Ахмадија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белото Минаре и знамето на Ахмадија во Кадијан, Индија. За Ахмади Муслиманите, двете го симболизираат доаѓањето на ветениот Месија.

Ахмадија (/ɑːмəˈdјасə//ɑːməˈdiə/)[1]; официјално, Ахмадија Муслиманска Заедница[2] или Ахмадија Муслимански Џемаат; арап. الجماعة الإسلامية الأحمدية, е исламско религиско движење втемелено кон крајот на 19 век во Пенџаб, во Британска Индија[3][4][5]. Движењето произлегло од животот и делото на Мирза Гулам Ахмад (1835-1908 год.) кој тврдел дека го претставува исполнувањето на пророштвото за светски реформатор на последното доба, кој требало по пат на мирни средства да ја овозможи конечната победа на исламот и да го најави есхатон, како што било предвидено во исламските списи, но и во останатите светски религии. Тврдел дека е одреден од Бог за муџадид (обновувач) на исламот, односно, дека е одреден за Месија и Мехди кого муслиманите го очекуваат[6][7][8][9]. Членовите на Ахмадија движењето се нарекуваат Ахмади муслимани.

АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКИ ЏЕМААТ МАКЕДОНИЈА
Liwa-e-Ahmadiyya 1-2.svg

Мислата на Ахмади муслиманите го нагласува верувањето дека исламот е конечно упатство дадено на човештвото, како што е објавено со Мухаммад ин Ислам (Muhammad in Islam), и ја истакнува нужноста од обновата на вистинската срж на исламот во неговиот исконски облик – загубен во текот на столетијата. Ахмади муслиманите веруваат дека Ахмад се појавил во Духот на Иса а.с., (Исус) Исус Христос, за да ги оконча религиските војни, да го осуди крвопролевањето и повторно да ги воспостави моралноста, правдата и мирот. Веруваат дека со помош на божественото водство од исламот ги отстранил фанатичните и додадените верувања и однесувања, потенцирајќи ги вистинските и клучните учења на исламот, согласно со праксата на Мухаммед и на раната исламска заедница[10]. Сходно на тоа, Ахмади муслиманите себе си се поимаат како водачи на обновата на мирно ширење на исламот[11][12]

.Мирза Гулам Ахмад движењето го втемелил на 23 март во 1889 година. По неговата смрт заедницата ја воделе халифи, и до 2016 година заедницата се проширила во 209 држави и територии на светот со најголемо членство во јужна Азија, источна и западна Африка како и во Индонезија. Ахмади муслиманите негуваат силна мисионерска традиција и меѓу муслиманските заедници тие се едни од првите кои стасале во Велика Британија, и во други западни држави[13]. Заедницата моментално ја предводи Ахмад Мирза Масроор Ахмад, а нејзиното членство се движи помеѓу 20 милиони припадници ширум светот[14][15][16][17].

Ахмади популацијата скоро потполно конституира едно, високо организирано и обединето движење. Во таа смисла постои само една струја на Ахмади муслимани. Меѓутоа, во раната историја на заедницата група Ахмади муслимани се одвоила поради спорот околу карактерот на Ахмади пророштвото и наследството, и оформила Движење на Лахор Ахмадија, и тие денес претставуваат мала фракција на Ахмадии. Од зачетокот на движењето одредени верувања на Ахмади муслиманите се сметани за спротивни на современата средна мисла на исламот и поради тоа Ахмадиите биле и прогонувани[18][19]. Мнозинство муслимани Ахмади муслиманите ги сметаат за неверници (кафир) и за еретици. 

