Религија во Јужен Судан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Религија во Јужен Судан[1]
Религија Процент
Христијанство
  
60,5 %
Традиционална
  
32,9 %
Ислам
  
6,2 %
Останати
  
0,4 %

Религијата во Јужен Судан има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат конфликтни извештаи за религиозните верувања во Јужен Судан, иако сите се согласуваат дека трите главни религии се Африканската традиционална религија, христијанството и исламот. Претседателот на земјата, римокатолик по вероисповед, зборувајќи во катедралата Света Тереза во Џуба, изјавил дека Јужен Судан ќе биде нација која ќе ја почитува слободата на религијата.[2]Според различните извештаи е забележливо дека варираат процентите на приврзаниците на африканската традиционална религија и христијанството.[3][4][5][6][7][8][9]

Показатели[уреди | уреди извор]

Во раните 1990-ти години, официјалните документи на Судан како целина (Судан и Јужен Судан) покажале дека голем процент се придржува на африканската традиционална религија (17%) и христијанството (8%). Меѓу христијаните, поголем процент зазимаат Римокатолиците и Англиканите, иако други деноминации се исто така активни, а верувањата на африканските традиционални религии често се помешани со христијанските верувања[10][11][12] .

Според најновите податоци спроведени од Pew Research Center од декември 2012 година, во 2010 година имало 6 милиони христијани (60,46%), 3 следбеници на африканската традиционална религија (32,9%), 610.000 муслимани (6.2%) и 50.000 останати од вкупно 9.940.000 луѓе во Јужен Судан[13].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанстово е најголема религиозна група во земјата. Најголем процент од христијанските деноминации зазимаат Римокатолиците со 55,83%, Англиканите со 24,23%, Протестантите со 18,14 %, Пентекости со 0,58 %, Баптисти со 0,38 % и.т.н.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Pew Forum - Religious Composition by Country
  2. „South Sudan To Respect Freedom Of Religion Says GOSS President | Sudan Radio Service“. Sudanradio.org. 21 февруари 2011. http://www.sudanradio.org/south-sudan-respect-freedom-religion-says-goss-president. посет. 9 јули 2011 г. 
  3. South Sudan profile“, 8 јули 2011 (посет. 9 јули 2011 г).
  4. "Background Note: Sudan" U.S. Department of State 9 November 2010 Retrieved 8 December 2010
  5. Kaufmann, E.P. Rethinking ethnicity: majority groups and dominant minorities. Routledge, 2004, p. 45.
  6. Minahan, J. Encyclopedia of the Stateless Nations: S-Z. Greenwood Press, 2002, p. 1786.
  7. Arnold, G. Book Review: Douglas H. Johnson, The Root Causes of Sudan's Civil Wars. African Journal of Political Science Vol.8 No. 1, 2003, p. 147.
  8. „International Religious Freedom Report 2012 - South Sudan“. U.S. Department of State. http://www.state.gov/j/drl/rls/irf/religiousfreedom/index.htm?year=2012&dlid=208198. посет. 9 јули 2013 г. 
  9. Sudan: A Country Study Federal Research Division, Library of Congress – Chapter 2, Ethnicity, Regionalism and Ethnicity
  10. Christianity, in A Country Study: Sudan, U.S. Library of Congress.
  11. "More than 100 dead in South Sudan attack-officials" SABC News 21 September 2009 Retrieved 5 April 2011
  12. Hurd, Emma "Southern Sudan Votes To Split From North" Sky News 8 February 2011 Retrieved 5 April 2011
  13. Pew Forum on Religion