Ристо Кордалов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 15 септември 1913
Воден, Егејска Македонија
Починал 1983
Скопје, Република Македонија


Ристо Кордалов (Воден, 15 септември 1913Скопје, 1983) е истакнат револуционер и воен раководител, доследен борец за македонското дело и слобода во периодот на ослободувањето на земјата до неговата смрт. Тој се бореше против антимакедонските и фашистички мерки што ги спроведуваше фашистичкиот режим против македонскиот народ. За своите заслуги одликуван е со „Орден за храброст“, „Орден за заслуги за народ со сребрени зраци“ и „Орден за братство и единство со сребрен венец“.

Рани години и период на Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Роден во Воден, Егејска Македонија. Неговиот татко, Ташко Кордалов, меѓу првите се вклучил во работничкото и комунистичкото движење, давајќи значаен придонес за развојот на тоа движење во Воден и Воденско.

Уште на рана 17-годишна возраст, младиот Ристо станува работник во воденската текстилна фабрика, од каде во 1932 година станува член на синдикалната подружница на текстилните работници и под знамето на Сеработничкиот сојуз во Воден учествуваше во сите работни штрајкови и други политички манифестации. Во истата таа 1932 година примен е во ОКНЕ - Организација на комунистичката младина на Грција, по што во 1940 година е испратен на грчко-италијанскиот фронт во Албанија каде се до 10 април 1941 се бори против италијанскиот фашизам. На 15 октомври 1941 година по задача на Околискиот комитет на КПГ за Воденско заминува за Битола, каде утредента бил фатен од бугарските фашистички агенти и затворен во затворот „Богословијата“ се до крајот на ноември, каде наоѓа многу други истакнати комунисти меѓу кои и Лазар Колишевски, Ѓоре Дамевски, Кољо Поповски, Трајче Камбурот и други. Во јануари 1942 година беше формирана Македонската антифашистичка организација МАО во која е избран за член на Окружниот комитет за Воденско и бил задолжен по воени прашања. Во оваа Организација активно работел сѐ до нејзиното расформирање во октомври 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]