Етимологија[уреди | уреди извор]

Ахмадија движењето е втемелено во 1889 година, но името Ахмади е усвоено по една деценија кога во Индија бил направен попис на населението, при што не биле собирани податоци само за религиската туку и за деноминацијската припадност. Во манифестот од 4 ноември 1900 година Мирза Гулам Ахмад објаснил дека самото име не упатува на него самиот, туку на алтернативното име на Мухаммед – Ахмад. Според него, Мухаммед, што значи ’најфалениот‘, се однесува на славната судбина, величественоста и пророчката моќ, и тој тоа име го усвоил за време на хиџра; сепак, Ахмад, е арапски суперлатив кој значи ’високо фален‘, како и ’утешител‘, и ја потенцира убавината на неговите проповеди, квалитети на нежност, понизност, љубов и милосрдие кои се отелотворени во Мухаммед, и исто така го означува мирот кој со своето учење требало да го воспостави во светот. Според Ахмад, овие имиња упатуваат на два аспекта или надве фази на исламот, а во последно време вториот аспект бара поголемо внимание. Многуте различни имиња на разни секти и школи на исламската мисла кои произлегуваат од имињата на нивните водачи биле сметани за иновации (бида), бидејќи Пратеникот на исламот ги имал само овие две имиња. 

Сходно на тоа, според мислењето на Ахмад, тоа била причината поради која Стариот завет го прорекол Пратеникот како ’сличен на Муса‘, што всушност се однесувало на Мухаммед, додека пак според Чесниот Кур'ан Исус го навестил пратеник по името Ахмад (Чесниот Кур'ан, 61:6). Исто така, употребил назив Ахмадија мадхаб (интелектуално школо внатре во исламот).

„ Дозволено е (оваа заедница) исто така да се нарекува ’На муслиманите на Ахмади патот (мадхаб)‘. “


Резиме на верувањето[уреди | уреди извор]

Ахмади верувањата се повеќе сродни на сунитската одошто на шиитска традиција, како на пример што се однесува до петте столба на исламот или шесте ставки на исламското верување. Исто така, Ахмади муслиманите го прифаќаат Чесниот Кур'ан за свој свет текст, свртувајќи се кон Каба во текот на молитвата, го практикуваат Сунитите (праксата и обичаите на пратеникот Мухаммед)) и го прифаќаат авторитетот на сунитските хадиси (забележани изреки на Мухаммед и приказни за него). Тоа се средишните верувања на Ахмади муслиманите.

Различноста во Ахмадија муслиманската заедница е во тоа што тие веруваат дека Мирза Гулам Ахмад е Ветениот Месија и Мехди, токму како што навестил Пратеникот Мухаммед. Резимирајќи го своето тврдење, Ахмад пишува. 

„Задачата за која Бог ме одредил е таква што треба да ја отстранам болеста која го погаѓа односот помеѓу Бог и Неговите суштества, и да ја обновам врската на љубов како и искреност меѓу нив. Со навестувањето на вистината и со окончувањето на судирите треба да воспоставам мир и да ги обелоденам Божјите вистини, кои станале скриени од очите на светот. Повикан сум да ја покажам духовноста која лежи закопана под егоистична темнина. На мене е не само со зборови туку морам и практично да ги покажам Божјите моќи кои продираат во човечкото битие и се пројавуваат по пат на молитва и внимание. Над сè, мојата задача е во човечките срца повторно да се воспостави вечното здание на сјајното Божјо Единство, ослободено од секакво нечисто многубоштво, кое сега веќе потполно го снемало. Сето ова ќе биде постигнато не со мојата сила туку и со силата на Семоќниот Бог, кој е Бог на небото и на Земјата.“


Сходно на тоа, тој верувал дека неговата цел е по мирен пат да го брани и штити исламот ширум светот, да ги оживее заборавените исламски вредности на мир, проштевање и сочувство кон целото човештво и да воспостави светски мир преку исламските учења. Верувал дека неговата порака била посебно битна за западниот свет, кој според него западнал во материјализам. 

