Религија во Република Конго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Република Конго
Религија процент
Протестанти
  
51,4 %
Римокатолици
  
33 %
Останати христијани
  
4,4 %
Останати или нерелигиозни
  
14,1 %

Религијата во Република Конго има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во Република Конго е христијанството со околу 85,9% од населението на земјата. Од христијанските деноминации, 51,4% се Протестанти, 33% се Римокатолици, и 19,9% се други протестанти.

Муслиманите се 1,6% од вкупниот број на население и главно исламот е присутен поради приливот на странски работници во урбаните центри[1]. Повеќето муслимански работници во урбаните центри се имигранти од Западна Африка и од Либан, а некои, исто така, и од Северна Африка. Западноафриканските имигранти пристигнале во најголем дел од Мали, Бенин, Того, Мавританија и Сенегал. Муслиманите во најголем дел се сунити, додека во земјата живеат и околу 6.000 следбеници на Ахмадија[2].

Мал број на христијани го поддржуваат Кимбангизмот,синкретистичко движење кое потекнува од соседна Демократска Република Конго. Задржувајќи многу елементи на христијанството, Кимбангизмот исто така го признава нејзиниот основач како пророк и вклучува африкански традиционални верувања, како обожавање на предците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Congo, Republic of the“. CIA – The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2017-07-03.
  2. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-24. Посетено на February 22, 2014.