Религија во Сомалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Сомалија
Религија Процент
Ислам
  
99,9 %
Христијанство
  
0,1 %

Религијата во Сомалија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата е исламот со скоро 99.9%, додека втора по големина е христијанството со 0.1%

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Сомалија

Исламот влегол во регионот многу рано, кратко време по хиџра[1]. Џамијата во Зејла датира од 7 век и е најстарата џамија во градот[2]. Во доцниот 9 век, Ал-Јакупи напишал дека муслиманите живеат по должината на северниот брег на Сомалија[3]. Тој, исто така, спомнал дека Адалскиот султанат го има својот главен град,[3][4]сугерирајќи дека Адалскиот султанат со Зејла како седиште датира од 9 или 10 век. Според И. М. Луис, политиката била управувана од локални династии, кои исто така владееле слично како воспоставениот Султанат Могадишу во регионот Бенадир на југ[4].

Покрај тоа, од сомалиската заедница произлегуваат бројни важни исламски фигури во текот на вековите, од кои многу од нив значително го обликуваат текот на муслиманското учење и пракса. Меѓу овие исламски научници спаѓаат сомалискиот теолог од 14 век и правник Утман бин Али Зајлаи од Зејла, кој го напишал единствениот најавторитативен текст за Ханифиската школа, кој се состои од четири тома.

Улогата на верските функционери започнала да се намалува во 1950-тите и 1960-тите, бидејќи некои од нивните законски и образовни овластувања и одговорности биле пренесени на секуларните власти[5]. Позицијата на верските лидери значително се променила по револуцијата од 1969 година и воведувањето научен социјализам. Сијад Баре инсистирал на тоа дека неговата верзија на социјализмот е компатибилна со принципите на Куранот и го осудил атеизмот. Верските лидери, сепак биле предупредени да не се мешаат во политиката.

Новата влада вовела законски измени што некои верски личности ги сметале за спротивни на исламските правила. Режимот остро реагирал на критиките, убивајќи некои од демонстрантите. Подоцна, религиозните водачи започнале да бидат дел од владата.

Денес, најголемиот дел од жителите на Сомалија се муслимани[6]. Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа под влијание на суфизмот, иако некои се приврзаници на шиитската муслиманска вероисповед[7]. Суфизмот, како мистичен аспект на исламот е исто така добро воспоставен[8].

Членот 2 од привремениот устав на Сомалија го дефинира исламот како државна религија на земјата и исламскиот шеријат како основен извор за националното законодавство. Исто така, уставот предвидува дека не може да се донесат закони што не се во согласност со основните начела на шеријатот. Членот 11 гарантира еднакви права и слобода од прогон за сите граѓани пред законот, без оглед на религијата. Дополнително, членот 17 ја штити слободата на религијата[9].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Некогашната катедрала во Могадишу

Христијанството е малцинска религија во Сомалија. Додека официјалниот број на отворено декларирани практичари на христијанството е само околу 1.000[10][11]меѓу вкупното население во земја од над осум милиони жители (100% од нив се, барем официјално, муслимани), вистинскиот број христијански практичари во Сомалија е непознат поради феноменот на криптохристијанството меѓу етничките сомалиски муслимани што се преобраќаат во христијанството.

Според некои извори во Сомалија официјално живеат 200 христијански лекари, и тие се или странци или се потомци на некои странци или пак се припадници на малцинската етничка група Банту.[12]. Сомалиските христијански потомци потекнуваат од италијанските колонисти и претежно се Евангелисти и Назарени. Постои една католичка епархија за целата земја со седиште во Могадишу.

Вистинскиот број на неофицијалниот дел од сомалиските христијански верници е непознат. Религиозните прогони на неофицијалните христијани е често а напуштањето на исламот е кривично дело и казниво со смрт во Сомалија[13]. Поради тековната Граѓанска војна во јужниот дел на земјата се верува дека христијаните во Сомалија се соочуваат со прогон и понекогаш со смрт. Освен катедралата во Могадишу (која повеќе не се користи за христијански услуги, иако во 2013 година плановите за нејзино поправање биле најавени од епархијата), во земјата не постојат црковни објекти ниту пак правна заштита за христијаните. Некои од христијаните се состануваат во подземни цркви[10]. Сепак, имало случаи и пред и за време на граѓанска војна во која некој муслиман ја прифатил христијанската вера, тајно објавувајќи го своето отпадништво. Всушност, тие биле христијански верници, но законски муслимани. Така, статистиката на сомалиските христијани не ги вклучува муслиманските отпадници во христијанството.

Паравоените групи во Сомалија исто така се вклучиле во ограбувањето на христијански гробови,[14]. Понекогаш терминот „христијанин“ бил етикета што џихадистите ги ставале врз луѓето за кои се сомневале дека работеле за етиопската интелигенција[10].Во август 2009 година, Меѓународната христијанска грижа забележала дека 4 Христијани кои помагале на деца-сираци биле обезглавени од исламски екстремисти бидејќи не сакале да станат Муслимани.[15] Сето ова, државата ја прави лабава, со најнизок индекс на демократија, верска слобода и почитување на основните човекови права.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A Country Study: Somalia from The Library of Congress
  2. Briggs, Phillip (2012). Somaliland. Bradt Travel Guides. стр. 7. ISBN 1841623717. https://www.google.com/books?id=M6NI2FejIuwC. 
  3. 3,0 3,1 Encyclopedia Americana, Volume 25. Americana Corporation. 1965. стр. 255. https://books.google.com/books?id=OP5LAAAAMAAJ. 
  4. 4,0 4,1 Lewis, I.M. (1955). Peoples of the Horn of Africa: Somali, Afar and Saho. International African Institute. стр. 140. https://books.google.com/books?id=Cd0mAQAAMAAJ. 
  5. Nina J. Fitzgerald, Somalia: Issues, History, and Bibliography-page 48
  6. „Middle East Policy Council – Muslim Populations Worldwide“. Mepc.org. 2005-12-01. Архивирано од изворникот на 2006-12-14. конс. 2010-06-27. 
  7. Abdullahi, Mohamed Diriye (2001). Culture and customs of Somalia. Greenwood. стр. 1. ISBN 978-0-313-31333-2. https://books.google.com/books?id=2Nu918tYMB8C. 
  8. I. M. Lewis, Saints and Somalis: popular Islam in a clan-based society, (The Red Sea Press: 1998), pp. 8–9.
  9. „The Federal Republic of Somalia - Provisional Constitution“. конс. 7 January 2015. 
  10. 10,0 10,1 10,2 Almost expunged: Somalia's Embattled Christians“, 22 октомври 2009 (посет. 22 октомври 2009 г).
  11. Department of Economic and Social Affairs Population Division (.PDF). World Population Prospects, Table A.1. 2008 revision. United Nations. http://www.un.org/esa/population/publications/wpp2008/wpp2008_text_tables.pdf. посет. 12 март 2009 г. 
  12. A study on minorities in Somalia
  13. http://www.ecumenicalnews.com/article/outraged.muslims.throw.somali.christian.convert.off.4th.floor.balcony/26238.htm
  14. Widspread [sic] desecration of Christian graves in Somalia
  15. Al Shabaab Reportedly Beheads 4 Christians, Rips Gold Teeth From Locals' Mouths“, FOX News, 12 август 2009 (посет. 11 јуни 2011 г).