Религија во Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Гвинеја[1]
Религија процент
Муслимани
  
88 %
Христијани
  
10 %
Останати
  
2 %
Правно мислење за отпадништвото од страна на универзитетот Ал-Азхар во Каиро, една од највисоките исламски институции во светот, во врска со случајот на еден човек кој го прифати христијанството: „Откако го напушти исламот, тој ќе биде поканет да го изрази своето покајание. Ако не се покае, ќе биде убиен според правата и обврските на исламскиот закон“. Фатвата исто така споменува дека истото важи и за неговите деца, откако ќе достигнат зрелост.

Религијата во Египет има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Религијата e контролира од многу аспекти на општествениот живот и е одобрена со закон. На пописот на населението од 2006 година религијата не била вклучена како посебна гранка, така што бројот на припадниците на различни религии обично се груби проценки направени од страна на верски водачи и невладини агенции.

Египет е претежно муслиманска земја, со 88% од населението кое е околу 80 милиони жители[2][3][4][5][6][7][8][9][10], додека според истражувањето кое било спроведено од страна на Мердад Изади, 86,8% од Египќаните се сунитски муслимани, 10,2% се христијани, 2,9% се шиитски муслимани а останатите 0,1% им припаѓаат на другите вери[11]. Огромно мнозинство на муслиманите во Египет се сунити. Значителен број на сунитските муслимани го следат суфизмот[11]. Постојат под 50,000 муслимани кои го следат редот Ахмадија[12]. Постојат и мал број следбеници на Мутезиле, додека бројот на Имаматите и Ислаилистите се движи од 800.000 до 2-3.000.000 верници[13][14][15].

Според Уставот на Египет, било која легислатива мора да се согласува со исламскиот закон.[16]. Членот 45 од Уставот се однесува на слободата на вероисповед на три аврамски религии (исламот, христијанството и јудаизмот), но само овие три.

Остатокот од Египќаните, кој брои меѓу 10% и 20% од населението[3], претежно припаѓаат на Коптската православна црква во Александрија или на Древноисточните цркви[2][5][6][7][8]. Според најновите испитувања, направени од страна на Папа Шенуда III во 2008 година, бројот на православните Копти во Египет е повеќе од 12 милиони верници. Други проценки направени од страна на црковните лица се проценети дека бројот на верници достигнува до 16 милиони [17]. Протестантските цркви тврдат дека нивниот број на верници е околу 300.000 Египќани[18], а сличен број на верници се претпоставува дека имаат и Коптските католици[9][10]. Врз основа на овие проценки, вкупниот број на христијаните во Египет е помеѓу 15% и 20% од вкупно население од 80 милиони Египќани. Додека некои владини извори тврдат процент од околу 6 до 10%[19][20][21][22][23][24][25][26], голем број на објавени извори како што се Washington Institute на пример, во прилог на некои коптски извори, се придржуваат дека христијаните претставуваат повеќе од 10% од вкупното население и тврдат дека тие всушност сочинуваат до 15 или дури и 20% од египетската популација[27][28][29][30][31][32].

Во земјата постои и мал процент на верници на бахајството, чиј број се проценува на околу 2.000 луѓе[25], и далеку помала заедница на евреи[33], додека бројот на атеисти не е познат. Староегипетската религија тотално е исчезната во Египет, како резултат на новите религии кои се формирале со текот на времето.

Денеска во Египет се наоѓаат две големи верски институции: џамија Ал-Азхар, која била основана во 970 година од Фатимидите и чиј универзитет е прв исламски кој бил основан, и Коптската православна црква во Александрија која била основана во средината на 1 век од страна на Свети Марко.

Во Египет, муслиманите и христијаните живеат како соседи, со споделување на заедничката историја, националниот идентитет, етничката припадност, раса, култура и јазик.[25]. Каиро е познат по своите многубројни џамиии и минариња и оправдано се нарекува „град на 1.000 минариња“[34]. Оваа религиозна сцена била нарушена преку верскиот екстремизам кога во 2006 година Египетскиот административен суд направил јасна правна разлика меѓу „признати религии"“ (односно исламот, христијанството и јудаизмот) и сите други верски убедувања[35]. Оваа одлука ефикасно ги делегитимира и забранува сите останати религии и наметнува на неаврамските верски заедници или да извршат вероломство или да се негираат преку египетските лични карти.

