Религија во Мароко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Мароко[1]
Религија Процент
Ислам
  
98,7 %
Христијанство
  
1,1 %
Јудаизам
  
0,2 %

Религијата во Мароко има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата е исламот со 98.7%, додека втора по големина е христијанството со 1.1% и јудаизмот. Денеска, само мал дел од еврејското население живее во земјата бидејќи поголемиот дел од нив се преселиле во Израел.

Мароко всушност исламот во има воспоставено како државна религија. Најголемиот дел од муслиманите во Мароко се сунити. Кралот на Мароко тврди дека е потомок на исламскиот пророк Мухамед. Мароканскиот кривичен законик содржи многу закони кои се контрадикторни со уставот, вклучувајќи ги членовите 220 и 222 од кривичниот законик на земјата, кои обично се користат против немуслиманското население [2].

Ислам[уреди | уреди извор]

Според The World Factbook, 99% од Мароканците се муслимани[3].

Исламот пристигнал до Мароко во 680 година преку арапската династија Омејади од Дамаск. Првата исламска династија која владеела во Мароко биле Идрисидите, кои биле од школата на зејдизмот. Членот 6 од мароканскиот устав вели дека исламот е официјална религија на државата[4]. Кралот на Мароко тврди дека е потомок на исламскиот пророк Мухамед[5].

Освен мнозинските сунитски муслимани, во земјата има приврзаници и на шиитскиот ислам. Односите помеѓу сунитите и шиитите се затегнати во последниве години. Партијата за правда и развој е исламистичка партија[6].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството во земјата било донесено во времето на Римското Царство. Многу од претхристијанските религии биле сведени минимум за разлика од христијанството кое започнало да се шири. Меѓутоа, по доаѓањето на исламот, христијанството престанало да има значително население во земјата.

Поради шпанската и француската колонизација од почетокот на 19 век, римокатолицизмот се зголемил во Мароко, иако главно биле европски колонисти. Денеска има само мал дел римокатоличко население кое е останато во земјата. Британците, кои главно припаѓале на протестантската англиканска заедница, исто така добиле дозвола да градат цркви од нивната вера. Така од нивна страна била изградена црквата Свети Андреј во Тангер.

Субсахарските Африканци, главно католици од поранешните француски колонии, мигрирале во Мароко во последниве години. Преминувањето на мароканските муслимани во христијанството, главно од американските протестанти во далечниот и планински југ од земјата, се случиле и покрај ризикот од нивните правни последици[7]. World Factbook проценува дека христијаните во моментов се 1% (ококу 380.000 жители) од мароканското население[3].

На 27 март 2010 година, мароканскиот магазин TelQuel напишал дека илјадници Мароканци го прифатиле христијанството. Истакнувајќи го отсуството на официјални податоци, магазинот цитира неодредени извори во кои се наведува дека околу 5.000 Мароканци станале христијани во периодот од 2005 до 2010 година[8]. Според различни проценки, околу 25.000-45.000 марокански христијани од берберско или арапско потекло претежно се конвентираат од исламот[9]. Други извори даваат бројки на повеќе од 1.000 луѓе[10]. Популарната христијанска програма на брат Рашид довела до тоа да многу поранешни муслимани во Северна Африка и Средниот Исток да го прифатат христијанството. Неговите програми се заслужни за конвентирање на над 150.000 муслимани во христијанството[11].

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Еврејски гробишта

Историски, по уништувањето на Вториот ерусалимски храм, голем дел од еврејското население побегнало од Римјаните и се населило и во Мароко. Вториот бран од сефардски евреи пристигнале во земјата по декретот од Алхамбра од 1492 година, според кој секој евреин кој нема да го прифатил христијанството е принуден да ја напушти Шпанија.

По создавањето на еврејската држава во 1948 година, населението на мароканските евреи значително се намалува поради емиграцијата. Мароканските Евреи исто така мигрирале и во други земји како Франција или Канада. Вкупно 486.000 Израелци се со марокански потекло[12], додека според World Factbook само околу 6.000 евреи останале до денес во Мароко[3]. Поголемиот дел од еврејското население е возрасно и во најголем дел е населено во Казабланка[13].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во земјата пристигнало во 1946 година кога започнале мисиите на нивните лидери во времето на колонијалната власт, по кое следувала т.н. Десетгодишна крстоносна војна која била иницирана за ширење на верувањето. Во почетокот на 1960-тите, кратко време по независноста биле извршени масовни апсења на бахајските верници, а смртни казни им биле дадени на најистакнатите верници, што предизвикало меѓународен скандал.[14]. Според поголемиот број проценки, бројот на бахајските верници во Мароко се движи од 150 и 500 луѓе[13].

Наводи[уреди | уреди извор]