Религија во Сенегал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Сенегал[1]
Религија Процент
Ислам
  
92 %
Христијанство
  
7 %
Останати
  
1 %

Религијата во Сенегал има значајна улога во секојдневниот живот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис е исламот со 92%, додека втора по големина е христијанството со 7%. Традиционалните верувања официјално се практикуваат од околу 1% од населението, но припадниците на другите религии честопати се придржуваат на традиционалните практики[2].

Верската слобода во Сенегал, како секуларна држава, е заштитена со закон. Сенегалската култура, општо земено, е религиозно толерантна[3].

Ислам[уреди | уреди извор]

За речиси еден милениум, има присуство на ислам во Сенегал. Влијанието на исламот во областа започнало со преобраќање на кралот Такур во 1040 година кога го примил исламот. Кралот се обидел да ги конвентира своите поданици, кои денеска се нарекуваат Тукулори. Во текот на XVII и XVIII век, исламот се користел како структура на моќ и милитаризам. Во 17 век, исламот станал религија на елитните и трговските класи[4] . Во 1776 година, Тукулори ја собориле од власт на династијата Денијанке и изградиле теократска олиархија. Под влијание на други исламски движења низ цела Западна Африка, тие работеле милитаристички за да ги преобраќаат паганските региони и да основаат муслимански теократски држави.

Околу 92% од населението во Сенегал е муслиманско, а оваа популација го практикува сунитскиот ислам заснован на теоријата на Ашарите. Приближно 1% од муслиманската популација го следат движењето Ахмадија. Суфизмот е претставен во Сенегал со следниве братства: Тиџанија, Муридизам, Кадирија и Лаинизам. Неодамна, движењето Набилах се појавило и ја изградила својата прва џамија.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството е втора по големина религија во Сенегал со 7% од населението. Најголемиот дел од христијаните припаѓаат на народот Серер.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2017-06-22.
  2. http://www.africaguide.com/country/senegal/culture.htm
  3. http://www.state.gov/j/drl/rls/irf/2011/af/192751.htm
  4. „Senegal“. Encyclopaedia of Islam, Second Edition. Brill Online. Посетено на 2 May 2013.