Религија во Алжир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Алжир (2012)[1]
Религија Процент
Ислам
  
99 %
Останати
  
1 %

Религијата во Алжир е доминантна од страна на муслиманите со околу 99% од вкупниот број на население.[2]. Огромното мнозинство на муслимани во Алжир се придржуваат на сунитскиот ислам на маликиски мезхеб на јуриспруденција. Исто така, во земјата живеат и речиси 100.000 христијани, главно Пентекости. Според Стејт Департментот на САД, во земјата живеат и околу 2.000 Евреи.

Ислам[уреди | уреди извор]

Паша џамија во Оран

Исламот е религијата на скоро целиот алжирски народ. Религијата им нуди на верниците свој социјален и културен идентитет преку нивните основни етички убедувања[3].

Рана историја[уреди | уреди извор]

Пред да започне Арапското освојување на Северна Африка, поголемиот дел од жителите ја почитувале традиционалната Берберска митологија, но како религија бил застапен и јудаизмот. Со доаѓањето на Римјаните започнало да се шири и христијанството. Свети Августин е еден од најважните теолози во католицизмот кој бил роден во Алжир. Исламот започнал да се шири во Магреб во втората половина на 7 век и почетокот на 8 век[4].

Во текот на 7 век, муслиманите стигнале во Северна Африка, а од почетокот на 8 век Берберите во најголем дел го прифатиле исламот. Сунитскиот ислам, поголемата од двете големи гранки на верата, е форма која се практикува од страна на големо мнозинство на муслимани во Алжир, додека постои мало малцинство кое го практикува ибадизмот и шиизмот[4]. Еден од доминантните карактеристики на исламот во Северна Африка е култот на светите луѓе или мурабити, за кои се верува дека можат да прават чуда. Муслиманите веруваат и дека оваа божја дарба може да биде наследна за членовите на семејството.[4].

Вера и држата[уреди | уреди извор]

Евреите и христијаните, чии религии биле признати како претходници на исламот од страна на муслиманските власти, а како основна нивните членови имале дополнителни даноци[5]. Набргу по пристигнувањето во Алжир, францускиот колонијалнен режим започнал поткопување на традиционалната муслиманска алжирска култура. Француската идеја како слобода на вероисповед многу се разликувала од исламскиот начин на живеење. Поради оваа причина, исламот бил силен елемент на движењето во отпорот против Французите.[5]

По прогласувањето на независност, алжирската влада започнала државната контрола врз верските активности поради национална консолидација и политичка контрола. Исламот станал државна религија во новиот устав. Ниту еден закон не било дозволено да се донесе, а кој би бил спротивен од исламските принципи или на било кој начин ќе ги поткопа исламските верувања. Државата го монополизирала градењето на џамии и Министерството за верски прашања контролирала околу 5.000 јавни џамии во средината на 1980-тите. Имамите биле обучувани, именувани и платени од страна на државата. Министерството исто така имало право и да доделува верски имоти[5].

Овие мерки, сепак не ги задоволило на сите. Уште во 1964 година, милитантното исламистичко движење наречено Ал Киџам се појавило и станало предвесник на Исламскиот ослободителен фронт на 1990-тите. Движењето повикало на доминантна улога за исламот во правниот и политички систем на Алжир и се спротивставувало на западните практики во општествениот и културниот живот на Алжир[5]. Иако милитантниот исламизам бил потиснат, тој повторно се појавил во 1970 година, но под друго име и со нова организација. Движењето започнало да се шири на универзитетските кампуси. До 1980-тите, движењето станало уште посилно, а во ноември 1982 година избиле крвави судири на Универзитетот во Алжир[5]. Порастот на исламизмот имало значително влијание врз алжирското општество. Повеќе жени започнале да носат превез, некои поради тоа што станале поконзервативни и други, поради големиот број на малтретирања низ улиците или на универзитетите.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Римокатоличка катедрала

Христијанството во Северна Африка дошло во римскиот период. Неговото влијание се намалило во текот на хаотичниот период од постојани вандалски инвазии но во времето на Византија христијанството повторно имало голема улога во земјата, за да постепено исчезне во 7 век, по Арапскоѕо освојување на регионот[6]. Денеска, во земјата постои и мала протестантска заедница. Според една студија од 2015 година, во Алжир живеат околу 380,000 верници и поголемиот дел од нив се евангелисти[7].