Во 2002 година, за време на владата на Мубарак, коптскиот Божиќ (7 јануари) бил признат како официјален празник,[36], иако коптите се жалат поради нивното минимално застапништво во државната администрација или пак истите дека често биле цел на дискриминација при вработувањето поради својата религија[37].

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот во Египет е доминантна религија со околу околу 85% од населението. Исламот е признат како државна религија од 1980 година[38].

Во доцниот 10 век, Фатимидите градот Каиро го претвориле во своја престолнина, по кое Египет развил широка трговската мрежа во Средоземно Море и Индиски Океан. Во текот на овој период бил основан првиот муслимански универзитет во Каиро, а една од највпечаатливите џамии од тој период е џамијата Ал-Хаким.

Пред инвазијата на Наполеон во 1798 година, речиси сите образовни, правни, здраствени и социјални прашања биле во рацете на верските функционери. Османлиското владеење ги зацврстило позициите на улемата, а истото го направиле и Мамелуците кои владееле со земјата пред Османлиите. Во текот на 19 и 20 век, владите направиле големи напори за да се ограничи улогата на улемата во јавниот живот се со цел да ги доведат овие институции поблиску под државна контрола. По Египетската револуција од 1952 година, владата ја презела одговорноста за именување на претставници на џамиите и верските училишта.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството во Египет е малцинска религија во државата. Египетските христијани се воглавно Копти и се од 5% до 20% од вкупното население на државата. Иако самата држава има мал процент христијани во однос на муслиманите, во поглед на апсолутниот број на христијани Египет е дом на најголемата христијанска заедница во Блискиот Исток и Северна Африка. Христијанството во Египет датира уште од раните почетоци на Римската империја и Александрија е еден од раните центри на христијанството. Сепак, христијаните се соочуваат со жестоко прогонство во државата, особено по 2012 година, каде се палеле цркви и се тероризирал народот од страна на исламските милитанти. Историски гледано, од Арапското освојување на Египет во 642 година, оваа црква е под муслиманската власт. За време на жестоките прогони во 10 и 11 век многу цркви биле разурнати, а голем број на христијани преобратени во ислам. Христијанското монаштво започнало во Египет и тука се одржало без прекин. Во текот на 19 век, патријархот Кирил IV Александриски започнал преговори за присоединување на коптските христијани кон православните, но бил отровен. Неговите противници влегле во сојуз со Рим во 1898 година. Така, под влијанието на Римокатоличката црква, околу 2% од членовите на црквата го признале приматот на римскиот папа. Оваа група истовремено ја образува и т.н. Коптска католичка црква. Се до половината на 20 век живееле во релативна хармонија со соседите. Тоа било прекинато со доаѓањето на Гамел Абдел Насер, чија политика на национализација на приватната сопственост ги погодило пред се коптските христијани, чиј живот се влошил до таа мера што голем дел од нив емигрирале. Коптите наиделе на бројни пречки и тортури, од нивната неадекватна застапеност во јавниот сектор до проблеми при добивање на дозволи за градба на верски објекти.

Еден од најраните манастири кои сеуште опстојува во Египет е манастирот Света Катерина на Синајска Гора.

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Пред 1956 година, според пописот од 1948 година имало 65.639 Евреи. Евреите учествувале во сите аспекти на социјалниот, економскиот и политичкиот живот во Египет. Еден од најжестоките египетски националисти, Јакуб Сано бил евреин. По 1956 година и Суецката криза, голем број на евреи биле протерани од Гамал Абдел Насер. Нивното египетско државјанство било поништено и нивните имоти биле конфискувани. Според еден податок, во 2016 година во земјата останале само 6 евреи.[33].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Египет постои повеќе од 100 години. Првите верници пристигнале во 1863 година[39]. Бахаула, основач на религијата, престојувал накратко во Египет во 1868 година, кога бил на пат кон градот Ако[40]. Првите Египќани го прифатиле бахајството во 1896 година.[41]. И покрај формирањето на рано локално духовно собрание и формирање на Национално собрание, во 1960 година, по промената на режимот, бахајството ги загубил сите права како организирана верска заедница[42] со уредбата 263[43] од декретот на тогашниот претседател Гамал Абдел Насер[44]. И покрај тоа, во 1963 година во Египет имало седум организирани бахајски заедници.[45]. Неодамна, приближно 2.000 верници (според „Египет Денес“ [46] или 7.000 според ARDA)[47] од Египет се бахајски верници.

