Религија во Танзанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Танзанија[1]
Религија Процент
Христијанство
  
61,4 %
Ислам
  
35,2 %
Африканска традиционална религија
  
1,8 %
Останати/Нерелигиозни
  
1,6 %

Религијата во Танзанија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Тековните статистички податоци за религијата во Танзанија се недостапни затоа што верските истражувања биле елиминирани од извештаите на владините пописи од 1967 година. Религиозните водачи и социолози проценуваат дека муслиманските и христијанските заедници се приближно еднакви по големина, од кои секој учествува со 30 до 40 проценти од населението, додека остатокот се состои од практичари на други религии или на домородните религии и луѓе без религија[2].

Статистички податоци[уреди | уреди извор]

Црква во Танзанија
Џамија во Танзанија.

Долго време според поголемиот дел од податоците, се проценува дека околу една третина од населението го следи исламот, христијанството и традиционалните религии[3].

Анкетата на Pew од 2010 година покажа дека 19,8% од испитаниците се муслимани, 74,2% се христијани, 3,2% ги следат традиционалните африкански религии, 2,7% се останати или нерелигиознии и 0,1% се хиндуисти.[4] Статистиката поврзана со религијата за Танзанија се смета за заштитена и несигурна во поглед на добиените резултати[5].

Околу 98% од населението во Занзибар е муслиманско[6]. Исто така постојат и активни заедници на други религиозни групи, како што се будисти, хиндусти, сики и бахаи[6].

Аврамски религии[уреди | уреди извор]

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството во Танзанија е најголемата религија во државата. Според студијата на Бирото за демократија, човекови права и труд на САД од 2009, 62% од вкупното население се христијани, 35% се муслимани и 3% останати религии.[7] Според ЦИА, 30% од населението се христијани, муслиманите биле 35%, а локални религии се 35%.[8]

Христијаните во државата се воглавно Католици, но и лутеранци, англиканци, Мормони и Јеховини Сведоци.[9] Православната црква тврди дека има околу 60.000 приврзаници во Танзанија[10]. Студијата од 2015 година проценува околу 180.000 христијански верници од муслиманско потекло во земјата, од кои повеќето се протестанти од некоја деноминација.[11]

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот е религија на околу 15% од луѓето од Танзанија или околу 16.73 милиони (35%) според други извори[12]. На копното, муслиманските заедници се концентрирани во крајбрежните области, а некои големи муслимански мнозинства ги има и во внатрешноста на урбаните средини, особено по должината на поранешните патни каравани. Повеќе од 99% од населението на архипелагот Занзибар е муслиманско.

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа, под влијание на суфизмот, но постојат и мали заедници кои го следат Ахмадија или пак се шиити. Според истражувачкиот центар на Pew, две третини од муслиманското население во Танзанија е сунитско, додека останатото е шиитско (20%) или припадници на Ахмадија (15%)[13].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Танзанија било донесено во 1950 година[14], додека првиот жител кој го прифатил бахајството било во 1952 година[15][16]. Во 1956 година било избрано регионално собрание[17][18] Во 2005 година верниците на бахајството биле проценети на околу 163.800 приврзаници[19].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Africa :: TANZANIA“. CIA The World Factbook.
  2. International Religious Freedom Report 2007: Tanzania. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. So repeated here: (USA government), Central Intelligence Agency. „The World Fact Book“. Посетено на 25 May 2014.
  4. "Global Religious Diversity", Pew Forum on Religion and Public Life, 2014, page 22, accessed 17 October 2014
  5. Abdulaziz Y. Lodhi and David Westerlund. „African Islam in Tanzania“. Посетено на 25 May 2014.
  6. 6,0 6,1 „International Religious Freedom Report for 2013“ (PDF). United States Department of State. Посетено на 17 October 2014.
  7. U.S. Department of State (26 October, 2009). „International Religious Freedom Report 2009: Tanzania“. United States Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. Посетено на 5 October 2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  8. CIA. „CIA World Factbook: Tanzania“. Посетено на 16 April 2011.
  9. U.S. Department of State (26 October, 2009). „International Religious Freedom Report 2009: Tanzania“. United States Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. Посетено на 5 October 2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  10. http://orthodoxytz.com/Philemon.asp
  11. Johnstone, Patrick; Miller, Duane (2015). „Believers in Christ from a Muslim Background: A Global Census“. IJRR. 11: 14. Посетено на 20 November 2015.
  12. „The World Fact Book: Tanzania“. Посетено на 26 January 2014.
  13. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. Посетено на August 14, 2012.
  14. „News from Other Lands; Africa“. Bahá'í News. Бр. 242. April 1951. стр. 12.
  15. Effendi, Shoghi. Unfolding Destiny (изд. 1981.). Haifa, Palestine: UK Bahá'í Publishing Trust. стр. 266.
  16. „International News; Two New Territories Opened“. Bahá'í News. Бр. 259. September 1952. стр. 4.
  17. „The Bahá'í Faith: 1844-1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953-1963“. стр. 25, 117, 118, 128.
  18. Hassall, Graham. „Notes on Research on National Spiritual Assemblies“. Research notes. Asia Pacific Bahá'í Studies. Посетено на 2008-12-21.
  19. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. Посетено на 2009-07-04.