Џулијан Брим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џулијан Брим
Julian Bream
Џулијан Брим во 1964 г.
Биографски податоци
Роден(а)15 јули 1933 (1933-07-15) (85 г.)
Англија Лондон, Англија
Жанровикласична музика
Инструментикласична гитара, лејта, барокна гитара
ИздавачиRCA, EMI, BMG

Џулијан Брим (англиски: Julian Bream; р. 15 јули 1933) — англиски гитарист и лејтист, еден од најистакнатите класични гитаристи на XX век.[1] Заслужен е и за возобнова на лејтата во класичниот репертоар и историските ансамбли.

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Брим е роден во Лондон и пораснал во музикална средина. Татко му свирел џез-гитара. Како дете бил на изведба на Џанго Рајнхарт и тоа му оставило силен впечаток.

Љубовта кон гитарата започнала во детството, свирејќи на мало гитарче заеедно со танцовите нумери што оделе на радио. Првите часови по гитара ги добил од Борис Перо, претседателот на Филхармониското гитарско друштво. Татко му станал библиотекар на друштвото, па со тоа Брим добил пристап до голем фонд на ретки партитури за гитара.

На единаесеттиот роденден, Брим добил гитара од татко си и неговата дарба веќе била очигледна. Следната година освоил награда во категорија на малолетни изведувачи, со што добил можност да учи на Кралскиот музички колеџ. Првиот рецитал го дал во Челтнам во 1947 г., на возраст од 13 години.

Во 1952 г. го напуштил колеџот и заминал да служи воен рок. Првично го ставиле на должност во Исплатниот корпус, но по шест месеци успеал да се префрли во Оркестарот на Кралската артилерија со седиште во Вулич. Поради релативната близина, Брим навечер тајно одел во Лондон и свирел.

По три и пол години во војска, почнал со професионални ангажмани, давајќи музичка позадина на радиодрами и филмови. Ова продолжило како главна активност во 1950-тите и почетокот на 1960-тите. Во овој период посветил неколку години на турнеи по светот.

Прв пат настапил на лејтата на рецитал во Вигмор Хол во 1952 г. и оттогаш почнал да се залага за нејзино враќање на репертоарите.

Во 1960 г. го основал историскиот ансамбл „Состав на Џулијан Брим“ (Julian Bream Consort), на чие чело застанал како лејтист и со тоа направил многу за популаризацијата на музиката од елизабетанскиот период.

Првите турнеи во Европа ги одржал во 1954 и 1955 г., по што уследиле подолги турнеи во Северна Америка (почнувајќи од 1958 г.), на Далечниот Исток, во Индија, Австралија, Океанија и други делови од светот. Почнал да дава мајсторски часови во САД и Канада и ја водел летната школа во Вилтшир, Англија.

Снимки[уреди | уреди извор]

Брим има направено многу снимки за куќите RCA и EMI Classics со кои освоил повеќе награди, меѓу кои четири награди „Греми“ за најдобра изведба на камерна музика и две за најдобра изведба на класична музика.[2] RCA во 1993 гч исто така го издале комплетот The Ultimate Guitar Collection во чест на неговиот 60-ти роденден.

Од почетокот на 1990-тите продолжил да снима за EMI Classics, вклучувајќи дела на Јохан Себастијан Бах, концертен албум (со Симфонискиот оркестар на Бирмингем и Сајмон Ретл), современи дела и гитарски сонати.

Подоцнежна кариера[уреди | уреди извор]

Во BBC направиле мошне успешен биографски филм насловен како „Живот на село“ (A Life in the Country) за животот и работата на Брим. Телевизиската кариера пролжила со серија од четири гитарски мајсторски часови, исто така на BBC. Во 1984 г. направил осум филма во Шпанија за „Канал 4“, осврнувајќи се на историјата на гитарската музика во таа земја.