Учењето на Ахмади муслиманите смета дека сите големи светски религии се од божествено потекло и дека биле дел од Божјиот план насочен кон воспоставување на исламот како конечна религија, бидејќи е најцелосна и ги усовршила претходните учења на другите религии (сепак Ахмади муслиманите веруваат дека сите други религии застраниле од изворниот облик и станале расипани). Пораката на втемелувачите на тие религии била, според тоа, суштински еднаква на исламската, но сепак непотполна. Надополнувањето и довршувањето на религискиот развој настанало со доаѓањето на Мухаммед. Меѓутоа, глобалното ширење, признавањето и евентуалното прифаќање на неговата порака (т.е. усовршување на реалноста на пратеништвото на Мухаммед) било предодредено дури со доаѓањето на Мехди. Според тоа, Ахмади муслиманите Мирза Гулам Ахмад го сметаат за Мехди а со тоа и за ’Ветениот‘ на сите религии, кој всушност ги исполнува есхатолошките пророштва на Аврамските религии (Abrahamic religions), како што се изироастризмот, индиските религии, традиции на американските староседелци и други. Ахмади муслиманите веруваат дека Ахмад бил божествено одреден како вистински одраз на пратеништвото на Мухаммед за да го потврди Божјото Единство и да го потсети човештвото на должноста кон Бог и Неговата креација. Резимирајќи ја исламската вера, Ахмад пишува: 

„Постојат само два целосни дела на верата. Првиот е да се љуби Бог, а другиот е да се љуби човештвото во таква мера што тагата и проблемите на другите ги сметате за свои и се молите за нив.“


Божјо Единство  [уреди | уреди извор]

Ахмади муслиманите цврсто веруваат во апсолутното Божјо Единство. Признавањето на ова начело е најважно и Заедницата го смета за кардинално исламско начело. Од него произлегуваат сите останати исламски верувања. Се смета дека верата во Божјото Единство влијае на животот на личноста во сите нејзини аспекти и се верува дека има многу пошироко значење, како и подлабока примена. На пример, разработувајќи го Божјото Единство ајетот од Чесниот Кур'ан:

„Не постои друга сеопфатна моќ освен Бог.“


ги поништува сите видови страв освен стравот од Бог. Го влева чувството на потполна зависност од Бог и чувството дека секое добро произлегува од Него. Општо, се смета дека верата во Божјото Единство ги ослободува верниците од сите облици на телесни страсти, ропство и впечаток на земски престој во затвор. Втемелувачот на Заедницата пишува: 

„Божјото единство е светлина која ги осветлува срцата дури по негацијата на сите божества, припаѓале тие на внатрешниот или на надворешниот свет. Тоа ја проникнува секоја честичка на човековото битие. Како ова може да се постигне без помош на Бог и на Неговиот Пратеник? Должноста на човекот е само да го усмрти сопственото его и да го сврти грбот на ѓаволската гордост. Не треба да се расфрла со тоа што е одгледан во колепка на знаењето, туку треба да се смета за обичен незнајко и да се зафати со молење. Тогаш светлината на Единството од Бог ќе се спушти на него и ќе му подари нов живот.“


Понатаму, се верува дека исламскиот концепт на Божјото Единство придонесува за разбирање на единството на човечкиот род и така ги отстранува сите препреки во тој поглед. Разноликоста на расата, народноста и бојата се смета за прифатлива. Притоа, се смета дека  верата во Божјото Единство создава чувство на потполна хармонија помеѓу Создателот и неговата креација. Се подразбира дека не може да постои спротивност помеѓу Божјата реч и Божјото дело.

Исламот Бог го препознава како извор на сите прекрасни работи, ослободени од секој вид на несовршенство согласно на разбирањето на Заедницата. Бог се признава како Живиот Бог, кој насекаде се пројавува и ги слуша молитвите на свои слуги. Дистинктивно, меѓутоа, Ахмади муслиманите Божјите атрибути ги сметаат за вечни. По тоа прашање учењето на Ахмади муслиманите е застапено со ставот дека Бог со човештвото комуницира како и порано. 

Ангели  [уреди | уреди извор]

Верувањето во ангелите се темелен дел од Ахмадија муслиманската заедница. Ангелите се духовни суштества создадени од Бог за да Му бидат послушни и да ги спроведуваат Неговите наредби. За разлика од човечките суштества, ангелите немаат слободна волја и не можат самостојно да делуваат. По Божјата заповед тие на пророците им ги носат објавите, на нивните непријатели донесуваат казни, го величаат Бог и ги забележуваат делата на човечките суштества. Ангелите не се видливи за човечкото око. Сепак, според Ахмади верувањата, понекогаш на луѓето им се прикажуваат во различни облици. Таквите појави, меѓутоа, не се со материјална туку со духовна природа. Ахамади муслиманите на ангелите гледаат како на небесни суштества со посебна природа. Нивната главна улога е пренесување на Божјата порака на луѓето.

