Прејди на содржината

Вуду

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вуду-церемонија во Хаити

Вуду, исто така познат како водун во Бенин и водоу во Хаити — име кое се применува за сродни религии и култови кои свој корен имаат во анимистичко-спиритистичка традиција во Западна Африка.

Корените на вуду може да се најде помеѓу Фон-Еве народот на Западна Африка, во земјата која денес се вика Бенин, а некогаш била позната како Кралство Дахомеј, каде Водун претставува национална религија со повеќе од 7 милион следбеници. Името доаѓа од зборот водун кој во јазикот на народот Фон-Еве означува духови. Покрај Фон и дахомејските традиции кои останале во Африка, се развиле сродни вуду-традиции во Новиот Свет, како резултат на транслантската трговија со робје.

Освен бенинскиот, Водун и сродните култови можат да се пронајдат во Того, Гана, Доминиканска Република, Порторико, Куба, Бразил, Хаити и на Зелено'ртски Острови. На американскиот континент дошло до спојување на вуду-традицијата со католицизмот. На Куба, Фон-традициите ги нарекуваат La Regla Arara, додека во Бразил меѓу бившите робови овие традиции еволуцирале во Jeje Vodun.

Вуду како мотив во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Вуду“ (англиски: Voodoo) — песна на американската рок-група „Бади каунт“ (Body Count) од 1992 година.[1]
  • „Вуду луѓе“ (Voodoo People) — песна на британската група „Продиџи“ (The Prodigy) од 1994 година.[2]