Прејди на содржината

Павле Кониковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Кониковски
Роден 1870-ти
Кониково, Пазарско, Егејска Македонија
Починал 1902
Чекре, Ениџевардарско, Егејска Македонија
Четата на Апостол Петков, (правиот од најлево), до него е Павле Граматиков

Павел (Павле) Пејков Граматиков, познат како Павле Кониковски, Павле Капетан и Канатлијски[1] (роден во Кониково, Ениџевардарско, Егејска Македонија - 1902, Чекре, Ениџевардарско) — македонски револуционер, ениџевардарски и поројски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Граматиков е роден во 1870-тите во пазарското село Кониково, Егејска Македонија. Останал без образование. Како работник во турски чифлик во селото Кушиново бил обвинет за кражба на пари и бил претепан од Турците и осуден во Ениџе Вардар, но наскоро бил оправдан. Од тој момент неговото враќање во родното село станало опасно и започнал да дејствува сам против Турците. Влегол во ВМОРО и станал терорист на организацијата. Од 1896 година бил на чело на чета во Ениџевардарско. Потоа се присоединил кон четата на Иван Карасулијата и Апостол Петков и учествувал во борби во Пајак на Гандач. По пристапувањето кон четите неговата сопруга постојано бил малтретирана од Турците.

Во 1898 година се населил кај Ениџевардарското Езеро, каде што си изградил рибарска куќа сред трска, како заштита од ненадејни напади. Во 1901 година бил во Софија и Гоце Делчев го назначил за војвода во Поројско. Заминал за Македонија со четата на Михаил Чаков. Дејствувал некое време во Поројско со четата на Станиш Наков, но потоа се вратил во Ениџевардарско со една чета, со намера да биде околиски војвода и така влегол во конфликт со Апостол Петков. Извршил ликвидации на арнаути, падари и стекнал слава меѓу населението како заштитник. Граматиков и Апостол Петков биле смирени од Аргир Манасиев [2].

Павле Граматиков умрел при несреќен случај или од треска во Киркаловските Колиби (Чекревски Колиби) во Ениџевардарското Езеро во ноември 1902 година, меѓутоа останале сомневањате дека бил отруен од страна на Апостол Петков. Според Христо Бинчаров по неговата смрт, за да се избегне одмазда, по наредба на Апостол Петков, бил убиен синот на Граматиков - Трајо. Братот на Павле, Дивиниш, кој бил четник на ВМОРО, откако не успеал да го убие Апостол, убил друг четник и преминал на грчка страна.[3] Синот на Павле, Димитар Граматиков се населил во Ениџе Вардар и дејствувал како агент на грчката вооружена пропаганда во Македонија [4]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 69
  2. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 371.
  3. Георгиев, Георги Н. Епос за един изгубен свят (Архивни материали за борбите, езика и бита на българите в Ениджевардарско), Македонски преглед, г. ХХХІІІ, 2010, бр. 4, с. 124, 136 (Спомени на Хр. Бинчаров).
  4. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 122-124.