Религија во Етиопија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Етиопија
Религија процент
Христијани
  
62,8 %
Муслимани
  
33,9 %
Традиционалисти
  
2,6 %
Останати
  
0,7 %

Религијата во Етиопија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Религијата се состои главно од Аврамските вери, а најбројни се верниците од христијанска и исламска вероисповед. Исто така постои и долгогодишна но мала еврејска заедница, приврзаници на Бахајството и следбеници на традиционалните религии, кои живеат главно во југозападниот дел на земјата.

Според националниот попис спроведен во 2007 година, повеќе од 32 милиони лица или 43,5% се изјасниле како христијани додека 25 милиони или 33,9% како муслимани, 13,7 милиони или 12,6% протестанти, и само под два милиони или 2,6% се изјасниле дека ги почитуваат традиционалните верувања.[1]. Ниту во пописот од 2007 година, ниту во пописот од 1994 година не биле пријавени реакции од останатите верски заедници бидејќи оние кои се изјасниле како хиндуисти, евреи или атеисти биле сместени во друга колона на пописот како „други“.

Кралство Аксум, кои покривало голем дел од денешна северна Етиопија и Еритреја, било едно од првите христијански земји во светот, откако официјално го прифатиле христијанството како државна религија во 4 век[2].

Статистика[уреди | уреди извор]

Во принцип, пооголемиот дел од христијаните (главно членови на Етиопска Православна црква) живеат во планински предели, додека муслиманите и приврзаниците на традиционалните африкански религии имаат тенденција да живеат повеќе во низинските региони во источниот и јужниот дел на земјата. Бројните домородни африкански религии во Етиопија живеат главно во југозападните погранични зони.

Година Христијани Православни Протестанти Католици Муслимани Традиционалисти Останати
1994 61.6% 50.6% 10.1% 0.9% 32.8% 4.6% 1.0%
2007 62.8% 43.5% 18.6% 0.7% 33.9% 2.6% 0.7%
Раст 1.2% -7.1%' 8.5% -0.2% 1.1% -2.0% -0.3%
Година Христијани Православни Протестанти Католици Муслимани Традиционалисти Останати
1994 32,689,482 26,844,932 5,366,360 478,190 17,406,087 2,444,085 531,323
2007 46,420,822 32,154,550 13,748,842 517,430 25,058,373 1,921,881 517,430
Раст 13,731,340 5,309,618 8,382,482 39,240 7,652,286 -522,204 -13,893
1994 2007 1994 2007 1994 2007 1994 2007 1994 2007 1994 2007 1994 2007
Регион Христијани Православни Протестанти Католици Муслимани Традиционалисти Останати
Адис Абеба 86.65% 83.0% 82.0% 74.7% 3.87% 7.77% 0.78% 0.48% 12.7% 16.2% 0.8%
Афар 4.4% 4.7% 3.9% 3.9% 0.4% 0.7% 0.1% 0.1% 95.6% 95.3%
Амхара 81.6% 82.7% 81.5% 82.5% 0.1% 0.2% 18.1% 17.2% 0.1%
Бенишангул-Гумуз 40.6% 46.5% 34.8% 33.0% 5.8% 13.5% 44.1% 45.4% 13.1% 7.1%
Дире Дава 36.7% 28.8% 34.5% 25.71% 1.5% 2.81% 0.7% 0.4% 63.2% 70.9% 0.1% 0.3%
Гамбела 71.35% 90.2% 24.13% 16.8% 44.01% 70.0% 3.21% 3.4% 5.15% 4.9% 10.28% 3.8% 1.1%
Харари 39.49% 30.8% 38.09% 27.1% 0.94% 3.4% 0.46% 0.3% 60.28% 69.0% 0.2%
Оромија 49.9% 48.2% 41.3% 30.5% 8.6% 17.7% 44.3% 47.5% 4.2% 3.3% 1.1%
Сомали 0.9% 0.5% 0.9% 0.6% 98.7% 98.4% 0.3% 1.0%
Јужни народи 65.4% 77.8% 27.6% 19.9% 34.8% 55.5% 3.0% 2.4% 16.7% 14.1% 15.4% 6.6% 1.5%
Тиграј 95.9% 96.1% 95.5% 95.6% 0.1% 0.4% 0.4% 4.1% 4.0%

Аврамски религии[уреди | уреди извор]

Црква во Етиопија.