Во 1991 г., радиото и телевизијата на BBC ја емитувале неговата изведба на променадниот концерт на Метју Арнолд. Учествувал во рецитали и концертни изведби на музиката на јапонскиот композитор Тору Такемицу на Јапонскиот фестивал во Лондон заедно со Лондонскиот симфониски оркестар.

Во сезоната 1992-93 трипати изведвуал во салата Вигмор Хол, а еден од нив бил во чест на неговиот 60-ти реоденден. Во овој период направил турнеи во источните земји, посетувајќи ги Хонгконг, Тајван, Кореја и Јапонија, и ја премиерно го извел аранжманот за гитара и оркестар на делото Иберија од Исак Албениз на Променадни концерти (The Proms) во адаптација на Лео Брауер. Во 1994 г. одржил мошне успешни настапи и во Турција и Израел, а следната година снимил музика за холивудскиот филм „Дон Хуан де Марко“.

Во 1997 г. одржал рецитал по повод 50 години од првиот настап во стариот градски дом во Челтнам. Неколку недели потоа, BBC направиле посебно издание на емисијата „Ова е Вашиот живот“ (This Is Your Life), снимено по спомен-концертот во салата „Кралица Елизабета“ во Лондон.

Во годините што следеле продолжил да настапува. Одржал гала-изведба во Филхармониската сала во Ливерпул, добротворен концерт во салата „Сент Џон“ во Лондон, рецитали со истакнатиот ансамбл „Академија на Св. Мартин“ во Олдборо и на фестивалот во Норфолк и Нориџ во 2000 г.

Во ноември 2001 г. одржал рецитал во Вигмор Хол, одбележувајќи 50-годишнината од првиот настап на тоа место.

Во 2003 г. излегол филмски профил на ДВД насловен како „Џулијан Брим: Мојот живот во музиката“ (Julian Bream: My Life in Music) со три часа интервјуа и изведби. Ова видеоиздание е прогласено за „најдобриот придонес за класичната гитара“ и „ДВД на годината“ на списанието Gramophone. Снимил и серија насловена како „Гитара“ (Guitarra!), чија тема се повторно неговите патувања по Шпанија.

Стил и влијанија[уреди | уреди извор]

Рециталите на Брим опфаќаат мошне широк опсег на дела — including транскрипции од XVII век, аранжмани на доста композиции од Ј.С. Бах, популарни шпански дела и современа музика. Според самиот Брим, најголемо влијание врз него имале шпанските композитори и гитаристи Андрес Сеговија and Франциско Тарега.

Изведбата му се одликува со виртуозен и мошне изразителен настап, големо внимание за детаљи и изразено сопоставување на боите на звукот.

Соработки и посветени дела[уреди | уреди извор]

Со Брим соработувале многу композитори и добар дел од нив имаат дела посветени нему. Такви се Малколм Анролд, Ринард Родни Бенет, Бенџамин Бритен.

За мошне значајна се смета опширната соработка со гитаристот Џон Вилијамс, со кого Брим има бројни изведби и сники.

Одликувања и награди[уреди | уреди извор]

Џулијан Брим има повеќе одликувања за неговите придонеси за музиката. Во 1964 г. е назначен за Офицер на Редот на Британската империја (OBE), а во 1985 г. ја добил почеста Заповедник на Редот на Британската империја. Има почесни фокторати од Универзитетот во Сари (1968) и Универзитетот во Лидс (1984). Во 1976 г. го добил златниот медал „Вила-Лобос“ лично од вдовицата на композиторот. Во 1966 г. е назначен за почесен член на Кралската музичка академија, а подоцна добил такви звања на Кралскиот музички колеџ (1981) и Кралскиот Северен музички колеџ (1983). Во 1988 г. станал почесен член на Кралското филхармониско друштво, од кое добил и инструменталистичка награда во 1996 г.

