Религија во Гвинеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Гвинеја[1]
Религија процент
Муслимани
  
85 %
Римокатолици
  
8 %
Останати
  
7 %

Религијата во Гвинеја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 85% од населението се муслимани а 8% се христијани додека 7% припаѓаат на останатите религиозни групи или се нерелигиозни, според податоци на CIA factbook[2]. Според ARDA, 84.8% се муслимани, 3.7% се христијани, и 11.3% се анимисти[3].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Гвинеја.

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија[4][5].

Исламот се проширил од неговото родно место во Арапскиот Полуостров во Африка. Сундијата Кеита (1217-1255), основач на Царство Мали (кое опфаќало дел на денешна Гвинеја, како и други земји), не бил муслиман, но од 1300 година неговите наследници го прифатиле исламот[6]. Десеттиот владетел на империјата, Муса I (1280-1337), исламот го направил државна религија[6] .

Фута Џалон, планински регион на Гвинеја, станал упориште на исламот од крајот на 17 век.[7]. Имаматот Фута Џалон, муслиманска теократска држава, била основана околу 1725 година[8].

Во времето на колонијалната ера, во 1891 година била основана Француска Гвинеја, но новата власт имала мала улога во влијанието на религијата[6]. По прогласувањето на независност во 1958 година, првиот претседател на земјата, со марксистички погледи, се обидел да го намали влијанието на исламот, но неговата популарност се намалила и во 1970 година тој морал да започне преговори со муслиманските институции за озаконување на неговото владеење[4]. Во 1982 година била изградена Големата џамија во главниот град Конакри, со финансии од саудискиот крал[9]. Оваа џамија е најголемата џамија во Западна Африка, со внатрешен просор кој може да се собере 10.000 верници[10].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството е втора најголема религија во земјата. Таа вклучува верници од Римокатолици, Англикани, Баптисти, Евангелисти, Адвентисти и други припаници. Јеховини сведоци се активни во земјата и признати од страна на Владата[11].

Верско насилство[уреди | уреди извор]

Во јули 2013 година започнале етничко-религиозни борби во градот Нзерекоре[12] помеѓу етничката група Кпеле кои се христијани или анимисти, и етничката група Конијанке, кое се муслимани. Во конфликтот загинале најмалку 54 луѓе[13].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1]
  2. "Guinea 2012 International Religious Freedom Report", US State Department, Bureau of Democracy, Human Rights and Labor.
  3. „Guinea“. ARDA. конс. 25 May 2016. 
  4. 4,0 4,1 Esposito, John L. (21 October 2004). The Oxford Dictionary of Islam. Oxford University Press. стр. 97. ISBN 9780199757268. http://books.google.com/books?id=E324pQEEQQcC&pg=PA97. посет. 17 ноември 2016 г. 
  5. „Guinea 2013 Religious Freedom Report“ (PDF). United States Department of State. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Hill, Margeri. „The Spread of Islam in West Africa: Containment, Mixing, and Reform from the Eighth to the Twentieth Century“. Freeman Spogli Institute for International Studies. 
  7. Camara, Mohamed S. „Nation Building and the Politics of Islamic Internationalism in Guinea: Toward an Understanding of Muslims' Experience of Globalization in Africa“. Embry–Riddle Aeronautical University. 
  8. Davidson, Basil (29 October 2014). West Africa Before the Colonial Era: A History to 1850. Routledge. стр. 86. ISBN 9781317882657. http://books.google.com/books?id=4SEiBQAAQBAJ&pg=PA86. 
  9. „Conakry: Capital of Islamic Culture in the African Region for 2011“. Islamic Educational, Scientific and Cultural Organization. 
  10. Justin Schamotta. „Famous Places in Guinea, Africa“.
  11. "Guinea 2012 International Religious Freedom Report", US State Department, Bureau of Democracy, Human Rights and Labor.
  12. "Guinea's Conde appeals for calm after 11 killed in ethnic clashes", Reuters, July 16, 2013.
  13. "Guinean troops deployed after deadly ethnic clashes", BBC Africa, 17 July 2013.