Црква „Св. Троица“ - Воден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Света Троица
Αγίας Τριάδας
Поглед на црквата
40°47′48″N 22°3′35″E / 40.79667° СГШ; 22.05972° ИГД / 40.79667; 22.05972Координати: 40°47′48″N 22°3′35″E / 40.79667° СГШ; 22.05972° ИГД / 40.79667; 22.05972
МестоВоден
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитектонски типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички
Завршена1865
Управа
Архијерејско намесништвоВоденско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Света Троица (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας) — преродбенички женски манастир кај градот Воден, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Се наоѓа во Воденското Поле, во месноста Лагот на 3 км од Воден, близу остатоците од Долниот Град на древниот град Едеса. Изграден е во 1865 г. со средства на граѓаните. Манасирската црква трикорабна базилика со три впечатливи куполи кои го симболизираат Светото Тројство. Комплексот вклучува параклиси на Свети Харалампиј, Свети Григориј Палама, Света Клинтикија и Свети Лука Кримски.[1]

Манастирот е изграден врз урнатините на постара црква, срушена во раните години на османлиското владеење. Во ѕидовите на црквата се вградени антички архитектонски елементи (сполии) и надгробни плочи. Во 1942 г. манастирот ги изгубил своите имоти и оттогаш станал женски.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.
  2. „Το μοναστήρι Αγίας Τριάδας - Χώρος "Λόγγου" Έδεσσας“. Посетено на 25 јуни 2017.