Религија во Кенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Кенија (2010)[1]
Религија Процент
Христијанство
  
84,8 %
Ислам
  
9,7 %
Нерелигиозни
  
2,5 %
Традиционалисти
  
1,7 %
Останати
  
1,2 %
Неопределени
  
0,1 %

Религијата во Кенија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Кенија е христијанството, кое го почитуваат околу 84,8% од вкупното население. Исламот е втора по големина религија во Кенија, практикувана од околу 9,7% од вкупното население. Други вери во Кенија се бахајството, будизмот, хиндуизмот и традиционалните религии.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Кенија

Римокатолицизмот за првпат бил донесен во Кенија во 15 век од страна на Португалците и многу бргу се проширил во текот на 20 век од страна на колонистите. Денес, главните христијански деноминации во Кенија се протестантските верници, кои сочинуваат околу 47,4% од верскиот состав на земјата[2]. Најголеми протестантски деноминации во земјата се Англиканската црква на Кенија, Презвитеријанците, Калвинистите, Методистите, Баптистите, Лутераните и Пентекостите. Римокатоличката црква има 23,3% верници од вкупниот број на население[2].

Источната православна црква има повеќе од 650.000 членови во Кенија според податоци од 2010 година[3], што ја прави најголемата православна црква во Африка по Етиопската православна црква. Во 2016 година биле основани две нови епархии во рамките на Православната архиепископија на Кенија[4].

Други статистички значајни некатолички и непротестантски христијански цркви се Нова апостолска црква, Црква на Адвентистите од седмиот ден, Јеховини сведоци, Обединета меѓународна пентекостална црква. Непротестантските и некатоличките групи сочинуваат околу 11,8% од населението.

Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни има повеќе од 10.000 членови во 39 региони во Кенија[5]. Тие исто така имаат и два центри во Кенија и центар за вработување во Најроби[6][7].

Студијата од 2015 година проценува дека 70.000 христијански верници се од муслиманско потекло во земјата, и повеќето од нив припаѓаат на некоја форма на протестантизам[8].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Кенија

Исламот е религија со приближно 11,1% од населението на Кенија[2]. Исламските организации ги оспоруваат овие бројки. Некои извори укажуваат на тоа дека процентот на муслимани во Кенија е меѓу 35 и 45%.[9]. Поголемиот дел од муслиманите во Кенија се сунити, главно припадници на Шафискиот мезхеб. Околу 7% се идентификуваат како шиити, а околу 4% се идентификуваат како следбеници на редот Ахмадија[10]. Муслиманите се концентрирани главно во крајбрежните и североисточните региони. Во Најроби има неколку џамии и значајно муслиманско население. Постојат големи и историски значајни популации на свахилски муслимани на брегот (најмногу во Момбаса, Ламу и Малинди), во западната провинција и помал број сомалиски, арапски и јужноазиски муслимани.

Религиозните судови, наречени кадиски судови, имаат надлежност над одредени граѓански прашања, како што се разводот и наследството, според Уставот на Кенија. Муслиманите се пожалиле дека се цел на дискриминација од страна на владата, особено по бомбардирањето на амбасадата во САД во 1998 година во Најроби и на други места.

Останати[уреди | уреди извор]

Хиндуистички храм во Кенија

Од 1999 година, бројот на верници на будизмот е во постојан раст во Кенија[11]. Во Кенија живеат повеќе од 1000 будисти. Будизмот е исто така една од најбрзите растечки религии во земјата[12]. Главниот будистички храм се наоѓа во престолнината Најроби.[13]

Друга помала религија во земјата е бахајството, која во 1990-тите години учествувала во националниот здравствен проект во заедницата, вклучително и вакцинирање, одржување на тоалети и развивање извори на чиста вода.[14][15]. Во земјата бахајството било донесено преку мисионерство на три лица: Ричард Барбе Бејкер, кој направил свои мисии помеѓу домородното население[16], Енох Олинга кој патувал во Кенија служејки во британскиот кралски армиски едукативен корпус и Маргарет Престон која во 1945 година дошла во земјата како членка на Националното духовно собрание на Обединетото Кралство од 1939 до 1945 година[17]. Според проценките, се претпоставува дека во земјата живеат околу 429,000 бахајци[18].