Етиопија има блиски историски врски со сите три од главните Аврамски религии во светот. Христијаните се мнозинство од населението[3], додека исламот е втора религија со 31,9% од населението и 2,6% од населението се следбеници на традиционалните религии[1]. До 1980 година, значителен дел од населението на етиопските евреи живееле во Етиопија. Земјата е исто така духовна татковина на верското движење Растафаријанство.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Етиопија е една од најстарите христијански држави во светот. Етиопската Православна црква, која е најголема христијанска деноминација во Етиопија и која била дел од Коптската православна црква до 1959 година, е единствената предколонијална православна црква во Потсахарска Африка. Според христијанските верувања. Апостол Матеј починал во Етиопија[4].

Според пописот од 1994 година на владата, 61,6% од населението на земјата е христијанско: 50,6% од вкупниот број се православни, 10,1% биле дел од различни протестантски деноминации и 0,9% биле католици.[5]. Американскиот Стејт департмент проценува дека над 50% од населението на земјата е христијанско односно 40 до 45% од населението припаѓа на Етиопската православна црква, околу 10% се припадници на христијанските евангелски и пентекостни групи[6][7]. Во најголем дел, православните христијани се населени односно живеат во регионот Тиргај (95,6%) и регионот Амхара (82,5%), додека поголемиот дел од протестантите живеат во јужните делови. Според последниот попис на владата од 2007 година, христијаните сочинуваат 62,8% од вкупното население, а најголемата група се Етиопската православна христијани на 43,5%, следни се протестантите и католиците со 18,6% и 0,7%[1].Според една студија од 2015 година, околу 400.000 христијански верници имаат муслимански корени, и поголемиот дел од нив припаѓаат на некоја форма на протестантството.

Кралството Аксум било една од првите држави кои официјално го прифатиле христијанството, кога Свети Фрументиј („Татко на мирот“) го христијанизирал населението. Многумина теолози веруваат дека христијанството на овие простори дошло уште во првите години, според Делата на светите апостоли каде во стиховите 8:26-39 Филип Евангелист зборува со еден Етиопјанин. Православното христијанство има долга историја во Етиопија кое датира од 1 век и е доминантно во северниот и централниот дел на Етиопија. Една мала група на еврејско население, позната како Бета Израел, живее во северозападниот дел на Етиопија, иако поголемиот дел од нив емигрирало во Израел во последните децении на XX век, како дел на мисиите за спасување преземени од страна на израелската влада, Операција Мојсеј и Операција Соломон.[8]. Некои израелски и еврејски научници сметаат дека овие евреи потекнуваат од т.н. Десет изгубени племиња на Израил.

Името „Етиопија“ се споменува во Библијата многупати (триесет и седум пати во верзијата на кралот Јаков I). Абисинија, исто така, се споменува во Куранот и Хадисот.

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Етиопија.

Исламот во Етиопија датира од основањето на верата. Во 615 година, кога група муслимани биле советувани од страна на Мухамед за време на прогонувањето во Мека да заминат во Етиопија преку денешна Еритреја, која била управувана од Ашама, побожен христијански крал. Покрај тоа, Билал ибн Рабах, првиот муезин, бил еден од најистакнатите другари на Мухамед, со потекло од Абисинија (Еритреја, Етиопија).

Според најновите владини податоци, муслиманите во земјата се 33,9% од населението[1], за разлика од 32,8% во 1994 година (според податоците од пописот од таа година).[5][9]. Стејт департментот проценил дека околу 45% од населението се сунитски муслимани[6][10]. Поголемиот дел од етиопските муслимани се сунити, а некои припаѓаат на различни суфиски редови. Адис Абеба, главниот град на Етиопија, е дом на околу 443.821 муслимани или 16,2%[11]. Муслиманите живеат во скоро секој дел на земјата а во најголем дел на регионот Сомали (98,4%), регионот Афар (95.3%) и регионот Оромија (47,5%)[1].