Хиндуизам[уреди | уреди извор]

Хиндуизмот во Египет е малцинска религија практикувана главно од индиски иселеници и работници во земјата.

Нерелигиозни[уреди | уреди извор]

Нерелигиозноста во Египет е невообичена кај Египќаните, бидејќи исламот е доминантна вера. Тешко е да се измери бројот на атеисти или агностици во Египет, бидејќи тие официјално не се бројат во пописот на земјата[48][49]. Во декември 2014, еден исламски центар за образование и јуриспруденција, поврзан со владата, тврдел дека во Египет има 866 атеисти, што изнесува 0,001% од населението кое воопшто не е точно[50]. Постои голема стигма поврзана околу бројот атеисти во Египет. Во истражувањето на Pew Research од 1.998 муслимани во Египет, 63% од испитаниците ја поддржуваат „смртната казна за луѓето што ја напуштаат муслиманската религија“[51]. Сепак, во земјата не постои таква казна[52]. Во ноември 2013 година, се проценува дека до 3 милиони Египќани биле атеисти[53].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1]
  2. 2,0 2,1 .„Egypt“. The World Factbook. American Central Intelligence Agency (CIA). 4 септември 2008. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/eg.html. 
  3. 3,0 3,1 "Muslim population", The 2009 American Pew Forum on Religion and Public Life (PDF) .
  4. „Religion/Islamic conservatism's revival attracts followers, worries governments“. Star Wars Tribune. 18 јуни 2009. http://nl.newsbank.com/nl-search/we/Archives?p_product=MN&p_theme=mn&p_action=search&p_maxdocs=200&p_topdoc=1&p_text_direct-0=0EFE4944AB794537&p_field_direct-0=document_id&p_perpage=10&p_sort=YMD_date:us_dos_egyptD&s_trackval=GooglePM. 
  5. 5,0 5,1 „Egypt“. Bureau of Near Eastern Affairs. United States Department of State. 30 септември 2008. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/5309.htm. 
  6. 6,0 6,1 „Egypt“. Foreign and Commonwealth Office. UK Ministry of Foreign Affairs. 15 август 2008. http://www.fco.gov.uk/en/about-the-fco/country-profiles/middle-east-north-africa/egypt. 
  7. 7,0 7,1 „Egypt Religions & Peoples“. Encyclopedia. LookLex. 30 септември 2008. http://lexicorient.com/e.o/egypt_4.htm. 
  8. 8,0 8,1 „Egypt“. Encarta. Microsoft. 30 септември 2008. http://encarta.msn.com/encyclopedia_761557408_3/Egypt.html. 
  9. 9,0 9,1 „Controversy in Egypt after a prominent church figure declared the number of Copts in Egypt exceeds 12 million“. Al Arabiya. 2 ноември 2008. http://www.alarabiya.net/articles/2008/08/28/55639.html. 
  10. 10,0 10,1 „Pope Shenouda III declares to a TV station that the number of Copts in Egypt exceeds 12 million“. 29 октомври 2008. http://www.unitedcopts.org/index.php?option=com_content&task=view&id=3073&Itemid=71. 
  11. 11,0 11,1 Hoffman, Valerie J (1995), Sufism, Mystics, and Saints in Modern Egypt, University of South Carolina Press .
  12. Khalil, Mohammad Hassan. Between Heaven and Hell: Islam, Salvation, and the Fate of Others. Oxford University Press. стр. 297. https://books.google.com/books?id=PmgkD3Hel5IC&lpg=PA309&pg=PA297. посет. 2 јуни 2014 г. 
  13. „Egypt: Attack On Shia Comes At Dangerous Time“. http://news.sky.com/story/1107961/egypt-attack-on-shia-comes-at-dangerous-time. посет. 6 октомври 2015 г. 
  14. Four Egyptian Shi'ites killed in attack by Sunni Muslims“, 23 јуни 2013.
  15. Bengali, Shashank. „Egypt's Shiite Muslims saw the Sunni hatred grow under Morsi“, 10 август 2013.
