Религија во Гвинеја-Бисао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Гвинеја-Бисао[1]
Религија процент
Муслимани
  
45,1 %
Римокатолици
  
22,1 %
Анимисти
  
14,9 %
Останати
  
17 %
Џамија во Гвинеја-Бисао.

Религијата во Гвинеја-Бисао има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 45.1% од населението се муслимани а 22.1% се христијани, 14.9% припаѓаат на анимизмот, додека останатите или се нерелигиозни или ги практикуваат старите религии, според податоци на CIA factbook[1].

Американскиот Стејт департмент спомнува дека процените варираат во голема мера и наведува податоци од Pew Forum data (2010) според кои 40% се муслимани, 31% домородни религии и 20% христијани[2].

Ислам[уреди | уреди извор]

Муслиманите се најмногу концентрирани во северниот и североисточниот дел на земјата. Верниците на традиционалните локални верски убедувања обично живеат во сите региони освен во северните делови на земјата[2].

Гвинеја-Бисао е единествената муслиманска држава каде се зборува португалскиот јазик.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Катедрала во Бисао.

Христијанството е втората најголема религија во државата, веднаш по исламот. Околу 10% од населението се христијани, или околу 153.300 жители. Вкупното население на државата е 1,533,964 жители[3] Според другите извори, Христијаните сочинуваат од 5 до 13% од населението.

Од христијанските деноминации, најбројни се Римокатолиците, а потоа следуваат Протестантите. Христијаните најчесто се наоѓаат по должината на крајбрежните региони, и припаѓаат на Римокатоличката црква и различни протестантски деноминации[2]. Христијаните се концентрирани во Бисао и други големи градови[2]. Странски мисии во државата оперираат слободно, без некакви ограничувања.[2] Државата гарантира слобода на верско изјаснување и владата општо гледано го почитува тоа.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Africa :: GUINEA-BISSAU“. CIA The World Factbook. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Guinea-Bissau“. International Religious Freedom Report for 2015. "United States Department of State. конс. 31 March 2017.  This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  3. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/pu.html