Религија во Бенин
Религијата во Бенин има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е најзастапена религија во Бенин, со 42,8% од вкупното население. Според пописот на населението на Бенин од 2002 година, 27.1% се католици, 24.4% муслимани, 17,3% вуду, 10,4% протестанти, 5,3% се од други христијански деноминации и 15,5% од другите религии[1][2].
Во земјата постојат христијански и муслимански приврзаници на африканската традиционална религија во земјата[3]. Поголемиот дел од овие приврзаници живеат во јужниот дел на земјата, додека значителен дел од африканската традиционална религија има и во северниот дел[3]. Муслиманите се најмногу застапени во северниот и југоисточниот дел на земјата. Христијаните се распространети во јужниот дел, особено во Котону, економскиот главен град на земјата.[3] Во земјата не е невообичаено членови на едно семејство да го практикуваат христијанството, исламот, африканската традиционална религија, или комбинација од сите религии[3].
Религии
[уреди | уреди извор]Традиционална религија
[уреди | уреди извор]Меѓу најпознатата практикувана африканска традиционална религија во Бенин е Вуду, кој потекнува од оваа област на Африка[3]. Други африкански традиционални религии кои се практикуваат се Ориша (во провинциите Атакора и Донга) и Тадо и Бенинско Вуду во градот Вида.
Христијанство
[уреди | уреди извор]Христијанството за првпат во Бенин пристигнало во 1680 година, но во најголем дел се распространило до 19 век. Англиканските Методисти во земјата пристигнале во 1843 година. Повеќе од половина од сите христијани во Бенин се католици[3]. Католичката хиерархија во Бенин се состои од Архиепископијата на Котону (вклучувајќи ги епархиите во Абомеј, Даса, Локоса, Порто Ново) и Параку (вклучувајќи ги епархиите на Џугу, Канди, Натитингу и Н'Дали). Во земјата постојат 440 свештеници и 900 религиозни лица[4]. Други христијански групи се Баптисти, Методисти, Пентекостици, Црква на Адвентистите од седмиот ден, Црква на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, Јеховини сведоци итн.[3] Голем дел од христијаните ги практикуваат старите традиционални религии[3].
Ислам
[уреди | уреди извор]Муслиманите според пописот на населението се 24,4% од вкупното население во земјата. Исламот како религија во земјата бил донесен од народот Хауса. Речиси сите муслимани се придржуваат на сунитската гранка на исламот[3]. Освен тоа постојат и неколку шиитски муслимани кои во земјата се доселиле од Блискиот Исток[3]. Во земјата е присутна и муслиманската заедница Ахмадија, која во 2006 година отворила џамија во Бенин. Мал дел од муслиманите ги практикуваат старите традиционални религии[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 2017-06-28.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-18. Посетено на 2017-06-28.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 International Religious Freedom Report 2007: Benin. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- ↑ Houngnikpo, Mathurin C.; Decalo, Samuel (2013). Historical Dictionary of Benin. Rowman & Littlefield. стр. 94. ISBN 0810871718. Посетено на 28 July 2015.
|