Нерелигиозни[уреди | уреди извор]

На пописот од 2009 година, 922.128 луѓе се изјасниле дека немаат никаква религија[2]. Оваа бројка зазима 2,4% од вкупниот број на население, што ја прави оваа група поголема од групите кои се пријавуваат како традиционалисти, хиндуисти или друга религија. 61.233 или 0,2%, објавиле дека не ја знаат својата религија. Постои стигма против луѓето кои се атеисти во земјата[19][20]. Анкетата на Gallup спроведена во 2012 година открива дека 88% од Кенијците се сметаат себеси за религиозни, 9% се сметаат за нерелигиозни, додека 2% се дефинираат како убедени атеисти, поставувајќи ја Кенија во првите 10 верски популации во светот[21].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Pew Research Center's Religion & Public Life Project: Kenya"
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Wycliffe Ambetsa Oparanya (31 August 2010) 2009 Population & Housing Census Results во Wayback Machine (archived 10 August 2013). Ministry of State for Planning. knbs.or.ke
  3. Table: Christian Population in Numbers by Country. Pew Research Center: Religion & Public Life. DECEMBER 19, 2011. Retrieved: 7 February 2017.
  4. ENTHRONEMENT OF BISHOPS IN KENYA - MAY 2016. Pravoslavie.ru (St. Barnabas Orthodox Mission Kenya). May 16, 2016.Retrieved: 7 February 2017.
  5. „Facts and Statistics“, Newsroom (LDS Church), 1 January 2012, конс. 2013-03-09  |chapter= ignored (помош)
  6. LDS Meetinghouse Locator.Latter Day Saint Facilities.
  7. Orthodox Wiki: Makarios (Tillyrides) of Kenya
  8. Johnstone, Patrick; Miller, Duane (2015 г). Believers in Christ from a Muslim Background: A Global Census. „IJRR“ том  11: 14. https://www.academia.edu/16338087/Believers_in_Christ_from_a_Muslim_Background_A_Global_Census. посет. 20 ноември 2015 г. 
  9. Al-wayi.org
  10. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. конс. April 2, 2014. 
  11. „Home Page | Nairobi Buddhist Temple“. nairobibuddhisttemple.org. конс. 2015-11-10. 
  12. „How's Buddhism spreading in Africa?“. dharmalib.net. конс. 2015-11-10. 
  13. „Special Events And Spiritual Programs At The Nairobi Buddhist Temple | Nairobi Buddhist Temple“. nairobibuddhisttemple.org. конс. 2015-11-10. 
  14. WCC > Member churches > Regions > Africa > Kenya“. World Council of Churches. (2008). World Council of Churches. (посет. 6 април 2008 г)
  15. US State Department (2007). „Background Note: Kenya“. The Office of Electronic Information, Bureau of Public Affair. конс. 2008-04-06. 
  16. Universal House of Justice (1986). In Memoriam. XVIII. Bahá'í World Centre. Table of Contents and pp.619, 632, 802–4. ISBN 0-85398-234-1. http://bahai-library.org/books/bw18/800-825.html. 
  17. Effendi, Shoghi (1981). The Unfolding Destiny of the British Baha'i Community. London, UK: Baha'i Publishing Trust. стр. 231. ISBN 978-0-900125-43-0. http://reference.bahai.org/en/t/se/UD/ud-689.html. 
  18. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. конс. 2009-07-04. 
  19. The rise of atheism in modern Kenya“, Daily Nation (посет. 5 јули 2013 г).
  20. Why We Don't Believe In God“, The Star (посет. 23 август 2013 г).
  21. „GLOBAL INDEX OF RELIGION AND ATHEISM“ (PDF). конс. 10 October 2013.