Римокатоличката црква имала големо влијание по Француската окупација на Алжир. Во 1838 година била основана Алжирската епархија. Во овој период започнале и римокатолички мисии, кои се занимавале со добротворна и хуманитарна работа, воспоставување на училишта, работилници и амбуланти и обука на кадарот за новите претпријатија. Некои од мисионерите од овие организации останале во земјата по независноста. Во почетокот на 1980-тите години, римокатоличкото население броело околу 45.000 верници, од кои поголемиот број биле странци или Алжирци кои се ожениле со француски или италијански мажи. Покрај тоа во земјата имало и протестантска заедница. Бидејќи Владата усвоила политика на повлеченост за верската припадност во пописите за да се избегне провоцирање на верски тензии, бројот на христијаните во почетокот на 1990-тите години не бил познат[6].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Синагога

Бахајството во Алжир датира од 1952 година[8] . Иако религијата постигнала скромен раст со неколку конвертирани во времето пред независноста на Алжир[8], по независноста новата влада усвоила исламски практики со отфрлање на колонијалните влијанија[9], а потоа религијата ефикасно била забранета во 1968 година.[10]. Но според Здружението на религиозните архивски податоци и според Wolfram Alpha, процентот на населението на бахаисти се движи од 3.3[11] до 3.8%[12] од 2005 до 2010 година.

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Еврејската заедница на Алжир своите корени ги има уште од античкиот период. Некои верници тврдат дека имаат потекло од имигрантите од Палестина кои се населиле во земјата во текот на римскиот период. Мнозинството се потомци на бегалците од шпанскиот прогон во почетокот на 15 век. Тие биле околу 140.000 пред Алжирската војна, но по независноста во 1962 година речиси сите од нив ја напуштиле земјата. Поголемиот дел емигрирале во Франција, која им овозможила и француско државјанство.[6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Africa :: ALGERIA“. CIA The World Factbook. 
  2. „Africa: Algeria“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 17 January 2010. конс. 7 December 2009. 
  3. Deeb, Mary Jane. "Islam." Algeria (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Chapan Metz, ed. December 1993. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  4. 4,0 4,1 4,2 Deeb, Mary Jane. "Early History." Algeria (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Chapan Metz, ed. December 1993. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Deeb, Mary Jane. "Islam and the Algerian State." Algeria (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Chapan Metz, ed. December 1993. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  6. 6,0 6,1 6,2 Deeb, Mary Jane. "Religious minorities" Algeria (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Chapan Metz, ed. December 1993. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  7. Johnstone, Patrick; Miller, Duane Alexander (2015 г). Believers in Christ from a Muslim Background: A Global Census. „IJRR“ том  11 (10): 1-19. https://www.academia.edu/16338087/Believers_in_Christ_from_a_Muslim_Background_A_Global_Census. посет. 30 октомври 2015 г. 
  8. 8,0 8,1 Hassall, Graham (c. 2000). „Bahá'í Communities by Country: Research Notes; Algeria“. Asia Pacific Bahá'í Studies: Bahá'í Communities by country. Bahá'í Online Library. конс. 2013-04-23. 
  9. Taylor, Paul M. (2005). Freedom of religion: UN and European human rights law and practice. Cambridge University Press. стр. 57. ISBN 978-0-521-85649-2. https://books.google.com/books?id=sS94Lw9eObIC&lpg=PA57&ots=0jbn-aKG4x&dq=morocco%20baha'i&pg=PA57#v=onepage&q=algeria%20baha'i&f=false. 
  10. Cameron, G.; Momen, W. (1996). A Basic Bahá'í Chronology. Oxford, UK: George Ronald. стр. 309, 316, 330, 373, 380. ISBN 0-85398-404-2. 
  11. „Most Baha'i Nations (2005)“. International > Regions > Northern Africa. The Association of Religion Data Archives. 2005. конс. 2013-04-23. 
  12. Algeria religions“. Wolfram Alpha Online. (March 13, 2010). Wolfram Alpha (curated data). (посет. 23 април 2013 г)