Според Чесниот Кур'ан, со целиот материјален како и со духовниот космос управуваат духовни сили, кои се нарекуваат ангели. Што и да прават тие тоа е потполно одредено од Божјата волја и Неговиот план на случувања. Според исламот, во интерпретација на Ахмади муслиманите, нештата не можат да отстапат од одредениот тек или од доделената функција, или од севкупниот Божји план на случувањата. 

Книги    [уреди | уреди извор]

За Ахмади муслиманите третата ставка од исламската вера се однесува на верување во сите свети списи кои Бог ги објавил на Своите пратеници. Тоа ја вклучува Тора, Евангелието, псалмите, свитоците на Аврам и Чесниот Кур'ан. Пред појавата на исламот, историја на религија се смета за низа објави во кои секој пратеник донесувал учење соодветно на подрачјето и на времето. Според тоа, во време на настанувањето, божествените учења се поклопувале во своите темели со исклучок на помали детали кои се однесувале на специфичноста на времето и на подрачјето.

Освен Чесниот Кур'ан, се верува дека светите списи се подложни на човечкото вметнување. Исламот признава дека Бог ги праќа Своите пратеници на сите нации како и на изолираните заедници во светот. Така, според учењето на Ахмади муслиманите се смета дека списите надвор од Аврамската традиција, како што се Ведите и Авеста, исто така имаат божествено потекло. Меѓу признатите списи, Заедницата верува дека Чесниот Кур'ан е конечната Божја објава на човештвото. Учењето на Чесниот Кур'ан се смета за безвремено. 

Пророци       [уреди | уреди извор]

Ахмади муслиманите веруваат дека кога светот е полн со неправда и неморал, или некој негов дел, или кога следбениците на одредена религија станат расипани или во верата воведат расипани учења правејќи ја верата застарена и создавајќи потреба од божји Помагач, тогаш Божјиот пророк се испраќа за повторно да ја воспостави Својата божествена волја. Освен верата во сите пророци од Чесниот Кур'ан и Стариот завет, Заедницата како пророци ги смета и Заратустра, Кришна и Конфуциј.

Според Ахмади верувањето, исламските термини ’предупредувач‘ (натхер), ’пророк‘ (наби), ’пратеник‘ (расул) и ’гласник‘ (мурсал) се синоними. Меѓутоа, Заедницата разликува два вида на пророштво; пророци кои се носители на закон, кои носат нов закон и нови одредби, како што се Мојсеј (дадена му е Тора) и Мухаммед (даден му е Чесниот Кур'ан); и пророци кои не носат нови закони, а се појавуваат во рамките на дадените закони, како што се Јеремија, Исус и Мирза Гулам Ахмад. Адам го сметаат за прв човек со кој Бог разговарал и му ја објавил Својата божествена волја, па и тој спаѓа во пророците. Меѓутоа, Ахмади муслиманите Адам не го сметаат за прв човек на светот, наспроти исламското, христијанското и еврејското верување. Според Ахмадија муслиманската заедница овој став е втемелен во самиот Кур‘ан. Ахмади муслиманите веруваат дека Мухаммед е последниот пророк носител на закон, но подучуваат на континуитетот на пророштвото. 

Судниот ден[уреди | уреди извор]

Петтата ставка е верата во судниот ден. Според Ахмади муслиманите, по верување во Едниот Бог верувањето во Судниот ден е најнагласена доктрина во Чесниот Кур'ан. Според верувањето на Ахмади муслиманите целата вселена ќе заврши на Судниот ден, тој став го имаат и сите останати исламски секти и школи на мислење. Мртвите ќе воскреснат и ќе ја положат сметката за своите дела. Луѓето со добри дела ќе влезат во рајот, а оние со зли дела во пеколот. Кај Ахмади муслиманите пеколот е сфатен како привремен престој, каде престојувањето трае исклучително долго, но не вечно – слично како кај Евреите. Пеколот го замислуваат сличен на болница каде што душите се чистат од гревовите и тој став е втемелен во Чесниот Кур'ан и во хадисите.