Делумна дискографија[уреди | уреди извор]

Плочи[уреди | уреди извор]

  • The Art Of Julian Bream (ноември 1960), RCA LSC-2448
  • Guitar Concertos (јануари 1961), RCA LSC-2487
  • The Golden Age of English Lute Music (септември 1961), RCA LDS-2560
  • An Evening Of Elizabethan Music (1963), RCA LDS-2656 (март 1971 како LSC-3195)
  • 20th Century Guitar, RCA LSC-2964
  • 70's, RCA ARL 0049
  • Dedication, RCA ARL 5034
  • Julian Bream Plays Dowland, CLP 1726
  • A Bach Recital for the Guitar, Westminster CLP 1929
  • Baroque Guitar (1966), RCA
  • The Classical Guitar (3 - LP set), Westminister WMS -1029
  • Collection of the Greatest Performances of Julian Bream, Vol. II, Westminster
  • Concertos for Lute and Orchestra, RCA ARL1-1180
  • Dances of Dowland, RCA LSC-2987
  • Elizabethan Lute Songs, RCA LSC-3131
  • Elizabethan Music by The Julian Bream Consort, RCA LSC-3195
  • The Golden Age of English Lute Music, RCA LSC-3196 RCA LD-2560
  • Julian & John, RCA
  • Julian & John/2, 1974 RCA ARL1-0456
  • Julian Bream's Greatest Hits, Westminster
  • Julian Bream's Greatest Hits Volume Two, Westminster 9008-8185
  • Lute Music of John Dowland, RCA ARL1-1491
  • John Dowland: 14 Lute Pieces, Westminster W-9079
  • Music for Voice and Guitar со Питер Пирс, RCA LSC-2718
  • Popular Classics for Spanish Guitar, RCA
  • Rodrigo: Concerto De Aranjuez, Berkeley Guitar Concerto (1975), RCA
  • Sonatas for Lute and Harpsichord—Bach, Vivaldi со Џорџ Малколм, RCA LSC-3100
  • Villa-Lobos, Twelve Études for Guitar, Suite populaire bresillienne (1978), RCA
  • Julian Braem, The Art of the Spanish Guitar 1970 RCA SRS 3002
  • The Woods So Wild, RCA LSC-3331
  • Guitarra: The Guitar in Spain (1985), RCA

Дискови[уреди | уреди извор]

