Религија во Руанда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Руанда
Религија Процент
Христијанство
  
94 %
Ислам
  
4,6 %
Останати
  
1,8 %

Религијата во Руанда има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис од 2002 година, но и според податоците објавени од страна на американската влада, е христијанството со околу 94%, додека втора по големина е исламот со 4.6%, 1,8% немале религија или се придржувале кон други верувања. Според други податоци, најголема христијанска заедница претставуваат Римокатолиците со 56,9%, протестантите зазимаат 26%, Адвентистите - 11,1%. Муслиманите главно се сунити, а 0,1% практикуваат традиционални домородни верувања[1]

Податоците за протестантите верници вклучуваат зголемен број членови на Јеховини сведоци (36.000 во 2013 година) и евангелистичките протестантски групи[1]. Исто така постои и мала популација на бахајски верници.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Руанда
Црква во Руанда

Христијанството во Руанда е најголема религија според последниот попис од 2002 година. Во 2000 година во земјата работеле 7,600 цркви кои припаѓале на 35 различни христијански деноминации[2].

Првите христијански мисионери во Руанда биле припадници на католичката заедница „Бели Отци“, кои пристигнале во регионот во 1889 година. Со основањето на белгиската администрација, католичките мисионери станале советници на белгиските власти. Во 1943 година, кралот Мутара III го прифатил крштевањето, а неговиот пример бил проследен од страна на речиси цела аристократија на царството. Бројот на католици во тој период започнал рапидно да се зголемува. Во 1950 година нивниот број изнесувал 25% од населението на Руанда, во 1961 година - 34%; 1988 година - 50%[3]. За време на пописот од 1991 година, како католици во земјата се изјасниле 62,6% од жителите на Руанда. Сепак, по геноцидот од 1994 година, бројот на католици во земјата започнал да се намалува. Според пописот во 2002 година, во земјата живеат 49,5% католици.

Протестантските мисионери во земјата биле Лутераните кои пристигнале во 1907 година. Во 1920 година на нив им се придружиле Адвентистите, Презвитеријаните и англиканците. Од 1938 година во земјата започнале мисии на Баптистите, а од 1940 година и на Пентекостите. Во моментов, најголема протестантска деноминација зазимаат англиканците, Адвентистите и Пентекостите со повеќе од еден милион следбеници посебно.

Во 1958 година во Руанда имало и заедница на Православни христијани од грчко и руско потекло. Започнувајќи од 1990 година, на населението започнало да му служи и Александриската патријаршија. Во 2009 година била основана Епархијата на Бурунди и Руанда.

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот во земјата е присутен од почетокот на XX век. Во 1913 година била изградена првата џамија во земјата. Во 1964 година, владата на Руанда го признала Здружението на муслиманите во Руанда. По геноцидот во 1994 година, според дневните весници, голем број на христијани во земјата го прифатиле исламот. Во 2001 година, Шеик Салих тврдел дека муслиманите сочинуваат 18% од населението на Руанда, The New York Times навел 15%[4]; The Washington Post 14%[5]. Сепак, овие бројки не се потврдени во следните студии. Во општиот попис на населението во 2002 година, како муслимани се изјасниле само 1,8% од населението[6] Според Светската христијанска база на податоци, во 2010 година муслиманите биле 4,8% од населението на Руанда[7].

Геноцид[уреди | уреди извор]

Бегалски камп во Заир

Околу 800.000 жители на Руанда загинале за време на етничкото насилство за краток временски период од 100 дена помеѓу април и јуни 1994 година[8]. Поголемиот дел од оние кои загинале биле Тутси, а поголемиот дел од оние го извршиле насилството биле Хутуси.

