Религија во Замбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Замбија
Религија процент
Христијанство
  
95,5 %
Ислам
  
0,5 %
Останати
  
3,8 %
Хиндуистички храм

Религијата во Замбија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е официјална религија во Замбија според уставот од 1996 година[1], и огромното мнозинство на населението се христијани од разни деноминации, но постојат многу други верски традиции. Традиционалните верувања лесно се вклопуваат во христијанските верувања во многу синкретички цркви во земјата. Други религии се бахајство, исламот, хиндуизмот, сикизмот и јудаизмот.

Во 2010 година, според World Christian Trends, 85,5% од населението се идентификувале како христијани, 11,2% се идентификувале со домородните религии, 1,8% како бахаи, 1,1% како муслимани, 0,2% како агностици, 0,1% како хиндуисти, а сите други групи учествувале со помалку од 0,1%.[2]. Според пописот од 2010 година, 75,3% од Замбија биле протестанти, 20,2% биле католици, 0,5% биле муслимани, 2,0% други религии, а 1,8% немале религија[3].

Позадина[уреди | уреди извор]

Замбија добила независност во 1964 година од Британците. Постигнувајќи независност, постоеле Пентекостнии Харизматични мисионери од Соединетите Американски Држави во текот на 70-тите, кои успеале да придобијат голем број на верници. Растот на религијата стагнирал во текот на 80-тите и 90-тите години поради зголемените економски превирања. Фридрих Чилуба станал претседател во 1991 година и во следниот период Пентекостите значително се прошириле низ целата земја[4]. Додека првиот устав не ја специфицирал религијата, амандманот во 1996 година ја прогласил нацијата за „христијанска“, поддржувајќи го правото на секое лице да ужива во слободата религијата. Според член 1 од уставот, земјата е суверена секуларна република, а според член 25, граѓаните слободно можат да ги изразат мислите и да практикуваат било која религија[5].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијански храм

Се смета дека христијанството пристигнало во земјата преку европските протестантски мисионери и истражувачи во средината на 19 век. Дејвид Ливингстон бил шкотски мисионер го привлекол вниманието на Африка кон западниот свет. Ливингстон ја инспирирал Европа преку трговијата со робови. Тој го предводел патот во Централна Африка на мисионерите кои го започнале образованието и здравствената заштита за Африканците. Многу африкански лидери и племиња го почитувале и тој бил една од главните причини за олеснување на односите меѓу нив и Британците.[6].

Замбија е официјално христијанска нација според уставот од 1996 година[1], но постојат различни религиозни традиции. Христијанските деноминации вклучуваат: Презвитеријани, Римокатолици, Англикани, Пентекости, верници на Нова апостолска црква, Лутерани, Адвентисти, Јеховини сведоци, верници од Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни, и.т.н.

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајската популација во Замбија е проценета на 162.443 или 1,70% од населението[7]. Врз основа на тие податоци, Adherents.com го рангира бахајството како шеснаесетти највисок национален процент на бахајски верници во светот[7] и четврта по големина во Африка[7][8].

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот пристигнал во Замбија преку арапските робови во средината на 18 век. Други муслимани и луѓе од хиндуистичката заедница пристигнале во Замбија за време на Британското колонијално владеење.[8].

Околу 1% од Замбијците се муслимани и главно живеат во урбаните средини[9]. Најголемиот дел од муслиманите во Замбија се сунити. Исто така постои и заедница на Шиитите. Околу 500 луѓе во Замбија припаѓаат на исламската секта Ахмадија[10].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Amended Constitution of Zambia“. Government of Zambia. http://www.scribd.com/doc/3713564/Constitution-of-Zambia-1991Amended-to-1996. посет. 15 октомври 2016 г. 
  2. „Zambia“. Association for Religion Data Archives. http://www.thearda.com/internationalData/countries/Country_245_2.asp. посет. 11 февруари 2016 г. 
  3. „2010 Census of Population and Housing“. http://www.zamstats.gov.zm/report/Census/2010/National/2010%20Census%20of%20Population%20National%20Analytical%20Report.pdf. посет. 11 февруари 2016 г. 
  4. Matthew Steel. "Pentecostalism in Zambia : Power, Authority and the Overcomers". MSc Dissertation. University of Wales.
  5. Durham, W. Cole; Ferrari, Silvio; Cianitto, Cristiana; Thayer, Donlu (2016). Law, Religion, Constitution: Freedom of Religion, Equal Treatment, and the Law. Routledge. стр. 164. ISBN 9781317107385. https://books.google.com/books?id=4I8WDAAAQBAJ&pg=PA164&dq=zambia+religion&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwi8h5z25uPPAhXJrI8KHbfnBpE4ChDoAQgaMAA#v=onepage&q=zambia%20religion&f=false. 
  6. Blaikie, William Garden (1880). The Personal Life of David Livingstone. http://www.gutenberg.org/etext/13262. посет. 16 октомври 2016 г. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Adherents.com. „The Largest Baha'i Communities“. http://adherents.com/largecom/com_bahai.html. посет. 29 октомври 2007 г. 
  8. 8,0 8,1 Juergensmeyer, Mark; Roof, Wade Clark, уред-ци (2011). Encyclopedia of Global Religion. SAGE Publications. ISBN 9781452266565. https://books.google.com/books?id=WwJzAwAAQBAJ&pg=PA1399&dq=zambia+religion&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwib7eS3veTPAhVDso8KHaGeBUwQ6AEINTAF#v=onepage&q=zambia%20religion&f=false. 
  9. „International Religious Freedom Report 2010 - Zambia“. Government of Zambia. 2011. https://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2010/148728.htm. посет. 16 октомври 2016 г. 
  10. Henze, John, уред (2007). Some basics of religious education in Zambia. Mission Press. https://books.google.com/books?id=sbElAQAAIAAJ&q&dq&hl=en&sa=X&ei=pYw4U-DwBKKt0QWB1oH4DA&ved=0CDEQ6AEwAA. посет. 30 март 2014 г.