  • Fret Works (1990), MCA ASIN B00000DWBQ
  • Guitarra: The Guitar in Spain (1990), RCA ASIN B000003EOU
  • Joaquín Rodrigo: Concierto elegíaco/Fantasía para un gentilhombre (1990), RCA ASIN B00000E6E7
  • Julian Bream plays Bach (1990), RCA ASIN B000003EOG
  • Julian Bream Plays Granados & Albéniz (Music of Spain, Volume Five) (1990), RCA ASIN B00000E68D
  • Music of Spain, Vol. 7 (1990), RCA ASIN B00000E697
  • Two Loves со Пеги Ешкрофт (1990), RCA ASIN B00000E6FM
  • Baroque Guitar (1991), RCA ASIN B000003F1J
  • La Guitarra Romántica (1991), RCA ASIN B000003F0G
  • Joaquín Rodrigo: Concierto de Aranjuez; Villa-Lobos: Preludes (1991), RCA ASIN B000003EPS
  • Romantic Guitar (1991), RCA ASIN B000003EQA
  • Baroque Guitar (1993), RCA ASIN B000025HGT
  • A Celebration of Andrés Segovia—Bream (1993), RCA ASIN B000009JN3
  • Highlights from the Julian Bream Edition (1993), RCA ASIN B000003FKP
  • Joaquín Rodrigo: Concierto de Aranjuez; Fantasía para un gentilhombre No1-5 (1993), RCA ASIN B000003FI4
  • Joaquín Rodrigo: Concierto de Aranjuez; Takemitsu: To the Edge of Dream со Сајмон Ретл и Симфонискиот оркестар на Бирмингем (1993), Capitol ASIN B00000DNS6
  • Together/Julian Bream & John Williams (1993), RCA ASIN B000003FDM
  • Together Again/ Julian Bream & John Williams (1993), RCA ASIN B000003FDN
  • Villa-Lobos: Guitar Concerto; Preludes; Études со Андре Превин и Лондонскиот симфониски оркестар (1993), BMG International ASIN B000024RKH
  • Bach Guitar Recital (1994), EMI Classics ASIN B000002RU9
  • Bach: Lute Suites, Trio Sonatas (1994), RCA ASIN B000003FG2
  • Guitar Concertos (1994), RCA ASIN B000003FG4
  • Julian Bream Consort, Vol. 6 (1994), RCA ASIN B000003FFX
  • Music of Spain (1994), RCA ASIN B000003FG6
  • Popular Classics for Spanish Guitar (1994), RCA ASIN B000003FFY
  • Romantic Guitar (1994), RCA ASIN B000003FFZ
  • Sonata (1995), Angel ASIN B000002RUX
  • 20th Century Guitar I (1996), RCA ASIN B000003FG0
  • The Golden Age of English Lute Music (1996), RCA ASIN B000003FFW
  • Music for Voice & Guitar (1996), RCA ASIN B000003FG1
  • Music of Spain: Milán, Narváez (1996), RCA ASIN B000003FG5
  • Popular Classics for the Spanish Guitar (1997), RCA ASIN B000003G9U
  • Julian Bream Edition, Volume 1: The Golden Age of English Lute Music (28 CDs) (1998), RCA ASIN B000003FFV
  • The Romantic Hours (1998), RCA ASIN B000003FSG
  • Spain—Sor, Vol. 24 (1998), BMG Classics ASIN B000025HGH
  • Guitar Concertos (1999), RCA ASIN B00000HZS3
  • Guitar Music by Albeniz, Vivaldi, Rodrigo & Grandos (2 CDs) (1999), RCA Classics/BMG ASIN B00002DFHV
  • Woods So Wild (1999), RCA ASIN B00000HZS6
  • Nocturnal: Martin, Britten, Brouwer, Lutoslavski (2000), EMI ASIN B000002RTP
  • The Ultimate Guitar Collection (2 CDs) (2000), RCA ASIN B00004UEH6
  • Duos de Guitares со Џон Вилијамс (2001), RCA ASIN B00005I9SO
  • Spanish Guitar Music (ремас.) (2001), Deutsche Grammophon ASIN B00005OLDN
  • Spanish Guitar Recital (2001), RCA ASIN B00005OC01
  • Joaquín Rodrigo: Concierto de Aranjuez; Fantasía para un gentilhombre; Tres piezas españolas; invocación y danza (ремас.) (2004), RCA ASIN B0002DD67Y
  • Spanish Guitar Recital (2004), ASIN B000026GX4
  • Guitar Recital: Bach, Sor, Turina, Tippet, Schubert (2005), Testament ASIN B0009UC6L2
  • Music of Spain (2005), RCA ASIN B0009U55QA
  • Elizabethan Lute Songs, Decca ASIN B000ICGD06
  • Julian Bream & Friends, Musical Heritage Society ASIN B000294GJK
  • Lute Music from the Royal Courts of Europe, BMG Classics ASIN B000G27DIO
  • Music of Spain: The Classical Heritage, RCA ASIN B0001GH54C
  • My Favorite Albums, RCA/Sony Classical ASIN B001DD0HPG

Наводи[уреди | уреди извор]

Статии
  • Peter Sensier & Graham Wade. "Bream, Julian (Alexander)" во The New Grove Dictionary of Music and Musicians MacMillan, 2001.
Книги
  • Stuart W. Button, Julian Bream, the Foundations of a Musical Career, Scolar Press, 1997 (reissued by Bold Strummer Ltd, 2006. ISBN 1-57784-067-4)
  • Graham Wade, The Art of Julian Bream, Ashley Mark Publishing Company, 2008
  • Julian Bream: a Life on the Road. London: Macdonald, 1982. ISBN 0-356-07880-9. pp. 204–16).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]