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Бета Израел се одамна изолирана група африкански Евреи кои живееле во Етиопија уште од антиката. Нивното постоење не е широко познато на надворешниот свет во текот на многу години, и тие исто така не биле свесни за други еврејски групи надвор од нивната заедница[12]. Тие станале познати на западот во текот на XIX и XX век, и биле прифатени како евреи од страна на израелската влада во 1975 година. Во текот на овој период следувале Операција Мојсеј и Операција Соломон, спроведена во 1984 година и 1991 година, кога за време на катастрофите од глад во Етиопија во 1984-1985 година, илјадници евреи побегнале од Етиопија во бегалските кампови во Судан. Операцијата за нивно спасување била спроведена од 21 ноември 1984 година до 5 јануари 1985 година под раководство на Израелските одбранбени сили и ЦИА. По воздушен пат, со авиони на израелската авиокомпанија „EL AL“ во Израел биле транспортирани тајно околу 8.000 етиопски евреи.

Една мала еврејска заедница сè уште постои во Етиопија, иако таа е составена главно од Фалашмура, евреи кои го прифатиле христијанството во минатото, и како такви не биле признаени како Евреи од страна на Израел, но се вратиле во јудаизмот. Денеска, нивниот број изнесува околу 22.000 луѓе.

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Етиопија започнало во 1916 година[13]. Веројатно првите верници кои се населиле во земјата дошле во почетокот на 1934 год[14] Првото локално духовно собрание на Бахаите во земјата било избрано во ноември во Адис Абеба[15]. Во 1962 година, било избрано Национално духовно собрание.[16]. До 1963 година имало седум локации со помали групи на верници во земјата[17]. Здружението на архивни податоци за религија проценува дека околу 27.000 верници во 2005 година живееле во земјата[18]. Заедницата го прославила својот јубилеј во јануари 2009 година[19].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 2007 Ethiopian census, first draft, Ethiopian Central Statistical Agency (accessed 6 May 2009)
  2. S. C. Munro-Hay, Aksum: An African Civilization of Late Antiquity (Edinburgh: University Press, 1991), p. 77. ISBN 0-7486-0106-6
  3. „CIA - The World Factbook - Ethiopia“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 16 March 2009.
  4. http://www.newadvent.org/cathen/10056b.htm
  5. 5,0 5,1 "Population and Housing Census of 1994: Religion" Архивирано на 23 јули 2012 г. (accessed 6 May 2009)
  6. 6,0 6,1 Ethiopia: International Religious Freedom Report, 2007 U.S. State Department (accessed 6 May 2009)
  7. Ethiopia: International Religious Freedom Report 2006 U.S. State Department (accessed 6 May 2009)
  8. „The History of Ethiopian Jews“. Jewishvirtuallibrary.org. Посетено на 16 March 2009.
  9. „CIA Factbook - Ethiopia“. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 2017-07-03.
  10. Ethiopia (03/08)
  11. Summary and Statistical Report of the 2007 Population and Housing Census Results. [ONLINE] Available at: https://web.archive.org/web/20090305231227/http://www.csa.gov.et/pdf/Cen2007_firstdraft.pdf. [Accessed 19 January 2017]
  12. Mark Shapiro, "Return of a Lost Tribe" Архивирано на 6 јануари 2009 г.
  13. `Abdu'l-Bahá (1991) [1916-17]. Tablets of the Divine Plan (Paperback. изд.). Wilmette, IL: Bahá'í Publishing Trust. стр. 47–59. ISBN 0-87743-233-3.
  14. „INTERNATIONAL NEWS; From Circular Letter issued by the Spiritual Assembly of Haifa, June, 1934“. Bahá'í News. Бр. 86. August 1934. стр. 5–6.
  15. Hassall, Graham. „Ethiopia“. Research notes. Asia Pacific Bahá'í Studies. Посетено на 2008-12-21.
  16. Rabbani, Ruhiyyih, уред. (1992). The Ministry of the Custodians 1957-1963. Bahá'í World Centre. стр. 398. ISBN 0-85398-350-X. ISBN 0-85398-350-X.
  17. „The Bahá'í Faith: 1844-1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953-1963“. стр. 28, 55. Архивирано од изворникот на 2013-10-23. Посетено на 2017-07-03.
  18. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. Архивирано од изворникот на 2010-04-14. Посетено на 2009-07-04.
  19. Multiple authors (January 2009). „North American Bahá'í Choir in Ethiopia 2009“. Посетено на 2009-08-30.