Религија во Малави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Малави
Религија Процент
Христијанство
  
69 %
Ислам
  
26 %
Останати
Нерелигиозни
  
5 %

Религијата во Малави има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата е христијанството, додека втора по големина е исламот, иако точните бројки се оспорени. Има ограничени податоци со многу различни проценки за верската припадност во земјата. Според проектот за верска припадност во Малави, што го води Универзитетот во Пенсилванија од 2010 година[1], околу 69% од населението се идентификува како христијани, 26% како муслимани и 5% како останати односно други[2]. Следната статистика била направена од ЦИА во 1998 година според која 82% од населението е христијанин, а 13% се муслимани[3].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Малави

Најголеми христијански деноминации се Римокатоличката црква и Презвитеријанската црква на Централна Африка (CCAP). Протестантите формираат половина од населението, а римокатолиците уште една петтина од населението. CCAP е најголемата протестантска деноминација во Малави со 1,3 милиони членови. Постојат помали пресвитеријански деноминации како Реформираната пресвитеријанска црква на Малави и Евангелистичката пресвитеријанска црква на Малави. Исто така, има помал број Англикани, Баптисти, Јеховини сведоци (приближно 89.000), Евангелисти, Адвентисти на седмиот ден и Лутерани и.т.н.[4] Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни имала нешто над 2.000 членови во земјата на крајот на 2015 година.[5].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Малави

Исламот е втора по големина религија во Малави по христијанството. Речиси сите муслимани во Малави се придржуваат кон сунитскиот ислам, или од редовите Кадрија и Ахмадија[6][7]. Иако е тешко да се процени[8], според CIA Factbook, во 2008 година околу 12,8% од населението во земјата било муслиманско[9], но така ниската бројка е одбиена од страна на муслиманските организации во земјата[10] кои тврдат дека муслиманите се околу 30-35%[11]. Според Муслиманското население во земјата главно е сконцентрирано во јужниот регион на земјата[12].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во земјата пристигнало пред Малави да прогласи независност. Пред Првата светска војна, територијата на денешна Малави била дел од Нисасленд, а потоа Абдул Баха, тогашниот лидер на религијата, побарал од следбениците на верата да патуваат во регионите на Африка.[13]. Како дел од големиот пораст на религијата во Супсахарска Африка[14], религијата била воведена во овој регион кога раноафриканските верници патувале од Тангањика во 1952 година[15], а во 1953 година следеле и верниците од Иран[16]. Движењето истата година било познато како Федерација на Родезија и Нисасленд. Во текот на една деценија се одржале пет собранија на бахајските верници[17]. Во 1970-тите години во земјата постоеле 12 локални собранија и едно национално духовно собрание. Во 2003 година се проценува дека во земјата живееле околу 15.000 верници[16], додека Светската христијанска енциклопедија од 2001 година го проценила членството на 24.500[18], а во 2005 година нивната проценка била околу 36.000 верници.[19].

Останати[уреди | уреди извор]

Други религиозни групи во земјата вклучуваат Растафаријци, Хиндуси и околу 300 евреи[20]. Атеистите сочинуваат околу 4% од населението, иако овој број може да вклучува луѓе кои практикуваат традиционални африкански религии[21].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Malawi Religion Project (MRP) | Malawi Longitudinal Study of Families and Health (MLSFH)“. Malawi.pop.upenn.edu. http://malawi.pop.upenn.edu/malawi-data-qualitative-religion. посет. 31 декември 2013 г. 
  2. HANS-PETER KOHLER. „Cohort Profile: The Malawi Longitudinal Study of Families and Health (MLSFH)“. http://repository.upenn.edu/cgi/viewcontent.cgi?article=1045&context=psc_working_papers. посет. 9 февруари 2016 г. 
  3. „The World Factbook“. Cia.gov. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mi.html. посет. 31 декември 2013 г. 
  4. „Lutheran Church of Central Africa.—Malawi“. Confessional Evangelical Lutheran Conference. http://www.celc.info/site/cpage.asp?sec_id=180010197&cpage_id=180031340. 
  5. „LDS Statistics and Church Facts – Total Church Membership“. http://www.mormonnewsroom.org/facts-and-statistics/country/malawi. 
  6. Richard Carver. Where Silence Rules: The Suppression of Dissent in Malawi. стр. 59. https://books.google.com/books?id=ZyIpVV3FZlAC&pg=PA63&dq&hl=en&sa=X&ei=OsSSU46iNMOp7AbK1YHACw&ved=0CCsQ6AEwAA#v=onepage&q&f=false. посет. 7 јуни 2014 г. 
  7. Klaus Fiedler (2015). Conflicted Power in Malawian Christianity: Essays Missionary and Evangelical from Malawi (illustrated издание). Mzuni Press. стр. 180-1. ISBN 9789990802498. 
  8. Arne S. Steinforth (2009). Troubled Minds: On the Cultural Construction of Mental Disorder and Normality in Southern Malawi. Peter Lang. стр. 79. ISBN 9783631587171. 
  9. CIA statistics
  10. Owen J. M. Kalinga (2012). Historical Dictionary of Malawi (revised издание). Rowman & Littlefield. стр. 202. ISBN 9780810859616. 
  11. Klaus Fiedler (2015). Conflicted Power in Malawian Christianity: Essays Missionary and Evangelical from Malawi (illustrated издание). Mzuni Press. стр. 213. ISBN 9789990802498. 
  12. HANS-PETER KOHLER. „Cohort Profile: The Malawi Longitudinal Study of Families and Health (MLSFH)“. http://repository.upenn.edu/cgi/viewcontent.cgi?article=1045&context=psc_working_papers. посет. 9 февруари 2016 г. 
  13. `Abdu'l-Bahá (1991) [1916-17]. Tablets of the Divine Plan (Paperback издание). Wilmette, Illinois, USA: Bahá'í Publishing Trust. стр. 40–2, 57 86. ISBN 0-87743-233-3. http://reference.bahai.org/en/t/ab/TDP/tdp-7.html.iso8859-1?#gr5. 
  14. „Overview Of World Religions“. General Essay on the Religions of Sub-Saharan Africa. Division of Religion and Philosophy, University of Cumbria. http://philtar.ucsm.ac.uk/encyclopedia/sub/geness.html. посет. 16 април 2008 г. 
  15. International News; Africa; Two New Territories Opened. „Bahá'í News“ (259): 4. септември 1952 г. 
  16. 16,0 16,1 Bahá'í International Community. „Dramatic stories thrill Malawi golden jubilee“, 9 јули 2003.
  17. Compiled by Hands of the Cause Residing in the Holy Land. „The Bahá'í Faith: 1844-1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953-1963“. стр. 19–20, 52. http://bahai-library.com/handscause_statistics_1953-63&chapter=1#19. 
  18. Bahai Faith, continued...“. Adherents.com. (2008). Adherents.com. (посет. 12 ноември 2008 г)
  19. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. http://www.thearda.com/QuickLists/QuickList_40c.asp. посет. 4 јули 2009 г. 
  20. Joshua Project. „Jews in Malawi“. Joshuaproject.net. http://www.joshuaproject.net/people-profile.php?peo3=12347&rog3=MI. посет. 19 април 2013 г. 
  21. „Malawi“. International Religious Freedom Report 2007. U.S. Department of State. 14 септември 2007. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2007/90107.htm. посет. 18 декември 2008 г.