Божја одредба[уреди | уреди извор]

Ахмадија муслиманската заедница верува дека Божјата одредба управува со исходите на сите можни случувања во оваа вселена. Внатре во границите на Божјата одредба на човекот му е дадена слободна волја за избор на својот пат. Ахмади муслиманите веруваат дека на Судниот ден ќе им биде судено врз основа на нивните намери и дела. Веруваат дека науката е проучување на Божјите дела а религијата проучување на Божјата реч, и помеѓу нив не може да има спротивставеност. Врз основа на сфаќањето на Чесниот Кур'ан, Ахмади муслиманите веруваат дека Адам не бил прв човек на светот туку само прв пророк. Ахмади муслиманите веруваат во Ahmadiyya views on evolution, теорија на биолошка еволуција, иако сметаат дека всушност Бог ја води.

Петте столбови[уреди | уреди извор]

Столбовите на исламот (арканал-Ислам; исто така, аркан ад-дин, ’столбовите на религијата‘ се петте темелни исламски чина, и истите се задолжителни за сите Ахмади муслимани. Во Чесниот Кур'ан се претставени како рамка за богобојазливост и знак за посветеност на верата. Тоа се ((w.en: Wikipedia>( Shahada šehadet (credo)), Шахада шехадет (кредо), салат (дневни молитви), зекат (задолжителна милостина), рамазански пост и аџилак во Мека барем еднаш во животот.

Ахмади муслиманите се согласуваат со шиитските и сунитските гледишта околу клучните детали при извршувањето на овие чинови. Меѓутоа, во Пакистан нив име забрането да се изјаснуваат како муслимани, а во некои други муслимански држави се и прогонувани поради тоа. Тоа донекаде им го отежнува извршувањето на задолжителните чинови на верата. Иако Ахмади муслиманите од некои држави одат на аџилак во Мека, тоа со саудиските закони всушност не им е дозволено.

Второто доаѓање[уреди | уреди извор]

Наспроти средната струја во исламското верување, Ахмади муслиманите веруваат дека Исус бил распнат и дека преживеал четирите часа на крстот. Подоцна од несвестицата се разбудил во гробницата. Ахмади муслиманите веруваат дека Исус починал од природна смрт во Кашмир барајќи ги изгубените израелски племиња. Веруваат дека Исусовите посмртни останки се  во кашмирска гробница на човек под името Јуз Асаф. Имено, се верува дека библиските и кур'анските пророштва за второто доаѓање на Исус се метафори и дека Мирза Гулам Ахмад со својот лик ги исполнил овие пророштва и второто доаѓање на Исус. Ахмади муслиманите исто така веруваат дека ’Ветениот Месија‘  и ’Имам Мехди‘ се иста личност, и дека со помош на неговото учење, влијание и молитви, како и со неговите следбеници, исламот ќе го порази Антихристот или Ал-Масих ад-Дајјал Деџала во временски период сличен на периодот кој бил потребен за подем на христијанството (исто така, погледнете: однос Ахмади и христијанство), и моќта на Деџала полека ќе слабнее  - означувајќи ја најавуваната конечна победа на исламот и времето на мирот. 

Печат на Пратеништвото[уреди | уреди извор]

Иако Ахмади муслиманите веруваат дека Чесниот Кур'ан е последна Божја порака на човештвото, исто така веруваат дека Бог и понатаму на ист начин продолжува да комуницира со одбрани поединци. Сите Божји атрибути се вечни. Имено, Ахмади муслиманите веруваат дека Мухаммед пророштвото го довел до совршенство и дека тој е последен пророк, носител на закон, и тој е врвот на духовната еволуција на човештвото. Новите пророци можат да дојдат но мора да бидат потполно подредени на Мухаммед и не можат да го надминат во исклучителноста, ниту да го изменат неговото учење или пак да донесат некаков нов закон или религија. Исто така, тие повеќе се сметаат за Мухаммедовиот одраз одошто самостојни пророци, како што се античките. 

