Религија во Либерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Либерија(2010)[1]
Религија Процент
Христијанство
  
85,5 %
Ислам
  
12,2 %
Нерелигиозни
  
2,5 %
Традиционалисти
  
0,5 %
Останати
  
1,8 %

Религијата во Либерија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Либерија е христијанството[2], кое го почитуваат околу 85.5% од вкупното население. Исламот е втора по големина религија во Либерија[3], практикуван од околу 12,2% од вкупното население. Други вери во Либерија се бахајството, традиционалните религии и.т.н.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Либерија

Од христијанските деноминации, најголеми верски групи се Лутераните, Баптистите, Презвитеријанците, Калвинистите, Методистите, Римокатолиците, Евангелистите, Пентекостите и.т.н. Некои од пентекостните движења се поврзани со цркви надвор од земјата, додека други се независни. Исто така има и членови на црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни и црквата на Адвентистите од седмиот ден.

Христијаните живеат главно во целата земја. Во религиозен контекст, терминот „кви“ претставува стил на обожавање на одредена христијанска црква која е обележана со формалност и пристојност[4]. Самиот термин претставува либеријален термин кој се користи за поврзување со вестернизацијата.

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Либерија

Исламот во Либерија се практикува од околу 12,2% од населението[5]. Огромното мнозинство муслимани се сунити, со значително шиитско малцинство и почитувачи на редот Ахмадија[6].

Муслиманите главно се припадници на етничката група Мандинго и Ваи, но исто така и Гбанди, Кпеле и други етнички групи[7]Историски гледано, муслиманите од Либерија ја следеле либералната форма на исламот, под силно влијание на домородните религии, кои биле интегрирани во исламот кога пристигнал во 16 век, со распаѓањето на Царство Сонгај во Мали. Исламските религиозни практики се разликуваат во градовите низ целата земја. Помладите муслимани, особено во градовите по должината на брегот го практикуваат исламот во секојдневниот живот. Во руралните области, муслиманите се поконзервативни во облекувањето, молитвите и со почестото посетување на религиозни студии.

Главните исламски празници се слават секоја година во Либерија. Луѓето последните години започнале да одат на аџилак во Мека во поголем број.

Традиционални религии[уреди | уреди извор]

Без оглед на јавните изјави за идентификација со христијанството, голем дел од населението верува во натприродниот свет на предците кои влијаат врз секојдневниот живот[8]. Етничките групи во сите региони на Либерија учествуваат во традиционалните верски практики на тајните друштва Поро и Санде, со исклучок на етничката група Кран, кои имаат свое тајно општество[9].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Либерија била воведена или донесена во 1952 година[10] и првото локално духовно собрание било одржано во 1958 година во Монровија[11]. До крајот на 1963 година се одржиле пет собранија [12], а верниците своето прво Национално духовно собрание го избрале во 1975 година[11].

Денеска, според податоци на „Здружението на архиви на податоци за религијата“, во 2005 година во земјата живееле 11.691 бахајски верници[13].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Pew Research Center's Religion & Public Life Project: Kenya"
  2. „International Religious Freedom Report 2010: Liberia“. United States Department of State. November 17, 2010. конс. July 22, 2011. 
  3. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. конс. March 31, 2014. 
  4. Liberia Country Study, "The Christianity of Indigenous Africans", GlobalSecurity.org
  5. „International Religious Freedom Report 2010: Liberia“. United States Department of State. November 17, 2010. конс. July 22, 2011. 
  6. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. конс. August 14, 2012. 
  7. Larkin, Barbara (2001). International Religious Freedom (2000): Report to Congress by the Department of State. стр. 46. 
  8. Culture and customs of Liberia, by Ayodeji Olukoju, Greenwood Publishing Group, 2006, p. 24.
  9. Culture and customs of Liberia, by Ayodeji Olukoju, Greenwood Publishing Group, 2006, p. 25.
  10. L. Holman, Donna. „Focus on spirituality“, 4 август 2006.
  11. 11,0 11,1 Locke, Hugh C. (1983). „In Memoriam“. Bahá'í World, Vol. XVIII: 1979-1983. стр. 778–9, 624, 626, 629. http://bahai-library.com/books/bw18/773-800.html. 
  12. Compiled by Hands of the Cause Residing in the Holy Land. „The Bahá'í Faith: 1844-1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953-1963“. стр. 50, 99–100. 
  13. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. конс. 2009-07-04.