Религија во Мавританија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Мавританија
Религија Процент
Ислам
  
100 %

Религијата во Мавританија има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата е исламот и скоро сите се приврзаници на сунитскиот ислам. Мавританија е земја во Африка, која се граничи со Алжир, Мали, Сенегал и Западна Сахара (моментално контролирана од Мароко)[1]. Официјално, 100% од граѓаните во земјата се муслимани[2], иако постои мала заедница на христијани, главно од странско потекло[3]. Два најголеми редови на суфизмот се Кадрија и Тиџанија.[4] Поради етничките и племенските поделби во земјата, религијата владата ја гледа како суштинска за националното единство[5].

Во земјата со странско потекло има околу 4.500 римокатолици[3]. Исто така, постојат неколку приврзаници на јудаизмот кои работат во земјата.[5].

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот во земјата бил донесен од страна на муслиманските трговци во 8 век[4]. Династијата Алморавиди се кренале на власт во западниот дел на Магреб за време на 11 век и го зацврстиле исламот низ целиот регион[1]. Иако исламот постоел во регионот пред Алморавидите, нивното владеење го забрзало ширењето на исламот и ги отстранило анимистичките влијанија врз локалните исламски практики[6]. Во околу 1040 година, еден од нивните поглавари Јаја ибн Ибрахим бил во Мека. На враќање престојувал во една џамија во Тунис. Таму, верските службеници успеале да го убедат дека неговото племе доста слабо го цени и познава исламот како религија. Теолозите од Тунис го советувале дека треба нешто да преземе во тој поглед. Така, заедно решиле дека најдобро решение би било да му го испратат верскиот мисионер Абдула ибн Јасин, кој во тој регион бил застапник на сунитската школа на исламот.

Денеска, околу 99% од населението на земјата е муслиманско.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството е малцинска религија во земјата. Во државата има околу 4.500 римокатолици, во рамките на една бискупија - Римокатоличка бискупија во Нуакшот. Во државата нема повеќе од 200 Протестанти, меѓу кои и странци. И покрај строгиот државен закон и терор против евангелизацијата, мавританските христијани растат во бројот и се проценува дека има од 400 до 1000 етнички мавритански христијани.[7] Во еден период од осум месеци, Miracle Channel, норвешко-шведски ТВ канал, емитувал христијански собири во мавританската пустина со по над 160 луѓе.[8] Распространувањето на христијанската книжевност и евангелизацијата на муслиманите во државата е забранета. Библиите ретко се печатат и се распространуваат. Државната опресија вклучува и апсење на христијани поради нивните верувања. Има и затворање на цркви. Преобратот од ислам во христијанство е казниво со смрт и другите религии не се признати од државата. Сето ова ја прави државата една од најнеразвиените во светот со еден од најнискиот индекс на демократија, слобода на верско изразување и почитување на основните човекови права.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Thomas M. Leonard (2006). Encyclopedia of the Developing World. Taylor & Francis. стр. 1003–1004. ISBN 978-0-415-97662-6. Посетено на 1 August 2012.
  2. „Mauritania“. CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 1 August 2012.
  3. 3,0 3,1 Taylor & Francis Group (September 2004). Europa World Year Book 2. Taylor & Francis. стр. 2851. ISBN 978-1-85743-255-8. Посетено на 1 August 2012.
  4. 4,0 4,1 John L. Esposito (21 October 2004). The Oxford Dictionary of Islam. Oxford University Press. стр. 196. ISBN 978-0-19-512559-7. Посетено на 1 August 2012.
  5. 5,0 5,1 Annual Report on International Religious Freedom, 2004. Government Printing Office. 4 August 2005. стр. 75–77. ISBN 978-0-16-072552-4. Посетено на 1 August 2012.
  6. „A Country Study: Mauritania“. Country Studies. Library of Congress. Посетено на 6 August 2012.
  7. „World Watch List 2010: #8. Mauritania“. Архивирано од изворникот на 2010-10-25. Посетено на 2017-06-24.
  8. „Troens Bevis Verdens Evangelisering - Så på Miracle Channel midt i Mauritanias ørken - Norwegian language“. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2017-06-24.