Религија во Гамбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Гамбија (2012)[1]
Религија процент
Муслимани
  
95,7 %
Римокатолици
  
4,2 %
Останати
  
0,2 %

Религијата во Гамбија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 95.7% од населението се муслимани а 4.2% се христијани според ''CIA factbook''.

Членовите 17, 25, 32, 33 и 212 од Уставот гарантираат за заштита при слободата на религија[2]. Член 60 од Уставот забранува формирање политички партии кои се формираат врз религиозна основа[2].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Гамбија
Црква во Гамбија
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ислам во Гамбија.

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија[3]. Суфистичките редови се молат заедно во заеднички џамии[3].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Гамбија.

Се проценува дека 4,2% од населението е христијанско, а помалку од 1% ја имаат старата традиционална религија. Христијанската заедница, која се наоѓа главно во западниот и јужниот дел на земјата, е претежно римокатоличка, но исто така има и неколку протестантски групи, вклучувајќи ги и Англиканите, Методистите, Баптистите, Адвентистите и.т.н.[3]

Останати[уреди | уреди извор]

Во земјата постои и мала група следбеници на бахајството и на хиндуизмот[3].

Права[уреди | уреди извор]

Мешаните бракови меѓу муслиманите и христијаните се честа појава.[3]. Во некои области, исламот и христијанството се практикуваат со африканската традиционална религија[3]. Постојат неколку атеисти во земјата[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Africa :: GABON“. CIA The World Factbook. 
  2. 2,0 2,1 „Gambia's Constitution of 1996 with Amendments through 2004“ (PDF). Constitute Project. конс. 25 May 2016. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 International Religious Freedom Report 2007: Gambia. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.