Религија во Уганда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Уганда
религија пороцент
Католицизам
  
42 %
Протестантство
  
42 %
Ислам
  
14 %
Останати
  
2 %

Религијата во Уганда има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Уганда е религиозно разновидна нација, а христијанството и исламот се најголемите религии. Според пописот од 2014 година, над 84% од населението било христијанско, додека околу 14% од населението се придржувало на исламот[1]. Во 2009 година, во северниот и западниот дел на Нил доминирале Римокатолиците, додека во округот Иганга во источниот дел од земјата имало сконцентрирано најголем процент на муслимани[2].

Слободата на религијата е загарантирана со уставот на Уганда, но од религиските групи се очекува да бидат регистрирани кај владата. Некои религии кои се сметаат за култови се ограничени. Католичката црква, Црквата на Уганда, Православната црква и Врховниот совет на муслиманите на Уганда се регистрирани според законот. Повеќето други верски групи се регистрираат годишно како невладини организации[2].

Статистички податоци[уреди | уреди извор]

Религиозна припадност во Уганда[3]
Припадност 1991 2002 2014 [1]
Христијани 85.4% 85.2% 84.5%
Римокатолици 44.5% 41.9% 39.3%
Црква на Уганда (Англикани) 39.2% 35.9% 32.0%
Пентекости -[note 1] 4.6% 11.1%
Адвентисти 1.1% 1.5% 1.7%
Баптисти -[note 2] -[note 2] 0.3%
Православни <0.1% 0.1% 0.1%
Останати христијани 0.6% 1.2%[note 3] -[note 2]
Муслимани 10.5% 12.1% 13.7%
Традиционалисти - 1.0% 0.1%
Бахаи -[note 1] 0.1% -[note 2]
None -[note 1] 0.9% 0.2%
Останати нехристијански верници 4.0% 0.7%[note 4] -[note 2]
Останати -[note 2] -[note 2] 1.4%
Notes
  1. 1,0 1,1 1,2 Пописот од 1991 година немал посебни категории за „Никоја“ и Пентекости, па категоријата „Други христијани“ од 1991 година ги вклучува Пентекостите а во категоријата „Други христијани“ од 1991 година спаѓаат Бахајството и категоријата „Никоја“.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Во пописите од 1991 и 2002 година немало посебни категории за „Баптисти“, а имало и посебни категории за „Други христијани“ и „Други нехристијани“ и „Бахајство“", па категоријата од 2014 „Други“ ги опфаќа и овие (без Баптистите). Пописот наведува дека „Други“ ги вклучува оние религии со помалку од 1% од населението и конкретно ги споменува [[Армијата на спасот], Бахајство, Јеховини сведоци, Презвитеријанство, Хиндуизам, Јудаизам и Будизам.
  3. Ако Пентекостите се спојат за да овозможат подобра споредба со пописот од 1991 година за „Други христијани“, нивниот процент би бил 5,8%.
  4. Доколку Бахајството и „Никој“ се спојат за да овозможат подобра споредба со пописот од 1991 за „Други нехристијани“, нивниот процент би бил 1.7%

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Уганда

Според националниот попис од октомври 2002 година, христијаните од сите деноминации сочинуваат 85,1% од населението на Уганда[3]. Римокатоличката црква има најголем број приврзаници (41,9% од вкупното население). Најголема протестантска црква е Англиканската црква на Уганда, дел од светската англиканска заедница која има на 35,9%. Пентекостите зазимаат 4,6%, додека 1,0% биле групирани под категоријата „Други христијани“[3].

Јеховините сведоци работат во Уганда под името на „Меѓународна библиска асоцијација на студентите“ и работат на вкупно десет јазици, вклучувајќи ги свахилски јазик и луганда. Следбениците на Вилијам Бранхам тврдат дека имаат десетици илјади верници, благодарение на голем дел од напорите за превод и дистрибуција на „Гласот на Бог“[4].

Презвитеријаните во Уганда имаат 100-200 собранија. Реформираната презвитеријанска црква во Уганда била формирана како резултат на поделбата во Презвитеријанската црква.

Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни тврди дека има повеќе од 14.000 членови во 27 собранија во Уганда. Тие исто така имаат два семејни центри за историја[5].

Квекерите имаат два годишни состаноци. Во 2001 година броеле околу 3.000 членови[6].

Една студија од 2015 година проценува дека околу 35.000 христијански верници имаат муслиманско потекло[7].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Уганда

Исламот во Уганда пристигнал од север и преку внатрешните мрежи на источноафриканската крајбрежна трговија до средината на 19 век. Некои муслимани во Баганда го следеле примерот на Мутеса I кога тој заедно со своето семејство го прифатил исламот.

Според Националниот попис во 2002 година, исламот во Уганда се практикувал од 12,1% од населението. Сепак, Pew Research Center во 2014 година проценува дека 11,5% од населението на земјата биле муслимани[8]. Најголемиот дел од муслиманите во Уганда се сунити. Мали шиитски малцинства и припадници на Ахмадија се исто така присутни[9].

Според проценките објавени во 2009 година, округот Иганга на исток од Уганда има најголем процент муслимани[2].

Во јуни 2016 година, најмалку шест муслимански селани убиле христијанка во селото Наиговија Луука откако одбила да ја даде својата земја за изградба на муслиманска џамија[10]. Муслиманските роднини на една христијанка ја отруле својата ќерка која јадела во текот на денот на Рамазан[10].

Во извештајот од јули 2016 година, поранешниот имам го изгубил своето семејство, дом и бизнис откако неговото семејство и роднини дознале дека станал христијанин. Тој избегал откако ги слушнал нивните планови за негово убиство[11].