Џихад[уреди | уреди извор]

Според верувањето на Ахмади муслиманите џихад може да биде поделен на три категории:

  • џихад ал-Акбар (поголем џихад) е оној против егото и се однесува на борбата против ниските страсти како што се лутењето, страсната желба и омразата;
  • џихад ал-Кабир (голем џихад) се однесува на мирно ширење на исламот, со посебно нагласување на ширењето на исламската порака преку пишување;
  • џихад ал-Асгхар (помал џихад) е војна на која се прибегнува единствено во самоодбрана во ситуација на тешки религиски прогони кога не постои можност да се следат темелните религиски начела, но и тогаш само по директна наредба на Халифата.

Ахмади муслиманите истакнуваат дека Мирза Гулам Ахмад, според исламското пророштво, џихад во воен облик го прикажал како неприменлив во актуелното доба бидејќи исламот, како религија, не е вооружено нападнат туку тој е нападнат преку книжевноста и медиумите, и затоа и одговорот треба да биде сличен. Тие веруваат дека на омразата треба да се одговори со љубов.

По прашањето за тероризмот четвртиот Халифа на Заедницата во 1989 година напишал дека, кога е во прашање исламот тој категорички го отфрла и го осудува секој облик на тероризам. Не дава никакво покритие или оправдување за било каков чин на насилство, било тој да е направен од поединец, група или влада. 

Аброгација[уреди | уреди извор]

За разлика од сунитите, но согласно со шиитите, Ахмади муслиманите веруваат дека ниту еден ајет од Чесниот Кур'ан не аброгира или не го укинува некој друг ајет. Сите ајети од Чесниот Кур'ан се еднакво вредни, согласно на нивниот акцент на ’ненадминливата убавина и неоспорна исправност на Чесниот Кур'ан‘. Ускладувањето на изгледот на несоодветните одредби се спроведува со нивната правна дефлација во Ахмади правото (фикх), така да одредбата (сметана за применлива само во специфичната ситуација за која е извршена) е активна не затоа што е последна извршена туку затоа што најдобро одговора на дадената ситуација. 

Религија и наука[уреди | уреди извор]

Ахмади муслиманите веруваат дека не може да постои судир помеѓу Божјата реч и Божјото дело, затоа религијата и науката мора хармонично да делуваат. Во врска со тој однос, вториот Халифа на Ахмадијатот тврдел дека ако сакаме да ја сфатиме Божјата објава, нужно е да ги проучуваме Неговите дела; а за да го сфатиме значајот на Неговите дела, нужно е да ја проучуваме Неговата реч.

Според нобеловецот Салам Абдус Салам, побожниот Ахмади муслиман, 750 ајети од Чесниот Кур'ан (скоро една осмина од Книгата) верниците ги наговараат на проучувањеto на природата, на размислувањето, и за најдобрата употреба на разумот во потрагата по конечното и на стекнување на знаење и научно разбирање како дел од општествениот живот. 

Останато[уреди | уреди извор]

Останатите својствени верувања вклучуваат:

Историјата на религијата има циклична природа и се обновува на секои седум милениуми. Актуелниот циклус, започнувајќи со библискиот Адам, се дели на седум епохи или доба, како што е неделата во месецот, со периоди на светлина и темнина. Мирза Гулам Ахмад се појавил како Ветениот Месија во шестата епоха назначувајќи го седмото и последното доба на човештвото бидејќи еден Божји ден е како илјада човечки години. Според Мирза Гулам Ахмад, како што е шестиот ден од неделата наменет за Џума намаз (заедничка молитва), така неговото доба е одредено за глобално собирање на човештвото со кое светот ќе се обедини под закрилата на една универзална религија – ислам. 

