. Во 1927 г. селото е преименувано во Переја. Според Симовски, во 1928 г. селото имало 986 жители, но официјалната грчка статистика за таа година дава 588 жители (136 семејства).[7]

Во селото има етнографски музеј.[8]

Население[уреди | уреди извор]

Намалувањето на населението низ децениите се должи на иселувањето на жителите, претежно во Кајлари.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 713 628 582 500 461 399 352 381
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кочана, во кое е единственото населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно занимање на населението е производството на жито, тутун и леќа, а делумно се развиени лозарството и сточарството.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κότσανα - Περαία
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 51.
  4. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 271
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία[мртва врска]