Религија во Мали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Мали[1]
Религија Процент
Ислам
  
90 %
Анимизам
  
5 %
Христијанство
  
2,4 %
Останати
Нерелигиозни
  
2,6 %

Религијата во Мали има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата е исламот со 90% од населението, додека втора по големина е христијанството со околу 5%. Речиси сите муслимани во Мали се придржуваат кон сунитскиот ислам кои припаѓаат на Маликиското училиште под влијание на суфизмот, но постојат и мал процент на шиити и од редот Ахмадија.[2]. Кај христијанското население најзастапени се римокатолиците и протестантите со 5%, додека останатите 5% се придржуваат кон традиционалните анимистички верувања[3]. Атеизмот и агностицизмот се верува дека се ретки кај населението.

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Мали

Во текот на 9 век, муслимански Бербери и Туарези го довеле исламот на југ во Западна Африка. Исламот исто така се проширил во регионот од страна на основачите на суфизмот. Во следниот период голем дел од народите започнале да го прифаќаат исламот. Но, најзначаен од кралевите на Мали бил Муса I (1312-1337), кој го проширил влијанието на исламот во големите градови. Муса бил побожен муслиман, за кој се вели дека изградил голем број на џамии, додека Тимбукту станал еден од најголемите културни центри во Африка и во светот.

Односите меѓу муслиманското мнозинство и христијанските и другите верски малцинства, вклучувајќи ги и практичарите на африканската традиционална религија, до неодамна биле генерално стабилни, иако во минатото имало неколку случаи на нестабилност и напнатост. Релативно е вообичаено да се најдат приврзаници на различни вери во рамките на исто семејство. Многу следбеници на една религија обично посетуваат верски церемонии на други религии, особено свадби, крштевки и погреби.

Од наметнувањето на шеријатското владеење во 2012 година во северните делови на земјата, прогонувањето на христијаните на север значително се зголемило и било опишано како сериозно од страна на Open Doors кои го објавиле христијанскиот индекс на прогон. Мали се појавува на редниот број 7 во списокот на индекси за 2013 година[4][5].

Имплементацијата на шеријатот на северот контролирано од бунтовниците вклучувало и забрана за музика, отстранување на раце или нози на крадците, каменување на прељубници и јавно камшикување на пушачи, алкохоличари и жени кои не се соодветно облечени[6]. Во 2012 година, неколку исламски места во Мали биле уништени или оштетени од активисти поврзани со Ал Каеда, кои тврделе дека истите претставувале обожување на идоли[7].

Постојат странски исламски проповедници кои работат во северниот дел на земјата, додека џамиите поврзани со Дава (исламистичка група) се наоѓаат во Кидал, Мопти и Бамако. Организацијата Дава се здобила со приврзаници кои некогаш биле робови на туареските благородници, а исто така и меѓу невработените млади. Во август 2003 година во западниот дел на Мали избувнал конфликт кога традиционалните сунитски практичари ги нападнале на вахабистите, кои граделе овластена џамија[8].

Според годишниот извештај за слободата на вероисповедта на САД во 2005 година, исламот традиционално се практикувал во Мали и бил карактеризиран како умерен, толерантен и прилагоден на локалните услови[9]. На жените им било дозволено да учествуваат во општествено-економските и политички активности и генерално не носеле превези[9].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството е втора по големина религија во Мали, со околу 5% од населението. Католицизмот започнал да се шири во Мали кон средината на 19 век кога земјата била француска колонија. Во 1868 година, територијата на денешно Мали станала дел од Апостолската префектурата која зафаќала територии од Сахара и Судан. До 1881 година биле елиминирани мисионерските центри и заменети од страна на француските мисионери во Сенегал. Во 1888 година била формирана првата постојана католичката парохија[10].

Во текот на Првата светска војна мисионерска работа во Мали била прекинета, но истата продолжила во 1921 година кога биле основани Апостолскиот викаријат во Бамако и во периодот од 1927-1947 година биле основани уште четири апостолски префектури[11]..

На 14 септември 1955 година папа Пиј XII издал акт според кој викаријатот бил подигнат во ранг на архиепископија. Во текот на следните 9 години биле формирани и сите останати епархии на Мали. Во 1990 година, земјата била посетена од страна на папата Јован Павле II[12].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Africa :: MALI“. CIA The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2017-06-22.
  2. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-24. Посетено на June 2, 2014.
  3. International Religious Freedom Report 2008: Mali
  4. Report points to 100 million persecuted Christians. Посетено на 10 Jan 2013.
  5. OPEN DOORS World Watch list 2012
  6. Morgan, Andy (23 October 2012). „Mali: no rhythm or reason as militants declare war on music“. The Guardian. Посетено на 13 November 2012.
  7. Hughes, Dana (2012-07-03). „Al Qaeda destroys Timbuktu shrines, ancient city's spirit“. ABC News. Посетено на 2012-07-06.
  8. „Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor - Mali“. US Department of State. 2006-03-08. Посетено на 2009-06-25.
  9. 9,0 9,1 Mali country profile. Конгресна библиотека - Федерално одделение за истражување (јануари 2005). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  10. „«Les diocèses du Mali — éléments d'histoire»“. Архивирано од изворникот на 2010-07-13. Посетено на 2017-06-22.
  11. Metropolitan Archdiocese of Bamako
  12. Catholic Church in Republic of Mali (Mali)