  16. „Egypt“. Berkley Center for Religion, Peace, and World Affairs. George town. http://berkleycenter.georgetown.edu/resources/countries/egypt. посет. 14 декември 2011 г. 
  17. „Egyptian Copts reject population estimate - Politics - Egypt - Ahram Online“. http://english.ahram.org.eg/NewsContent/1/64/53839/Egypt/Politics-/Egyptian-Copts-reject-population-estimate.aspx. посет. 27 ноември 2015 г. 
  18. Who are the Christians in the Middle East?. Betty Jane Bailey. https://books.google.com/books?id=xrGL7o69KBIC&pg=PA105&lpg=PA105&dq=evangelical+church+egypt+synod+nile+-wiki&source=bl&ots=0ROIIX5xGt&sig=eal5ZcOkJ8WtjZvs33GBPLYioiU&hl=en&ei=ugg8StjjEIH-sQPm--j4Cg&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=7. посет. 19 јуни 2009 г. 
  19. „Egypt from "HRW WORLD ATLAS"“. Holt, Rinehart and Winston. 30 септември 2008. http://go.hrw.com/atlas/norm_htm/egypt.htm. 
  20. Abdelhadi, Magdi (6 октомври 2005). „Egypt may allow first Islamist party“. BBC NEWS. http://news.bbc.co.uk/2/hi/middle_east/4316258.stm. посет. 2 октомври 2008 г. 
  21. Miles, Hugh (15 април 2006). „Coptic Christians attacked in churches“. The Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/africaandindianocean/egypt/1515829/Coptic-Christians-attacked-in-churches.html. посет. 7 октомври 2008 г. 
  22. Cole, Ethan (8 јули 2008). „Egypt's Christian-Muslim Gap Growing Bigger“. The Christian Post. http://www.christianpost.com/article/20080708/egypt-s-christian-muslim-gap-growing-bigger.htm. посет. 2 октомври 2008 г. 
  23. „Cairo – Religion and Faith in Modern Cairo“. The Center of Middle Eastern Studies at the University of Texas at Austin (MENIC). 2 октомври 2008. http://menic.utexas.edu/cairo/modern/religion/religion.html. 
  24. Audi, Nadim (11 февруари 2008). „Egyptian Court Allows Return to Christianity“. New York Times. https://www.nytimes.com/2008/02/11/world/africa/11egypt.html?ex=1360386000&en=03faf391c4592600&ei=5088&partner=rssnyt&emc=rss. посет. 7 октомври 2008 г. 
  25. 25,0 25,1 25,2 „Egypt, International Religious Freedom Report 2008“. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. 19 септември 2008. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2008/108481.htm. 
  26. Nafaa, Hassan (12 јули 2007). „Egypt and the Zionist plan of division“. Al-Ahram Weekly. http://weekly.ahram.org.eg/2007/853/op2.htm. посет. 4 октомври 2008 г. 
  27. „The Copts and Their Political Implications in Egypt“. Washington Institute for Near East Policy. 25 октомври 2005. http://www.washingtoninstitute.org/templateC05.php?CID=2386. 
  28. IPS News (retrieved 09-27-2008)
  29. [2]. The Washington Post. "Estimates of the size of Egypt's Christian population vary from the low government figures of 6 to 7 million to the 12 million reported by some Christian leaders. The actual numbers may be in the 9 to 9.5 million range, out of an Egyptian population of more than 60 million." Retrieved 10-10-2008
  30. [3] The Christian Post. Accessed 28 September 2008.
  31. NLG Solutions <Online>. Egypt. Accessed 28 September 2008.
  32. Morrow, Adam (24 април 2006). „EGYPT: Attacks Raise Fear of Religious Discord“. Inter Press Service. http://www.ipsnews.net/news.asp?idnews=32988. посет. 8 октомври 2008 г. 
  33. 33,0 33,1 „Egypt's Jewish community diminished to 6 women after death of Lucy Saul“. http://www.egyptindependent.com/news/egypt-s-jewish-community-diminished-6-women-after-death-lucy-saul. посет. 3 март 2017 г. 