  1. „Home : Oxford English Dictionary“ (на en). www.oed.com. http://www.oed.com/;jsessionid=EA3D153D95B6148FB749D1D0EAF214B1?authRejection=true&url=/search?searchType=dictionary&q=Ahmadiyya. конс. 6 август 2017 г. 
  2. „Bangladesh: Breach of Faith: II. History of the Ahmadiyya Community“. www.hrw.org. https://www.hrw.org/reports/2005/bangladesh0605/3.htm. конс. 6 август 2017 г. 
  3. Valentine, Simon Ross (2008) (на en). Islam and the Ahmadiyya Jamaʻat: History, Belief, Practice. Columbia University Press. ISBN 9780231700948. https://books.google.mk/books?ei=aDJnT9SzMsWr8AOw54WpCA&id=Q78O1mjX2tMC&dq=Ahmadiyya+islamic&q=+islamic+reform&redir_esc=y#v=snippet&q=islamic%20reform&f=false. 
  4. Sirajul Islam (на en). „Wikipedia“. 6 септември 2016 г. https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Sirajul_Islam&oldid=738057842. 
  5. Ten Conditions of Baiat | Islam Ahmadiyya“, „Islam Ahmadiyya“. (на en-US)
  6. „CHAPTER TWO - Claims of Hadhrat Ahmad as“. www.alislam.org. https://www.alislam.org/books/3in1/chap2/index.html. конс. 6 август 2017 г. 
  7. Reflection of all the Prophets | Islam Ahmadiyya“, „Islam Ahmadiyya“. (на en-US)
  8. „Future of Revelation“. www.alislam.org. https://www.alislam.org/library/books/revelation/part_7_section_1.html. конс. 6 август 2017 г. 
  9. Lago, Colin (2011-10-01) (на en). The Handbook of Transcultural Counselling and Psychotherapy. McGraw-Hill Education (UK). ISBN 9780335238514. https://books.google.mk/books?id=9vREBgAAQBAJ&pg=PA312&lpg=PA312&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  10. Ahmadiyya Muslim Community | Islam Ahmadiyya“, „Islam Ahmadiyya“. (на en-US)
  11. Valentine, Simon Ross (2008) (на en). Islam and the Ahmadiyya Jamaʻat: History, Belief, Practice. Columbia University Press. ISBN 9780231700948. https://books.google.mk/books?ei=aDJnT9SzMsWr8AOw54WpCA&id=Q78O1mjX2tMC&dq=Ahmadiyya+islamic&q=+islamic+reform&redir_esc=y#v=snippet&q=islamic%20reform&f=false. 
  12. Malik, Naveed. „The Muslim Sunrise - Introduction“. www.muslimsunrise.com. http://www.muslimsunrise.com/index.php?option=com_content&task=view&id=133&Itemid=1. конс. 6 август 2017 г. 
  13. Kraemer, Hendrik (2002) (на en). World Cultures and World Religions: The Coming Dialogue. James Clarke & Co.. ISBN 9780227170953. https://books.google.co.uk/books?id=vI7JN_AsWrYC&source=gbs_navlinks_s. 
  14. „Major Branches of Religions“. www.adherents.com. http://www.adherents.com/adh_branches.html. конс. 6 август 2017 г. 
  15. (на en) Breach of Faith. Human Rights Watch. https://books.google.mk/books?id=yi8ONIe1fv4C&pg=PA8&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  16. Ahmadiyya Muslim Community | Islam Ahmadiyya“, „Islam Ahmadiyya“. (на en-US)
  17. January 20, 2012 ~ Ahmadiyya Muslims | January 20, 2012 | Religion & Ethics NewsWeekly | PBS“, „Religion & Ethics NewsWeekly“, 20 јануари 2012. (на en-US)
  18. Ground, Common. „The Second International Conference on New Directions in the Humanities: Presentation Details“ (на en). hc04.commongroundconferences.com. http://hc04.commongroundconferences.com/ProposalSystem/Presentations/P001446. конс. 6 август 2017 г. 
  19. „BBC NEWS | UK | Islamic sect gathers in Surrey“. news.bbc.co.uk. http://news.bbc.co.uk/1/hi/uk/3098725.stm. конс. 6 август 2017 г.