Религија во Бурунди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Религија во Бурунди
CIA Factbook (2008)[1]
Религија процент
Римокатолици
  
62,1 %
Протестанти
  
23,9 %
Неизјаснети
  
7,9 %
Останати
  
3,6 %
Ислам
  
2,5 %
Религија во Бурунди
Encyclopedia of Africa (2010)[2]
Религија процент
Христијанство
  
67 %
Традиционална
  
23 %
Ислам
  
10 %
Неизјаснети
  
3,6 %

Религијата во Бурунди има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи. Според проценките од 2008 година спроведени од ЦИА, околу 86% од населението на Бурунди е христијанско (62,1% Римокатолици, 23.9% Протестанти), 7,9% немаат одредено религија и 2,5% се муслимани (главно сунити).[1][3]. Според „Енциклопедија на Африка“, 67% се христијани, 23% ги почитува традиционалните религии, а 10% се муслимани.[2].

Бурунди има највисок процент на католици од било која друга земја во Африка. Таа е една од трите земји на континентот каде католицизмот се почитува од страна на мнозинството на жители, другите две се соседите Руанда и Демократска Република Конго[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Христијанство[уреди | уреди извор]

Римокатоличка катедрала во Буџумбура

Најраните христијански мисионери во земјата пристигнале во 1879 година, но мисионерите биле убиени, а кралот на Бурунди, кој владеел до 1908 година, немал интерес за странската теологија[5].

Поголем број на христијански мисии започнале кон почетокот на 20 век, кога земјата била под германска колонијална власт заедно со белгиската колонијална ера[6]. Католички и протестантски мисионери пристигнале во првите две децении на 20 век, а во 1920 година започнало мисионерството и на Баптистите, во 1930 година - Методистите и Англиканите[5]. Овие мисии биле тесно поврзани со колонијалниот проект на европските земји. По крајот на оваа ера и прогласувањето на независност на земјата, христијанството продолжило да има голема улога кај политичките лидери во земјата која со речиси 11 милиони жители е една од најгусто населените земји во Африка[6].

Верските институции во Бурунди често имаат улога преку која помагаат за надминување на социјалните поделби, граѓанскиот хаос и масовното насилство, но од друга страна и самите тие се цел на критика.[7]. Според Тимотеј Лонгман, професор и директор на Центарот за африкански студии, колонијалните власти и христијанските мисионери довеле да земјата биде воведена во нова анархија преку поделба на етничките заедници во општеството и создавање на идеолошки поделби и нееднаквост[8].

Почетното прифаќање на католицизмот во Бурунди се случило од народот Хуту, кој го сочинува и мнозинството во Бурунди, додека протестантството било прифатено од страна на народот Тутси.[9]. Резултатот од етничките разлики довело до дискриминација и конфликти и одмазднички геноцид помеѓу двата народи[10].

Градот Мушаша во провинцијата Гитега служи како седиште архиепископот[5].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Буџумбура

Исламот пристигнал во Бурунди околу 200 години пред христијанството преку сунитските арапски трговци активни во регионот на езерото Тангањика на источниот африкански брег[5]. Сепак, исламот е религија со помал процент на застапеност во земјата. Во текот на овој период започнал и отпорот на кралот Мвези IV, кој на крај успеал да го спречи ширењето на исламот[11]. Бројот на муслимани се зголемил во периодот од 1894-1916 година под германска власт на земјата. По започнувањето на Првата светска војна, градот Буџумбура бил со мнозинство муслиманско население[11]. Ситуацијата се променила во времето на белгиското колонијално владеење во периодот од 1916 до 1962 година, кога католицизмот бил во голема мера распространет[11].

Денес муслиманското население е силно урбанизирано и населено во градовите Буџумбура, Гитега. Големо мнозинство од муслиманите се сунити, додека мал број се шиити и ибади[11]. Република Бурунди е официјално секуларна држава и неколку муслимански празници како Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам се слават како државни празници заедно со христијанските празници.[3]. Во поново време, политичките органи и медиумите често ги критикуваат исламските проповедници бидејќи се сомневаат дека сакат да предизвикат дестабилизација[12].

Според проценките на Стејт Департментот од 2010 година, помеѓу 2-5% од населението се муслимани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Africa :: BURUNDI“. CIA The World Factbook. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/by.html. 
  2. 2,0 2,1 Anthony Appiah; Henry Louis Gates (2010). Encyclopedia of Africa. Oxford University Press. стр. 221. ISBN 978-0-19-533770-9. https://books.google.com/books?id=A0XNvklcqbwC. 
  3. 3,0 3,1 U.S. Department of State
  4. Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 365. ISBN 978-1-134-50577-7. https://books.google.com/books?id=9pZACwAAQBAJ&pg=PA365. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Toyin Falola; Daniel Jean-Jacques (2015). Africa: An Encyclopedia of Culture and Society. ABC-CLIO. стр. 121. ISBN 978-1-59884-666-9. https://books.google.com/books?id=YjoVCwAAQBAJ&pg=PA121. 
  6. 6,0 6,1 Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 365-367. ISBN 978-1-134-50577-7. https://books.google.com/books?id=9pZACwAAQBAJ&pg=PA365. 
  7. Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 369-372, 550-551. ISBN 978-1-134-50577-7. https://books.google.com/books?id=9pZACwAAQBAJ&pg=PA365. 
  8. Timothy Longman (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. Cambridge University Press. стр. 42–46, 62–63. ISBN 978-0-521-19139-5. https://books.google.com/books?id=YGID427CPSYC&pg=PA42. 
  9. Timothy Longman (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. Cambridge University Press. стр. 46–48. ISBN 978-0-521-19139-5. https://books.google.com/books?id=YGID427CPSYC&pg=PA42. 
  10. Timothy Longman (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. Cambridge University Press. стр. 14–15. ISBN 978-0-521-19139-5. https://books.google.com/books?id=YGID427CPSYC&pg=PA42. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Luffin 1999.
  12. Heather Deegan (2002). Third Worlds: Politics in the Middle East and Africa. Routledge. стр. 198–201. ISBN 978-1-134-82764-0. https://books.google.com/books?id=ZIKJAgAAQBAJ&pg=PA198.