Религија во Боцвана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верници во Боцвана[1]
Протестанти
  
66 %
Нерелигиозни
  
20 %
Католици
  
7 %
Стари верувања
  
6 %
Останати
  
1 %

Религијата во Боцвана има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата[2]. Земјата обезбедува слобода на верска исповед. Христијанството е најзастапена религија во Боцвана, со над 70% од населението.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанство пристигнало во Боцвана во средината на 1870-тите, во времето на колонијалното владеење. Процесот на ширење на христијанството се ширел релативно брзо за разлика од соседните африкански земји, бидејќи регионалните наследни племенски поглавари, познати како Дикгоси, го примиле христијанството а тоа предизвикало прифаќање на религијата од цела племинска група[3]. Овие поглавари го прифатиле христијанството бидејќи сметале дека христијанските мисионери ќе им помогнат во снабдувањето на оружје со кое тие ќе се спротистават на бунтовниците од југ[3].

По доаѓањето на христијанството во земјата, мисионерите основале христијански училишта и се обиделе да стават крај на старите обичаи, како што се традицијата Богвера (церемонија за машкоста) и Богжале (церемонија за женственоста), церемонии кои традиционално се поврзани со социјалното прифаќање на подготвеноста на некој од половите да стапи во брак. Сепак, овие традиции продолжиле кај некои семејства и покрај мисионерските практики[3]. Често, христијанските мисионери биле вклучувани политички како преведувачи меѓу племенските поглавари и колонијалните администратори[4].

По прогласување на независност во 1966 година, високи претставници на христијанската мисија и свештеници биле вклучени во политичкиот живот на земјата[4]. Но во 1970-тите години некои нови лидери започнале иницијатива за враќање на старите традиции, во кое делумно и успеале[3]. Новите лидери исто така спроведувале и политика на верска толеранција и слобода[2]. Но наставните програми во голема мера останале со христијанска терминологија и идеологија.[3].

Се проценува дека 70% од граѓаните на Боцвана во 2001 година се изјасниле како христијани[2]. Во 2006 година властите објавиле извештај според кој 63% биле христијани од разни деноминации, 2% биле приврзаници на традиционалните домородни религии и сите други религиозни групи (будизмот, хиндуизмот, исламот, јудаизмот) процентоално биле застапени со помалку од 1% од населението на земјата[5]. Муслиманите според истиот извештај се застапени со 0,4% и хиндусите со 0,3%[6].

Наводи[уреди | уреди извор]