  34. Barton, Robin. „Cairo: Welcome to the city of 1,000 minarets“, „The Independent“, 19 февруари 2001.
  35. „Government Must Find Solution for Baha'i Egyptians“. Egyptian Initiative for Personal Rights. 16 декември 2006. http://www.eipr.org/en/press/06/1612.htm. посет. 16 декември 2006 г. 
  36. "Copts welcome Presidential announcement on Eastern Christmas Holiday", Arabic News, December 20, 2002 .
  37. Egypt: Overview of human rights issues in Egypt. 2005, Human Rights Watch, 2006-01-18 .
  38. An Independent Voice for Egypt’s al-Azhar? AHMED MORSY. JULY 13, 2011.
  39. Hassall, Graham (13 август). „Egypt: Baha'i history“. Asia Pacific Bahá'í Studies: Bahá'í Communities by country. Bahá'í Online Library. http://bahai-library.com/asia-pacific/country%20files/egypt.htm. посет. 24 мај 2009 г. 
  40. Smith, Peter (2008). An Introduction to the Baha'i Faith. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 26. ISBN 0-521-86251-5. https://books.google.com/books?id=z7zdDFTzNr0C. 
  41. Momen, Moojan (4 март 2002). „Abu'l-Fadl Gulpaygani, Mirza“. архивирано од изворникот на 13 мај 2008 г.. https://web.archive.org/web/20080513090142/http://www.northill.demon.co.uk/relstud/abulfadl.htm. посет. 25 мај 2009 г. 
  42. „Baha'i community of Egypt“. Official Website of the Bahá'ís of Australia. National Spiritual Assembly of the Bahá'ís of Australia. архивирано од изворникот на 29 септември 2009 г.. https://web.archive.org/web/20090929110127/http://www.bahai.org.au/scripts/WebObjects.exe/BNO.woa/wa/pages?page=social_action/egypt.html. посет. 24 мај 2009 г. 
  43. U.S. Department of State (15 септември 2004). „Egypt: International Religious Freedom Report“. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. архивирано од изворникот на 17 октомври 2006 г.. http://webarchive.loc.gov/all/20061017184916/http%3A//www%2Estate%2Egov/g/drl/rls/irf/2004/35496%2Ehtm. посет. 20 октомври 2006 г. 
  44. U.S. Department of State (26 октомври 2001). „Egypt: International Religious Freedom Report“. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. архивирано од изворникот на 21 ноември 2006 г.. http://webarchive.loc.gov/all/20061121154629/http%3A//www%2Estate%2Egov/g/drl/rls/irf/2001/5636%2Ehtm. посет. 28 декември 2006 г. 
  45. Compiled by Hands of the Cause Residing in the Holy Land. „The Bahá'í Faith: 1844–1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953–1963“. стр. 22, 41, 46. http://bahai-library.com/handscause_statistics_1953-63&chapter=1#22. 
  46. El-Hennawy, Noha. „The Fourth Faith?“, септември 2006.
  47. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. http://www.thearda.com/QuickLists/QuickList_40c.asp. посет. 16 септември 2012 г. 
  48. „Who is afraid of Egyptian atheists?“. Al Arabiya. http://english.alarabiya.net/en/views/news/middle-east/2013/05/28/Who-is-afraid-of-Egyptian-atheists-.html. посет. 20 ноември 2013 г. 
  49. Controversial Egyptian film ‘The Atheist’ gets go ahead by censors“, Al Arabiya (посет. 10 јули 2012 г).
  50. Egypt’s atheists number 866 – precisely“, Guardian News and Media Limited, 12 декември 2014 (посет. 25 декември 2014 г).
  51. The World’s Muslims: Religion, Politics and Society“, Pew Research Center, 30 април 2013 (посет. 20 февруари 2017 г).
  52. Egypt 2015 International Religious Freedom Report
  53. Egypt: Are there really three million atheists?“, BBC News, 19 ноември 2013 (посет. 15 ноември 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]