Религија во Зелен ’Рт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Зелен ’Рт[1]
Религија процент
Христијанство
  
85,3 %
нерелигиозни
  
10,8 %
Ислам
  
1,8 %
Останати
  
2,1 %

Религијата во Зелен ’Рт има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата.

Црква во Зелен ’Рт

Христијанство[уреди | уреди извор]

Католичката црква во островската земја била основана од страна на португалските трговци во 1533 година. Дипломатските односи меѓу Ватикан и Зелен 'Рт биле воспоставени во 1976 година[2]. Епархија во Мандело била поделена на два дела во 2003 година со кое била основана епархија во Сантијаго. Во 2011 година бил потпишан договор меѓу владата и Ватикан за создавање на правна основа за основање на католички училишта во земјата[3].

Денес повеќе од 93% од населението на Зелениот ’Рт се Католици, според податоците на локалните цркви.[4] Околу 5% од населението се протестанти.[5] Покрај овие две, во државата има помали групи на Мормони и останати христијански деноминации[4] како Црква на Адвентистите од седмиот ден, Нова апостолска црква, Пентекости и.т.н.[4]

Останати[уреди | уреди извор]

Во земјата постои мала бахајска и мала муслиманска заедница. Бројот на атеисти се проценува на помалку од 1% од населението.[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://m.state.gov/md168393.htm
  2. „Agreement Ratified Between Holy See and Cape Verde“. Zenit News Agency. 2014-04-04. конс. 2015-03-05. 
  3. „Catholic Bishops of Cape Verde on their ad limina visit“. Vatican Radio. 2014-09-10. конс. 2015-03-05. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 International Religious Freedom Report 2007: Cape Verde. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  5. Susanne Lipps: Kapverdische Inseln, p.47. Ostfilern 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]