Геноцидот започнал по смртта на претседателот на Руанда, Жувенал Хабијаримана на 6 април 1994 година кога неговиот авион паднал. Се појавиле информации дека нарачателите се Тутси, по кое Хутусите ја зазеле власта, премиерката на земјата била убиена следниот ден. Во организирањето на кампањата за масовни убиства биле инволвирани и обични граѓани. Многу Тутси биле убиени од своите соседи. Според Тимоти Лонгман, католичките и протестантските цркви помогнале да се спроведе геноцидот. Црковните лица копнееле да ја играат самата етничка политика, фаворизирајќи ги најпрвин Тутсите за време на колонијалниот период, а потоа и Хутусите по 1959 година, испраќајќи порака дека етничката дискриминација е во согласност со црковното учење. Црковните водачи имале блиски врски со политичките водачи, а по започнувањето на геноцидот, црковните водачи го повикале населението да ја поддржат новата привремена влада односно самата влада која го поддржува геноцидот.

Во периодот пред геноцидот, 1990-1994, во повеќето цркви се појавиле големи поделби меѓу умерените луѓе кои промовирале демократски промени и конзервативците поврзани со режимот на претседателот. Голем дел од свештенството биле Тутси, и генерално ги поддржувале демократските реформи, додека умерените Хутуси во рамките на црквите ги поддржале и реформите. Кога геноцидот започнал во 1994 година, некои свештеници и други црковни водачи се спротивставиле на насилството[9], дури и со ризик по сопствените животи[10]. На 20 ноември 2016 година, Католичката црква во Руанда објавила изјава потпишана од девет епископи во која се извинува за улогата на нејзините членови во геноцидот од 1994 година[11].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 International Religious Freedom Report, 2013: Rwanda, United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor. http://www.state.gov/documents/organization/222297.pdf. AND International Religious Freedom Report, 2011: Rwanda, United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor. http://www.state.gov/documents/organization/192958.pdf. Retrieved 2014-08-20. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  2. „Christian Population as Percentages of Total Population by Country“ (англиски). Pew Research Center. January 2011. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2014-03-07.
  3. Gerard van’t Spijker. Rwanda // Religions of the World: A Comprehensive Encyclopedia of Beliefs and Practices / J. Gordon Melton, Martin Baumann. — Oxford, England: ABC CLIO, 2010. — С. 2480-2486. — 3200
  4. Marc Lacey (2004-04-07). „Ten Years After Horror, Rwandans Turn to Islam“ (англиски). The New York Times. Посетено на 2014-03-07.
  5. Emily Wax (2002-09-23). „slam Attracting Many Survivors of Rwanda Genocide“ (англиски). The Washington Post. Посетено на 2014-03-07.
  6. „FINAL RESULTS: STATISTICAL TABLES“ (PDF). 3rd GENERAL CENSUS OF POPULATION AND HOUSING OF RWANDA – August 2002 (англиски). National Institute of Statistics of Rwanda. November, 2003. Посетено на 2014-03-07. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  7. „Rwanda“ (англиски). The Association of Religion Data Archives. Архивирано од изворникот на 2014-04-28. Посетено на 2014-03-07.
  8. https://www.hrw.org/legacy/reports/1999/rwanda/Geno1-3-04.htm#P95_39230
  9. Longman, Timothy (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. African Studies. 112. Cambridge University Press. стр. 322. ISBN 9780521191395. Посетено на 2013-04-10. [...] among the first acts of the genocide was for the regime that benefited from the support of church leaders to target these sources of opposition, such as the Jesuit Centre Christus in Kigali.
  10. Longman, Timothy (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. African Studies. 112. Cambridge University Press. стр. 189. ISBN 9780521191395. Посетено на 2013-04-10. Некои од првите цели вклучувале прогресивни елементи во црквите. Едно од првите места што ги погодиле одредите на смртта на 7 април бил Центарот Христос, језуитски центар кој имал мисија да бара етничко помирување и да им помогне на сиромашните и ранливите. Околу 7 часот, во центарот пристигнала група од шест војници и ги заобиколила присутните. Го поделиле месното население од европските свештеници и монахињи...
  11. „Rwanda: Catholic bishops apologize for role in genocide“. The Washington Post. 20 November 2016. Посетено на 25 November 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]