Хиндуизам[уреди | уреди извор]

Бахајски храм

Хиндуизмот во Уганда пристигнал кога колонијалната Британска Империја довела хиндуистички верници заедно со другите индиски работници во своите источноафрикански колонии кон крајот на 19 и почетокот на 20 век[12][13]. Оваа имиграција во Уганда требало да помогне во изградбата на железничката пруга Кенија-Уганда која ги поврзува делови од Уганда и Кенија[14] [15]. Најголемото заминување на Хиндустите од Уганда се случило кога генералот Иди Амин ги протерал и им ги конфискувал нивните имоти во 1972 година[14][15][16]

Покрај градењето на големи инфраструктурни проекти, Хиндусите биле дел од глобалното движење на работници во делови од Британската Источна Африка, со цел да им помогнат на британската влада да воспостави услуги, малопродажни пазари и административна поддршка.[12][13][17]. Британците поканиле индиски работници бидејќи локалната квалификувана работна сила била недостапна. На врвот на инфраструктурните проекти во Уганда-Кенија, од Индија биле донесени 32.000 луѓе[18]. Речиси 2.500 работници загинале поради тешки и небезбедни работни услови за време на овие проекти. По завршувањето на проектот, речиси 70% од работниците се вратиле во Индија, додека околу 6.000 биле апсорбирани во други британски операции, како што се малопродажбата и администрацијата[18][19].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Уганда започнало да расте во 1951 година, а четири години подоцна во земјата веќе имало 500 верници на 80 локации, вклучувајќи 13 локални духовни собранија[20]. Во време на владеењето на Иди Амин, бахајството било забрането а Енох Олинга заедно со неговот семејство биле убиени[21]. Денес, заедницата продолжува да расте, иако процентот на населението опфаќа од 19.000 на 105.000.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Census 2014 Final Results
  2. 2,0 2,1 2,2 United States Department of State (26 October 2009). "Uganda". International Religious Freedom Report 2009. конс. 2010-06-05. 
  3. 3,0 3,1 3,2 "2002 Uganda Population and Housing Census - Main Report" (PDF). Uganda Bureau of Statistics. конс. 2008-03-26. 
  4. http://branham.org/offices/20090715_AHistoryOnUganda
  5. Facts and Statistics: Uganda, LDS Church, конс. 2016-05-25 
  6. Zarembka, David (2001). "Friends Peace Teams: African Great Lakes Initiative". 
  7. Johnstone, Patrick; Miller, Duane (2015 г). Believers in Christ from a Muslim Background: A Global Census. „IJRR“ том  11: 15. https://www.academia.edu/16338087/Believers_in_Christ_from_a_Muslim_Background_A_Global_Census. посет. 6 декември 2015 г. 
  8. "Global Religious Diversity: Appendix 2, Religious Diversity Index Scores and Religious Adherents by Region and Country" (PDF). Pew Research Center. 4 April 2014. конс. 19 January 2017. 
  9. "The World's Muslims: Unity and Diversity" (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. 9 August 2012. конс. 14 August 2012. 
  10. 10,0 10,1 "Christian widow murdered for refusing to give her land for mosque; Muslim woman kills infant baby fed during Ramadan", Christian Times, 4 July 2016, accessed 25 December 2016
  11. Muslim Imam converts to Christianity in Uganda; Resulting persecution sees him lose family, home and business. 26 July 2016. Retrieved 25 December 2016
  12. 12,0 12,1 Sushil Mittal; Gene Thursby (2009). Studying Hinduism: Key Concepts and Methods. Routledge. стр. 87–88. ISBN 978-1-134-41829-9. https://books.google.com/books?id=QdBFq2Ia79AC&pg=PA87. 
  13. 13,0 13,1 Kim Knott (2016). Hinduism: A Very Short Introduction. Oxford University Press. стр. 91–92. ISBN 978-0-19-874554-9. https://books.google.com/books?id=-Ts6CwAAQBAJ&pg=PA91. 
  14. 14,0 14,1 Constance Jones; James D. Ryan (2006). Encyclopedia of Hinduism. Infobase Publishing. стр. 10–11. ISBN 978-0-8160-7564-5. https://books.google.com/books?id=OgMmceadQ3gC&pg=PA10. 
  15. 15,0 15,1 Malory Nye (2013). A Place for Our Gods: The Construction of an Edinburgh Hindu Temple Community. Routledge. стр. 48–50. ISBN 978-1-136-78504-7. https://books.google.com/books?id=QF5cAgAAQBAJ&pg=PA48. 
  16. David S. Fick (2002). Entrepreneurship in Africa: A Study of Successes. Greenwood Publishing. стр. 199. ISBN 978-1-56720-536-7. https://books.google.com/books?id=EL0366oH3ckC&pg=PA199. 
  17. David Levinson; Karen Christensen (2003). Encyclopedia of Community: From the Village to the Virtual World. Sage Publications. стр. 592. ISBN 978-0-7619-2598-9. https://books.google.com/books?id=t1geOjQ6R0MC&pg=PA592. 
  18. 18,0 18,1 Wolmar, Christian (2009). Blood, Iron & Gold: How the Railways Transformed the World. London: Atlantic. стр. 182–183. 
  19. Otte, T. G.; Neilson, Keith (eds.) (2012). Railways and International Politics: Paths of Empire, 1848–1945. Military History and Policy. London: Routledge. стр. 8–9. ISBN 9780415651318. 
  20. Hassall, Graham (2003-08-26). "References to Africa in the Bahá'í Writings". Asian/Pacific Collection. Asia Pacific Bahá'í Studies. конс. 2008-06-21. 
  21. Francis, N. Richard. „Enoch Olinga -Hand of the Cause of God, Father of Victories“. Bahá'í Faith Website of Reno, Nevada. http://bahai-library.com/francis_olinga_biography