Амелија Ерхарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амелија Ерхарт
Портрет на Амелија Ерхарт, ц. 1932
Роден(а) јули 24, 1897(1897-07-24)
Ачисон, Канзас, САД
Националност Американка
Познат(а) по Многу рани авијациски рекорди, и првата жена да лета сама низ Атлантскиот Океан
Потпис
Страница
ameliaearhart.com

Амелија Мери Ерхарт (24 јули 1897 - исчезна 2 јули 1937) била американски пионер во авијацијата и авторка.[1] Ерхарт беше првата пилотка да лета сама низ Атлантскиот Океан.[2] Таа поставила многу рекорди, напишала книги за нејзините искуства како пилот и беше инструментална во формирањето на The Ninety-Nines, организација за жени пилоти.[3] Таа била член на Националната Партија на Жените и ран поддржувач на Амандманот за Еднакви Права.[4][5]

Ерхарт се залагаше за женските пилоти и кога во 1934 Бендикс Трофеј трката била забранета за жени, таа отворено одби актерка Мери Пикфорд да ја однесе со авион во Кливленд на трката.[6]

Идеите на Ерхарт за бракот биле либерални за тоа време, таа верувала во еднакви обврски и за двата партнери и демонстративно го задржала сопственото име, наместо да постане г-ѓа Путнам.[7]

Кога се обидела да направи кружен лет околу светот во 1937 година, Ерхарт исчезна над центарот на Тихиот Океан во близина на Хауланд Ајленд. Фасцинацијата со нејзиниот живот, кариера и исчезнување продолжува до овој ден.[8]

Ерхарт беше широко позната меѓународна славна личност за време на нејзиниот живот. Нејзината харизматичност, независност, упорност, контрола под притисок, храброст и кариера, заедно со околностите на нејзиното исчезнување на релативно рана возраст и обезбедиле трајна слава во популарната култура. Стотици написи и голем број на книги се напишани за нејзиниот живот кој често се наведува како мотивациона приказна, особено за девојчињата. Ерхарт генерално се смета за феминистичка икона.[9]

Достигнувањата на Ерхарт во воздухопловството инспирирале генерација на женски пилоти, вклучувајќи повеќе од 1.000 жени пилоти во WASP, кои служеле како транспортни пилоти за време на Втората светска војна.[10][11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Morey 1995, p. 11.
  2. Pearce 1988, p. 95.
  3. Lovell 1989, p. 152.
  4. "Timeline: Equal Rights Amendment, Phase One: 1921–1972." feminism101.com. Retrieved: June 4, 2012.
  5. Francis, Roberta W. "The History Behind the Equal Rights Amendment." equalrightsamendment.org. Retrieved: June 4, 2012.
  6. Oakes 1985, p. 31.
  7. Pearce 1988, p. 82.
  8. "The Mystery of Amelia Earhart". Social Studies School Service. Retrieved: June 3, 2012.
  9. Hamill 1976, p. 49.
  10. Regis 2008, pp. 102–105.
  11. Haynsworth and Toomey 1998