Религија во Чад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Чад[1]
Религија процент
Ислам
  
53,1 %
Католицизам
  
20,1 %
Протестантство
  
14,2 %
Анимизам
  
7,3 %
Атеизам
  
3,1 %
Останати
  
2,2 %

Религијата во Чад има значајна улога во животот на луѓето во земјата. Според проценките од 1993 година, околу 53,1% од населението на Чад се муслимани. Христијанството се практикува од страна на 35% од населението, додека во земјата има верници и на Анимизмот со 7,32% и Атеизмот со 3,1%[1]. Според истражувањето на Pew Research Center од 2010 година, 55,7% од населението на Чад се муслимани[2]. Огромното мнозинство на муслимани се сунит, додека мал број се шиити[3]. Муслиманите се главно концентрирани во северниот и источниот дел на Чад, додека анимистите и христијаните живеат главно во јужниот дел на Чад.[4]. Исламот во земјата пристигнал по муслиманските освојувања на регионот Судан, односно во 11 век кога Канемското Царство го примило исламот. Христијанството пристигнало кон крајот на 19 век со пристигнувањето на Французите. Уставот на земјата гарантира верска слобода.[5][6].

Година Ислам Католицизам Протестантство Анимизам Нерелигиозни Останати
1993 53,1 % 20,1 % 14,2 % 7,3 % 3,1 % 2,2 %
1996-97 53,9 % 23,4 % 16,2 % 2,4 % 4,0 %
2004 57,3 % 21,8 % 17,1 % 3,8 %
2014-15 52,1 % 20,0 % 23,9 + 0,2 (останати христијани) % 0,3 % 2,8 % 0,7 %

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Чад.

Исламот станал една динамична политичка и воена сила на Блискиот Исток во децениите веднаш по смртта на Мухамед. До крајот на 7 век, муслиманите пристигнале во Северна Африка и се преселиле на југ во пустината. И покрај тоа што е тешко да се објасни официјалното пристигнување и ширење на исламот во земјата, сепак поголем замав исламот стекнал кога во земјата започнале да пристигнуваат арапски мигранти од истокот кон 14 век, иако исламот бил во голема мера распространет од порано.

И покрај присуството на голем број на Арапи, арапскиот јазик не е мајчиниот јазик на мнозинството на муслиманите од земјата. Како резултат на тоа, иако многу од муслиманите посетувале училишта, тие често ги учеле стиховите на Куранот, без да го разберат неговото значење. Друга карактеристика е тоа што исламот не бил под големо влијание на големите мистични движења во текот на средниот век или под влијание на настаните во Блискиот Исток, Западна Африка и Судан. Можеби како резултат на подолгиот временски контакт со муслиманските трговци од Западна Африка, муслиманите од Чад се идентификуваат како дел од редот на Тиџанија.

Денеска, муслиманите главно живеат во северните области и нивниот процент варира од53% до 57,8% од населението[7]. Сунитите се најголема муслиманска група во земјата. Во северниот дел на земјата има приврзаници на редот Кадирија, додека во јужниот дел на Тиџанија. Се проценува дека 5-10% од муслиманите се поддржувачи на фундаменталистички гранки на исламот - Вахабизам и Салафизам[8].

Во споредба со другите муслимански земји како Саудиска Арабија, исламско образование во Чад е слабо развиено[9]. Првото муслиманско училиште во Чад било основано во 1918 година[10]. За повисоко студентско исламско образование, учениците одат да се едуцираат во други земји, како Египет, Судан и други.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Чад.

Христијанството во Чад е втора по големина религија во земјата. Првите христијани во Чад биле монаси кои неуспешно се обиделе да воспостават мисија во 1663 година. Во текот на следните два и пол века, земјата останала изолирана од христијанските мисионери, за да мисионерската активност повторно се појави во 19 век, во времето на колинијалната окупација.

Првиот протестанти во земјата биле Баптистите, кои пристигнале во Чад во 1925 година. Во истата година во Нџамена започнала и католичката мисија која продолжила до 1929 година. Во 1960 година имало 139.000 христијани додека во 1980 година - 639.000[11].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Иако бахајството во Чад започнало по независноста од 1960 година, членовите на оваа религија била присутни уште од 1953 година[12][13]. Свое прво духовно собрание бахајците избрале во 1971 година[14]. Денеска, бројот на верници се проценува дека се движи над 80.000[15].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The World Factbook“. CIA. 23 јуни 2014. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/cd.html. посет. 23 декември 2014 г. 
  2. http://features.pewforum.org/muslim-population/
  3. „The World's Muslims: Unity and Diversity“. Pew Forum on Religious & Public life. 9 август 2012. http://www.pewforum.org/uploadedFiles/Topics/Religious_Affiliation/Muslim/the-worlds-muslims-full-report.pdf. посет. 6 април 2014 г. 
  4. "Chad",Encyclopædia Britannica.
  5. "Chad", International Religious Freedom Report 2006.
  6. http://www.dhsprogram.com/pubs/pdf/PR66/PR66.pdf
  7. [J. Gordon Melton, Martin Baumann. Religions of the World: A Comprehensive Encyclopedia of Beliefs and Practices. — Oxford, England: ABC CLIO, 2010. — С. 534. — 3200 с. — ISBN 1-57607-223-1.]
  8. „Chad“. International Religious Freedom Report 2007. The Office of Website Management, Bureau of Public Affairs. http://www.state.gov/j/drl/rls/irf/2007/90089.htm. посет. 27 септември 2013 г. 
  9. Islam in Saudi Arabia. «Islamic counsels», Monday April 22, 2013.
  10. Chad country study. This article incorporates text from this source, which is in the public domain
  11. [Patrick Johnstone, Jason Mandryk. Chad // Operation World 2001. — London: Paternoster Publishing, 2001. — 798 p. — (Operation World Series). — ISBN 1-8507-8357-8.]
  12. Universal House of Justice (1986). In Memoriam. XVIII. Bahá'í World Centre. Table of Contents and pp.629. ISBN 0-85398-234-1. http://bahai-library.com/books/bw18/609-635.html. 
  13. Hassall, Graham. „Belgian Congo“. Asia Pacific Bahá'í Studies - Country files. Bahá'í Library Online. http://bahai-library.com/asia-pacific/country%20files/belgian_congo.htm. посет. 17 ноември 2008 г. 
  14. Dr. Ahmadi. „Major events of the Century of Light“. A Study of the Book “Century of Light”. Association For Bahá’í Studies in Southern Africa. http://www.bci.org/bahaistudies/courses/light/time-line-bahai.htm. посет. 17 ноември 2008 г. 
  15. Country Profile: Chad“. Religious Intelligence. Religious Intelligence. (посет. 17 ноември 2008 г)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]